Некогашната пејачка, сега почитувана дизајнерка, Викторија Бекам, ги повика идните њујоршки креатори да ја создадат нејзината следна линија на чевли. Сопругата на Дејвид Бекам, која минатата недела ја промовира својата нова колекција на Модната недела во Њујорк, за време на престојот во САД го посетила факултетот за дизајн, Parsons, каде што на студентите им откри дека планира да лансира линија на чевли. На 800-те млади креативци им рекла дека тоа било следен, логичен чекор во нејзината модна кариера.
-Ако тука има дизајнери на чевли, ве молам, дојдете да се видиме-им рече таа на студентите.
Нема коментари