Дваесетина дизајнери на современ накит од Македонија и регионот ќе учествуваат на првото издание на саемот за накит и модни додатоци „Накит викенд 2016” што ќе се одржи од 7 до 9 октомври во центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, Скопје. На листата на дизајнери-учесници се : Александра Шекутковска со URB CLV, Биби Клекачкоска со BIP ART, Јасмина Главинче, Марта Пејоска, Нина Нинеска со MODULAR, Јана Ацевска со KAPKA Jewelry , Александар Пешевски со MIGHTY JEWELRY, Виктор Павлов, Атанас Костантинов со ARTEFAKTI, Симеон Шомов, Зора Романска, Катерина Сербезова со SERENDIPITY, Ангелина Цветкова, CURLY LAB, GULCH, Студио Глина, JtDot, REdesign21 и BOWTIE wooden style.

На саемот ќе гостува и дизајнерката на модни додатоци од Бугарија, Зора Романска
Селекцијата на изложувачи ја направи стручното жири во состав Јана Ацевска, Александар Велиновски и Маја Лалиќ според следните критериуми: оригиналност, концепт, иновативно користење на материјали, комбинација на нови и стари технологии и техники, изработка на производите, продажен потенцијал. Настанот, кој е во организација на „Јавна соба“ и KAPKA Jewelry ќе биде збогатен со дополнителни активности (предавања, презентации и друштвени активности). За сите посетители влезот е бесплатен.

Александра Шекутковска со URB CLV

Биби Клекачкоска со BIP ART

Јасмина Главинче

Марта Пејоска

Нина Нинеска

Јана Ацевска со KAPKA Jewelry

Александар Пешевски со Mighty Jewelry

Виктор Павлов

Атанас Константинов со Artefakti

Симеон Шомов

Катерина Сербезова со SERENDIPITY

Ангелина Цветкова

CURLY LAB

GULCH

Студио Глина

REdesign21

JtDot

BOWTIE wooden style
Нема коментари