• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Stylist.mk на ревијата на Вивиен Вествуд во Будва

Од Снежана Јаначковска-Богдановска · На јуни 3, 2014

Модата говори со универзалниот визуелен јазик, па затоа секогаш се потврдува како најефикасниот промотор на една земја. Имајќи го тоа на ум, градот Будва како своевиден вовед во сезоната,  веќе втора година по ред e домаќин на моден настан од највисок калибар

 vivienne westwood (15)

Дека модата е најдобриот магнет за елитниот туризам им беше повеќе од јасно на надлежните во Црна Гора кои оваа година традиционално по втор пат се потрудија да постават високо нивелиран моден настан во веќе интернационало препознатливиот туристички топоним, градот Будва. И додека минатата година беше тоа колекцијата на питкиот Роберто Кавали,  оваа година организаторите заинтригираа малку поинаку па ги вложија сите свои напори во оваа се повеќе антиципирана туристичка дестинација да ја претстават легендарната работа на симболот на британската авангарда и еден од највлијателните дизајнери во светот денес – Дамата на Британската империја, Вивиен Вествуд.

 vivienne westwood (8)

-Ваквите организации се сериозна одговорност и преговорите не течат ниту лесно ниту едноставно. Мора да се исполнат сите строго поставени барања, но желбата  да преку најубавиот можен начин се афирмира сиот потенцијал на нашата земја ги прават исплатливи сите напори- изјави за Stylist.mk, Оливера Милачиќ, директниот „виновник” и главниот одговорен за ова случување, кое безрезервно е поткрепено од Туристичката организација на градот Будва, Општината на градот и „Бока Груп” како главен спонзор на  настанот.

vivien kolaz1

Напорот очигледно се исплати и покрај тоа што ја немавме привилегијата, заедно со сите присутни да ја видиме Вивиен на крајот на ревијата (иако до крај сите потајно се надеваа), но привилегија беше и самата можност моделите со овој потпис кои веќе беа презентирани на последната Париска модна недела да бидат доживеани овој пат непосредно, исто како и дел од архивските, иконични парчиња. Но можеби најголема привилегија од сè беше ексклузивната презентација со која всушност и се отвори целото шоу: најавата на пред капсулната колекција за пролет 2015 од линијата Gold lebel.

vivien kolaz01

Колекцијата, која е раскошна и елегантна експресија на Вествуд-жената, ја црпе инспирацијата од архетипската женствена, но моќна препознатлива силуета. Играјќи си со структуралната линија на рамената од фустаните од 17 век, и грчката тога, во колекцијата се видливи цветни принтови на свилените жакари, нагласени леопардови принтови на жакар и геометриски риги  на тешките свили. И тука уште еднаш останувате занемени пред фактот колку свежо и инспиративно и понатаму Мадам Вивиен  може да остане доследна  во третирање на сопствената инспирација.

vivienne westwood (2)

Бидејќи  целиот овој настан е една наменска, а со тоа и сосем поинаква презентација од вообичаените сезонски пласирања на колекции, и целиот овој концепт беше пригоден и замислен како презентација на наследсвото на брендот – од новосезонската колекција до ретроспективата на дизајните, заедно со испорака на неизбежната порака за општествена одговорност, постојаниот ангажман на уникатната дизајнерка.

vivienne westwood (6)

Така во меѓу просторот помеѓу иднината и минатото беше вметнат модниот филм со наслов Red Shoes на режисерката Лорна Такер во кој носечки лик е моделката Лили Кол. Филмот е инспириран од истоимената приказна  на Ханс Кристијан Андерсен и е дел од кампањата на Вивиен Вествуд за подигање на еколошката свест за климатските промени.

vivienne westwood (5)

Големото пак финале беше ретка можност да се види селектирана ретроспектива на „Вивиен Вествуд Couture“ и машката линија. Започнувајќи со последните колекција за пролет-лето 2014 на линијата Gold&MAN и минувајќи низ изминатите сезони, овој дел од ревијата ги прикажува рециклираните Couture изработки од син памук, нежните плетенини и металик комбинезони заедно со „Индијанско лето”, машки костуми. Украсените корсети инспирирани од 17 век, вечерните фустани со пердуви во меки тонови од сиво и морнарско и рубин црвените „Офелија” свилени фустани.

Kaкои и  секогаш венчалниот фустан го заокружува севкупното доживување но  овој пат не и онака како што беше премиерно прикажан . Дополнително „пригодно” за приликата вметнатиот корсет сепак малку ќе го омекне впечатокот.  Но затоа пак  сосем ви е јасно дека севкупниот впечаток за силината и потентноста на единствениот и уникатен вонвременски Вествуд исказ е вреден  за секоја секунда од Вашето внимание.

Публиката не го крие одушевувањето од сознанието за ретката можност да се биде дел од ексклузивната случка – задоволство кои некои од вкупните привилегирана, 440 на број, си го дозволија за цена од 150 во погорните до 300 евра во првите редови. Тоа е уште една карактеристика со која овој настан ќе добие поинаква нота, бидејќи и составот на публиката соодветно на пригодата е поинаков од вообичаените прикажувања на сезонските колекции.

vivienne westwood (23)

Отсуството на примарните купувачи и анимирачките блогери, како и култните модни критичари, но доминатното присуство на ВИП гости, ликови од естрадата , политичкиот и од финансискиот живот, дипломатскиот кор и привилегиран број на новинари од регионот, ќе создаде малку поинаква модна (повеќе гламур од колку стајлиш) атмосфера во шаторот кој за настанот беше специјално подигнат до ѕидините на прекрасниот Стар град. Сега на организаторите им преостанува само следната година да обезбедат уште поголем предизвик за модно гладната публика.

vivienne westwood (11)

vivienne westwood (12)

Gold&MANRed ShoesStylist.mkБританијаБудваВивиен ВествудВивиен Вествуд CoutureекомодаИндијанско летоЛили КолЛорна ТакерОфелијаревијаРоберто КавалиСтар градХанс Кристијан АндерсенЦрна Гора
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics