• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
патувања-дестинации 0

ВЕРА ЈАНЧЕВ: Истанбул секој ден ме маѓепсува и изненадува

Од Ана Несторовска · На мај 5, 2014

„Истанбул не престанува да изненадува и на моменти да шокира колку е разнолик, огромен и космополитски… По точно една година живеење и нон-стоп шетање,  секогаш  наоѓам нови места за посетување и го гледам секојдневно дека буквално ми расте пред очите и не запира!“
Со овие зборови македонската дизајнерка на накит,  Вера Јанчев,  ја почнува својата приказната за турската метопола. Без големи очекувања, со желба за нови животни искуства, минатата година со својот сопруг ги спакувале куферите и од Скопје заминале во Истанбул. Тој за нив спонтано прерасна во нов дом, место за нови спомени и град во кој минатата недела се роди нивното прво дете. Со Вера искомунициравме преку интернет во последните денови пред на свет да го донесе синчето. Беше видно расположена да нè запознае со Истанбул надвор од туристичките понуди, од свој агол.
- Благодарение на мојот вреден сопруг и неговата желба да гради интернационална кариера, а и неговата упорност да ме убеди на таков авантуристички скок, заминавме во Истанбул. Имавме премалку време за одлучување, но бидејќи и двајцата бараме предизвик и сакаме да одиме напред, ги спакувавме во куфер храброста, непредвидливоста и желбата за нови искуства и заминавме… Да бидам искрена, Истанбул никогаш не ми бил дури ни желба за да сакам да го посетам. Отсекогаш сум сакала да шетам и живеам некаде во Франција, Италија…и учев англиски, италијански, француски и германски јазик и сега излезе дека треба да учам турски. Имав само два месеци да поднаучам нешто пред да заминеме за Истанбул. Немав некои посебни очекувања од градов, но имав многу предрасуди. Првиот ден ми беше најтежок, се почувствував некако сама… Сум патувала сама низ многу градови низ Европа, но ова ми беше некако поинакво искуство, знаев дека тука сум на подолго и морам да му дадам шанса на градов.  Постепено се опуштив, читав многу за градов, се снаоѓав некако да стигнам од едно место до друго, си задавав нови цели да се мотивирам да шетам и веќе вториот месец веќе можев да давам упатства каде да се оди и што има интересно да се види, дури и на луѓе кои живеат тука подолго. Со сопругот за време на викендите и празниците шетавме на подолги растојанија, научивме да го користиме јавниот превоз, поднаучивме малку турски, почнаа да не отпоздравуваат турците од локалната продавничка, веќе си имавме наш кројач, фризер, слаткар…а Турците имаат многу сличности со Македонците, како на пример табиетот, отвореноста, дрдорливоста, инаетот-раскажува Вера.

Знаменитостите како Аја Софија, Сината Џамија, Топкапи, Долмабахче се посетуваат во еден здив и на прво доаѓање

 >> Кое е нејголемото изненадување што ти го приреди градот?

- Чудно, но градот функционира со сите свои контрадикторности. На пример ако мислите дека во Скопје нема сообраќајна култура, дојдете во Истанбул и ќе видите каков предизвик е да се вози кола или да се биде пешак! И уште поневеројатно е како функционира тоа буткање, лактање, мислење дека сите имаат предност… Но од друга страна, кога почна да се забележува моето бремено стомаче, луѓето во јавниот превоз ми отстапуваа место и ниту еднаш не ме оставиле да стојам сеедно дали во метро, автобус, минибус, трамвај…смешно ми беше кога ми нудеа храна, ми се смешкаа, ми носеа столчиња…навистина имаат осет за бремени жени, старци и инвалиди.

 >>Беше ли тешко да се прилагодиш и колку ти се промени животниот стил, а  на што сè уште не можеш да се привикнеш?

-Всушност јас сум многу прилагодлива како личност и за брзо време се адаптирам на средината. Човек мора да биде и оптимист. Јас верувам дека заслужувам да имам убав и интересен живот и така си се местат настаните, јас само малку ги поттурнувам. Да не беше така, ќе си седев во Скопје и ќе си мислев дека тоа е тоа и дека не може да биде подобро. Да не бидам погрешно сфатена, Скопје е мој град и секогаш ДОМА ќе ми асоцира на него … ми беше удобно место за живеење, но навистина верувам во тоа дека животот е прекраток за да се идентификуваш со еден град.    Не се знае каде ќе нè одведе патот со мојот сопруг, сега за сега Истанбул ни го нуди предизвикот кој ни треба и на двајцата, ни го збогатува секојдневието и е бескрајно интересен, бидејќи нуди за секого по нешто, само треба да му се даде шанса да си ги покаже најубавите бои.

