• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Лидија Георгиева, Оливера Штакоска и Моника Алексовска најдобри на FWSK според Stylist

Од stylist @StylistMKD · На април 10, 2014

Mодната асоцијација и онлајн-магазин Stylist.mk вторпат по ред ги избра најуспешните на Моден викенд-Скопје (FWSK). Главната награда, за најдобра колекција на деветтото издание на Моден викенд ѝ ја доделуваме на етаблираната креаторка Лидија Георгиева, за линијата „Допир“. Признанието за најнадежен дизајнер овој пат го добива Оливера Штакоска, за својата дебитанска колекција Lace. За најдобра манекенка тимот на Stylist.mk ја прогласува Моника Алексовска, од модната агенција „Подиум“. Како и претходниот пат при оценувањето на колекциите клучни беа конципирањето и реализацијата на модната приказна, доследното следење на инспирацијата и кохерентноста во колекцијата, личниот дијалог со автентичниот израз  и осмислувањето на самотото претставување. Статуетката за најдобра колекција специјално за ова издание на „Stylist.mk наградите“ ја направи архитектата и дизајнерка на накит Александра Шекутковска. Наградата за најнадежен дизајнер ја создаде Јасмина Главинче, која работи под брендот за накит WIZART, а уникатното признание за најдобра манекенка го изработи Глигор Кузмановски. Наградите на победниците ќе им бидат врачени в петок (11 април) во 21 часот, во скопскиот локал „Концепт 37“.

 

lidija1

За најдобра колекција на деветтото издание на „Моден викенд-Скопје“, Stylist.mk ја прогласи „Допир“ на Лидија Георгиева, доследна на својот креативен универзум, со еден поглед наназад кон своите првични инспирации, направи исчекор нанапред. Таа претстави спој на шари, разновидни силуети, плетиво, богатство од бои, везови, уникатни модни додатоци од метал, а сè заедно „допрено“ од крилјата на ангелот кој се манифестира во главниот принт застапен во колекцијата. Забележавме добро скроени приказна, реализација, стајлинг, музика и претставување со мини перформанс, кои се базираат на посебната инспирација и енергија што дизајнерката ја прикажа на овој FWSK. Веројатно ова е најдобрата колекција на Лидија Георгиева откако по 20-тина години модниот Париз го замени со родното Скопје.

 

olivera stakoska

Наградата за млад дизајнер оди кај Оливера Штакоска, најголемото изненадување и неочекувано освежување на ова издание нa FWSK. Дизајнерката од Битола сосема ненаметливо ја претстави својата дебитанска колекција „Тантела“ и ја одушеви  публиката со хипи приказната во тантела, бохо-поетичното расположение и осовременетото прикажување на ретро стилови од 70-тите години.

 

monika aleksovska

Моника Алексовска од модната агенција „Подиум“ е манекенката што ни го украде вниманието на модните ревии и перформансите со своето држење, грациозен од по пистата и лице што може да ги краси насловните страници. Се појави на повеќе ревии на Моден викенд-Скопје и покажа дека самоуверено владее на пистата. Моника веќе некое време работи како манекенка, но предвидуваме дека нејзиното време допрва доаѓа.

FWSKStylist.mk наградиЛидија Георгиевамлад дизајнерМоден викенд-СкопјеМоника Алексовсканајдобар моделнајдобра колекцијаОливера Штакоска
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • sarastoi моден монитор

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics