Се сеќавате кога минатата сезона пишуваме за едно палто од брендот „Зара“ што стана толку популарно што доби и свој Инстаграм профил!? Епа истото палтенце се врати во понудата на „Зара“ и за сезоната пролет 2017, сега подновено во нова црвено-бела верзија. И да, повторно го има насекаде и оваа сеозна, што и понатаму може да се забележи на Инстаграмовиот профил That Coat и на објавите со ознака #thatcoat. Ова палтенце го има и во скопската продавница на „Зара“ и чини 3.999 денари. Еве како се носи креацијата оваа пролет.
Нема коментари