Трговскиот центар Кањон е честа дестинација на Вера

 >>Во кој дел од градот живеете и по што е познат тој кварт?

-До пред некое време живеевме во Ѓултепе, во Левент. Имаше еден куп продавнички, ресторанчиња со домашна и брза храна, фурни со постојано тазе леб, слаткари…и речиси пред зграда имаше пазар. Интересно е тоа дека секоја населба си има ден во неделата кога спојуваат по неколку улици и нудат сè и сешто: овошје, зеленчук, риба, облека…Но искрено мене малку ми пречеше постојаната гужва и врева, па се преселивме во помирно маало. Сè уште сме во Левент, но Етилер е квартот каде што живееме сега со сопругот. Многу е помирно, но бидејќи ја сметаат за поелитна населба, сè е поскапо. Инаку, Левент е бизнис -населба, тука им се банките, има многу добра поврзаност со останатите делови од Истанбул. Во околината има многу трговски центри (Кањон, Метросити, Акмеркез, Зорлу, Сафир, Асторија…)

Мисир чаршијата маѓепсувам од бои, шаренило, ароми, зачини од цел свет, миризливи чаеви, вкусни локуми

 

>>Кои ти се омилените места и на кои најчесто се навраќаш?

-Уф, ги има многу! Бебек е населба покрај море, елитна, со дотерани млади луѓе кои си пијат кафе во омилените кафулиња, со многу укотвени јахти покрај брегот, на паркинзите има Бентлиња, Масерати, Ферариња…можеш да одмориш во паркот кој гледа накај морето, да јадеш вафли, да седнеш во некој рибен ресторан…но сепак јас секогаш седнувам во еден ресторан/слаткарница – „Бајлан“, стар и со долга традиција. Толку ми е опуштена атмосферата, колачите се сите вкусни и тазе, во комбинација со кафенце, со сребрен прибор за јадење, убаво музиче, поглед кон морето. И како времето да стои. Тоа е познато место во кое од секогаш доаѓале познати турски уметници, глумци, писатели…а мене лично ме импресионираат бабите, редовни гостинки, дотерани, со отмено држење…се фаќам како се загледувам во нив и им се восхитувам, а сопругот коментира: ете бабите знаат каде има најубави колачи :)    Убаво е да се прошета и во Нишатнаши, софистицирано маало, со тесни улички, место во кое има излози на брендови како „Прада“, „Шанел“, „Фенди“…да се грицне макаронс- колачиња од „Ладуре“, да се посети шопинг центарот Сити… Не помалку убава е и азиската страна од Истанбул. Омилена улица ми е Багдат, долга неколку километри, со многу ресторани и продавници со секакви брендови.  Во Мисир чаршијата  (Египетски пазар или пазар на зачини) се маѓепсувам од бои, шаренило, ароми, зачини од цел свет, миризливи чаеви, вкусни локуми…аххх тоа место…не е големо колку Капали Чаршијата, ама мене секогаш ме зашеметува!  Морам да признаам дека не им ја поднесувам музиката! Забавна, народна…се ми звучи како завивање! Но редовна сум во ТЦ Кањон, кога има џез-концерти и не ми пречи да пеат на турски и веќе ги препознавам турските џез -музичари и си се препуштам на музичето… Ми се допаѓа дека во Истанбул во текот на целата година насекаде има секакви форми од цвеќиња и нон-стоп ги одржуваат.  Да не почнувам за парковите! Преубаво се уредени со сезонско цвеќе, лулашки, фонтани, слободно протрчуваат верверички и прелетуваат папагали (од врстата Александар). Секоја година градот организира Фестивал на лалето и буквално низ цел град има лалиња од секаков вид и боја! А најмногу лалиња има во Емирган (паркот на лалињата). 

Гладните гости најчесто ги носат во во ресторанот „Махал“

>>Кога ти доаѓаат гости од Македонија, во кој ресторан најчесто ги носиш и зошто?

-Најатрактивни за гости се рестораните со поглед на Босфор, а такви има премногу. Гладните гости ги носиме во трговскиот Кањон (во ресторанот „Махал“, бидејки има многу убаво пилешко со печурки и помфрит прелиен со кашкавал, „Нум Нум“ бидејќи има убави бургери…), и во еден локален рибен ресторан каде јадеме најубаво подготвена риба Чупра. Интересно е да се посети „Сафир“ (највисоката зграда во Турција), кадешто може да се седне во ресторанот и да се ужива во глетката над цел Истанбул преку сеир терасата како што се вика и да се ужива во 10-минутното симулирано летање со хелихоптер над поважните знаменитости на Истанбул.

