Познатата лондонска галерија и музеј Tate Modern се проширува со нова модернистичка градба што ќе биде отворена во јуни 2016 година, со што галерискиот простор ќе се зголеми за 60 проценти. Новата зграда што ќе се припои на јужната страна на постоечката галерија е дело на архитектите Херцог и де Меурон, а проектот веќе се смета за еден од најважните нови културни згради во Велика Британија по новата зграда на Британската библиотека отворена во 1998 година. Новата зграда на Tate Modern ќе овозможи нов простор за изложување уметност, за одржување перформанси и поставување инасталации, потоа за едукативен центар и место за социјализирање и релаксирање. Tate Modern се отвори во 2000 година во старата централа Бенксајд, и за кратко време стана најважниот изложбен простор за современа уметност во Велика Британија и еден од најпосетуваните музеи во светот.
Нема коментари