Со победа во осум категории, вклучувајќи ја и главната-за најдобра драмска серија „Приказната на слугинката“ триумфира на доделувањето на престижните телевизиски награди Emmy. Елизабет Мос ја освои наградата за најдобра женска улога, а нејзината колешка од истата серија Ен Дауд- за најдобра според на улога. Најдобар актер во драма е Стерлинг К. Браун за серијата „Ова сме ние“, додека во категоријата за споредни улоги Emmy доби Џон Литгоу за „Круната“.

Елизабет Мос и Ен Дауд добија награди за улогите во „Приказната на слугинката“
За најдобра комедија е прогласена Veep, чија ѕвезда: Џулија Луис-Драјфус по шести, рекорден пат го освои признанието за најдобра женска улога. За најдобар актер во комедија е прогласен Доналд Гловер за „Атланта“. Наградите за споредни улоги во комедија отидоа во рацете на двајца актери од Saturday Night Live- Алек Болдвин и Кејт Мекинон.

Најдобрите изведи бо комедии: Џулија Луис-Драјфус и Доналд Гловер
Проектот на HBO: „Големите мали лаги“ триумфира во категоријата за најдобра лимитирана серија или филм. Дури тројца нејзини актери добија награди: Никол Кидман (најдобра женска улога), Александер Скарсгард (најдобра споредна машка улога) и Лора Дерн (Најдобра споредна женска улога). Актерот Риз Ахмед победи го категоријата за најдобра машка улога во лимитирана серија или филм за улогата во The Night Of.

Тројца актери од серијата „Големите мали лаги“ добија награди : Никол Кидман, Александер Скарсгард и Лора Дерн
Наградата за најдобар ТВ филм ја доби : Black Mirror: San Junipero, најдобро реално шоу е The Voice . Уште еден историски момент беше победата на Рид Морано -првата жена што добила награда за режија во изминатите 22 години на Emmy. Водител на церемонијата беше комичарот Стивен Колбер.

Најдобри драмски изведби во мачка категорија имаа: Стерлинг К. Браун , Џон Литгоу и Риз Ахмед

Наградите за споредни улоги во комедија отидоа во рацете на двајца актери од Saturday Night Live- Кејт Мекинон и Алек Болдвин

За најдобра комедија е прогласена Veep

Проектот на HBO: „Големите мали лаги“ триумфира во категоријата за најдобра лимитирана серија или филм

Рид Морано -првата жена што доби награда за режија во изминатите 22 години на Emmy

Водител на церемонијата беше комичарот Стивен Колбер
Нема коментари