Најатрактивни за гости се рестораните со поглед на Босфор

 >>Турција е позната по богатата и вусна кујна, дел од рецептите се применуваат и кај нас, па  кој е специјалитет, јадење  или вкус го откри за време на животот во Истанбул?  Колку нови рецепти научи и ги применуваш во секојдневната исхрана со сопругот?

-Истанбул има неверојатен избор на домашно приготвени јадења, но и на брза храна. Ретко кога готвам по турски рецепти, освен рецептот за турска супа од црвена леќа. Многу почесто купуваме готвени јадења како: лахмаџун, гозлеме, гавурда (салата од патлиџани, кромид, ореви, магдонос и прелив од калинка), пиде (тие самите го викаат турска пица, но нас повеќе не потсетува на пастрмајлија, но многу тенка), вафли, баклави, компир, ќoфте, балк екмек (сендвич со салата и риба), школки полнети со ориз…и мнооогу други јадења. Најинтересно е кога ние Македонците коментираме: еј и тие имаат сарма…или, еј и тие викаат јуфки…и уште за многу други јадења (и воопшто зборови). Да, вистина, петвековното турско ропство си пуштило многу корени во нашето поднебје. До сега ниту еден Турчин не се намрштил при споменувањето на мојата земја, Македонија. Напротив, реагираат: ааа Македонија! :)

Неверојатен избор на домашно приготвени јадења, но и на брза храна

 >>Колку често ги посетувате кафулињата и има ли некое во кое се чувствуваш најпријатно?

-Најпознати се кафулињата на Таксим, таму има и отворени тераси, кафулиња со жива музика. Интересна е и Француската уличка…но сепак ние некако ги одминуваме Таксим и Истиклал, заради протестите кои се случуваа. И некако се навикнавме дека со кафе задолжително оди колаче,  па најчеста станица ни е „Кафе Дуњаси“, каде што чоколадото е вистински вкусно и неодоливо, па додека го јадеш колачето, размислуваш кое следно да го пробаш. :)

Во „Кафе Дуњаси“ чоколадото е вистински вкусно и неодоливо, па додека го јадеш колачето, размислуваш кое следно да го пробаш

>>Иако станува збор за земја со долга традиција, сепак Истанбул е развиена метропола со модерна архитектура…Кои делови од стариот гред те одушевуваат, а што од новата слика за Истанбул?

-Знаменитостите како Аја Софија, Сината Џамија, Топкапи, Долмабахче…се посетуваат во еден здив и на прво доаѓање. Но Истанбул е преголем град за кој и по една година не можам да кажам дека сè знам, сè сум видела. Сега имаме и автомобил, па одиме и на подалечни дестинации од градот кој излегува на две мориња. Значи има и плажи, гратски и преполни, и модерни и потешко достапни. Овие вториве беа поатрактивни за нас, на нив дење можеш да уживаш, да се излежуваш, да си пиеш пивце и да слушаш убаво клаберско музиче. А навечер на истите тие плажи се организираат и журки. Понатаму, Адалар се острови до кои се стигнува со брод и се на 20км оддалеченост од Истанбул.  Забранети се моторни возила и главен превоз се кочии и велосипеди. Куќите се интересни, дворовите убаво уредени…

Младите во Турција се во тек со светските модни трендови

>>Каква е модата на улиците на Истанбул? Како луѓето се носат во споредба со останатиот дел од Турција, а како во споредба со Скопје?

-Зависи во кој дел од Истанбул ќе се најдеш. Има модерни населби, населби со повозрасна група на жители, квартови во кои има винтиџ-продавнички (во Џихангир), продавници за висока мода, трговски во кои се нуди сè и сешто, аутлети…Шамиите се носат некаде повеќе, некаде помалку. Има и многу арапски туристи и дојденци од внатрешноста на Турција кои се шетаат целосно покриени…има секакви спротивности во модата и начинот на изразување. Ахх во споредба со Скопје? Не е за споредба, бидејќи цела Македонија со 2 милиони не може да се спореди со Истанбул (кој има според некои 15, според други 20 мил. жители). Тука владее шаренило, од  најмодерно, до најдемодирано. Ако веќе правиме споредба, Истанбул е голем колку растојанието од Скопје до Охрид, па разбирливо е од каде потакнува таа голема шареноликост. Често знаеме да се нашалиме дека Истанбул е толку голем што веројатно временската прогноза и зона се различни од еден крај до друг:)

Низ целиот град има цветни насади

 >>Колку оваа мода влијаеше на тебе , што прифати од модниот имиџ на овој град?

-Па единствено што прифатив е поголемиот избор кој се нуди низ продавниците, а тоа само ми помогна да го надградам сопствениот стил, но не и да го променам.  Имам омилени продавници во кои по достапна цена можам да купам дизејнерски парчиња. Тука навистина има неверојатен избор на квалитетна облека, обувки и модни додатоци. Турскиот памук е одличен, а Турците ги форсираат своите брендови и производи.

Трговскиот центар „Сафир“ е највисокиот објект во Истанбул

>>Во градот се наоѓа највискиот трговски центар, а има десетици молови снабдени  со дел од најпознатите модни брендови? Каде најчесто пазарат облека  Турците, а кое е твоето омилено место за шопинг?

-Па да, „Сафир“ е највисоката зграда во Турција, но освен што е трговски, тој е и бизнис центар. Иако има неколку спратови со продавници, сепак во шопинг смисла на зборот, Истанбул нуди многу поголем избор на продавници во останатите трговски центри кои ги има буквално на секој чекор! Само во мојата населба изброив 6! Турците пазарат секој според можностите. Јас во секој трговски си имам свои продавници, во кои знам што можам да очекувам, бидејќи моловите се преголеми за да влезеш во секоја продавница поединечно.

 >>Колку се цени дизајнерската облека?

-Во градов живеат мултимилионери, се возат скапи автомобили, продавниците нудат скапи часовници, има излози кои ти го запираат здивот. Еднаш во Истиние Парк (Трговски центар во населбата Маслак) видов сред бел ден како во продавницата на Ралф Лорен е поставен црвен ќилим, на вратата стои батлер со послужавник на кој има шампањ, а пред вратата позираше една постара госпоѓа, светкаа блицеви од сите страни, она беше дотерана од глава до пети во custom made haute couture облека, и целата сцена потсетуваше како на некој филм со Софија Лорен. Си помислив, ахх животот е убав за тие што имаат толку пари…

Вера направи мала пауза од дијзан на накит поради бременоста

>>Колку се купува рачно изработен уникатен накит?

- Баш би сакала да го испитам ова, бидејќи и самата се занимавам со филигранство. Но го одложив изработувањето на накит поради бременоста, бидејќи сепак работам со хемикалии.

 >>Постои ли некое дизајнерско/модно катче околу кое се собираат љубителите на модата во Истанбул?

- Веројатно, но уште не сум запознала многу луѓе тука. Јас на пример уживам да одам во Музејот на Современа Уметност (Истанбул Модерн) каде има проекции на филмови, изложби и на крај лезетски да си изедам едно убаво колаче на терасата која гледа на Босфор :)

На крстарење на Босфор

>>Какво е искуството со народот таму, стекнавте ли нови пријатели?

-Па менталитетот на Турците многу потсетува на македонскиот. Пријателски се настроени, дрдорливи…но ми пречи што голем процент не зборуваат друг јазик освен својот, па упорно зборуваат на турски, а ние со сопругот се фаќаме себеси како ги разбираме дури и кога ќе се разборат, па со раце, со нозе се разбираме некако и има некаква комуникација. Запознавме едни Бугари со кои ни тргна муабетот од старт:) А си контактираме и со нашиот конзул во Истанбул.

 >>Дали и колку често се враќаш во Македонија и што ти недостасува од тука?

-Според печатите во пасошот, забележав дека секој месец сум била во Скопје:) Во последно време заради бременоста и бебето на пат, ќе се смени малку ситуацијата. Но како што реков погоре, Скопје си е мој град и секогаш ќе му се враќам, бидејќи таму ми се сите најмили роднини и пријатели. Во Скопје душичката ми доаѓа на место, е тоа ми фали…во секое време да излезам ќе најдам некој познат. Иако сум интровертна личност, сепак ми недостига пиењето кафе со Еми во „Ли“, пицата со мама во „Балила“, трачарењето со Маја и Наде, да си ги соберам сестра ми со другарките на домашно тирамису…

Често посетува џез-концерти

Аја СофијаАкмеркезАсторијаБајланбаклавибалк екмекБебекБосфорвафлиВера ЈанчевЃултепеЕгипетски пазарЕтилерЗорлуИстанбулИстиклалќoфтеКањонКапали ЧаршијатаКафе ДуњасикомпирЛевентМетроситиМисир чаршијатаНишатнашиНум НумПрадаСафирСитиТаксимТурцијаФендиШанел
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • Beti JK - George калеидоскоп

    Чартер лет од Скопје до Ларнака: Нов предизвик за летото 2023 до прекрасниот остров Кипар

  • 0 патувања-дестинации

    Магичниот Royal Mansour во Маракеш

  • goodtime-pharrell-williams-david-grutman (2) патувања-дестинации

    Хотелот The Goodtime на Фарел Вилијамс во Мајами – среќно место што ја следи естетиката на градот

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics