• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
од 9 до 5 0

Даниела Милошеска преку Bastet Noir поттикнува еко-мода

Од Катерина Трајановска · На јануари 3, 2014

Основачката на брендот и интернет продавницата Bastet Noir, Даниела Милошеска, е една од оние деловни девојки со малку поневообичаена професија за нашиве простори. Со дипломата за претприемништво и магистерската за моден и луксузен менаџмент ја започнува успешната приказна за првата онлајн-продавницата што ги поддржува балканските дизајнери кои што практикуваат еколошки начин на производство. Таа развива моден бренд, поттикнува еколошка мода, се ангажира околу македонските дизајнери кои продаваат на адресата bastetnoir.com и сето тоа најмногу се случува во интернет просторот. Оттаму, компјутерот е нејзината подвижна канцеларија. Нема работно време од 9 до 5 часот што обично важи за канцелариската работа, туку се вложува секојпат кога има потреба, понекогаш од утро до мрак. И нејзиниот деловен моден стил е надвор од рамките на строг класичен деловен изглед и најчесто е зависи од природата на состанокот и од соговорникот. Со Даниела зборувавме за нејзиниот бизнис, како изгледа еден нејзин работен ден, за соработниците и дизајнерите со кои работи, а на почетокот зборувавме од каде интересот за мода кој подоцна го претворила во бизнис.

-Од секогаш сум сакала облека и луѓе кои знаат да искомбинираат едно исто парче на различни начин. Помислата на тоа дека сè што е потребно да изгледаш поинаку е само малку имагинација, а не прекумерен шопинг е нешто што секогаш ме фасцинирало, пред сè затоа што долго време бев убедена токму во спротивното. Бизнис делот беше последица на спојот меѓу практичното и убавото.

Голем број современи жени работат од дома, а компјутерот им е мобилна канцеларија (Фото: Stylist.mk)

>>Какво образование стекна и колку го аплицираш во работата?

-Завршив претприемништво и магистерски за моден и луксузен менаџмент. Моето образование е главен виновник за тоа што го работам денес. Меѓутоа, има многу работи кои не те учат на факултет, без разлика колку и да е престижен. Образованието е подлога која ја добиваш, а најважното нешто се самите контакти кои ги остваруваш за време на твоето студирање. Имав среќа да запознаам многу луѓе во текот на моето студирање кои константно ми помагаат во мојата работа денес. Некои од најважните работи за остварување на успешен бизнис можат да се научат само преку истражување и работа. Една од најважните нешта кои те учат на факултет е тоа дека за да успее еден бизнис потребна е константна промена и добар тим. Никој никогаш не успеал сам.

На Bastet Noir засега се продаваат креации на Ивана Кнез, Бобан Илиевски од Chic Undercowear, Бранка Данчевска, Горан Костовски – IndOg, Ирина Тошева и Маја Кикириткова (Фото: Stylist.mk)

>>Раскажи ни ја приказната за Bastet Noir, зошто се одлучи токму на еколошка мода и на онлајн шопинг…

-Додека студирав моден и луксузен менаџмент, за првпат се запознав со терминот еко-мода и оддржливост на истата. На почетокот бев голем скептик околу начинот на кој се пропагира еко модата. Бев голем поборник против тоа луксузните брендови да не користат крзно и кожа, затоа што верував дека нивната филозофија е заснована токму на нивната понуда на егзотични кожи и на ретки крзна. Меѓутоа како што навлегував во самата суштина на работата, така сè повеќе сфаќав дека тоа што големите модни куќи го прават е експлоатација не само на животните, луѓето, туку и на самата животна средина. Профитот кој го задржуваат за себе доаѓа со висока цена. Затоа почнав да работам во Лондон за непрофитната организација Ethical Fashion Forum, па така сфатив дека многу бизниси се обидуваат да се навратат на она што со текот на годините го изгубиле, вистински допир на индивидуалност и грижа кон своите клиенти и вработени. Сакав едноставно да создадам нешто и да допринесам за развојот на оваа индустрија. Затоа главната цел на Bastet Noir е токму еко-модата. А на прашањето зошто онлајн, единствено затоа што нашиот концепт и таргет маркет е странскиот пазар.

>>Како изгледа еден твој работен ден?

-Почнувам со работа од 9 часот со кафе нормално, читање на мејлови и одговарање на истите. Во зависност од тоа на што работиме во текот на денот така и се одвива. Јас сум задолжена за креативниот процес и главно маркетингот. Имаме соработничка која работи посебно само на промоција и реализација на кампањи и девојка која работи ПР за Македонија. Еднаш неделно имаме состанок на кој разговараме околу тоа што сме постигнале и кои се целите за таа недела. Доброто е тоа што ниту еден ден не е сличен на претходниот, а лошото е тоа што понекогаш завршуваме со работа во 8 или 9 навечер. Имам среќа што тимот со кој работам е професионален и доста исполнителен, сите сме главно млади и ентузијасти што е доста важно за успехот на една компанија.

Работниот ден на Даниела започнува во 9 часот наутро со читање и одговарање на мејлови, а зависно од обрвските може да трае и до 21 часот (Фото: Stylist.mk)

>>Опиши го твојот моден стил?

-Искрено немам некој посебен стил на облекување. Ретко кога следам трендови и го купувам само она што ми се допаѓа. Сакам удобна облека, природни материјали и патики. Обожавам патики. Заљубена сум во бохо-стилот, па доста често носам долги здолништа и фустани, а зимава омилени ми се плетените широки џемпери во комбинација со кратки здолништа со висок струк. Сакам необичен накит, а фаворит ми се големите прстени.

>>Според тебе како треба да изгледа една модерна деловна жена?

-Затоа што во мојата работа е дозволен било каков стил, немам посебен модел за тоа како треба да изгледа една модерна деловна жена. Единствено што мене ми пречи е строг класичен изглед. Иако тие жени изгледаат доста привлечно и атрактивно, сепак мислам дека нема некоја посебна креативност во тој стил. Се разбира дека некогаш околностите не дозволуваат поинаков начин на облекување. Мојот деловен стил во голем дел зависи од состанокот и мојот соговорник.

Заљубена е во бохо-стилот, па често носи долги здолништа и фустани (Фото: Stylist.mk)

>>Од што се состои твојот деловен стил?

-Како што реков немам конкретен деловен стил. Кај нас сè е дозволено, како за мене така и за вработените. Креативноста е секогаш добредојдена, а експериментирањето е задолжително.

>>Брендови  и дизајнери што заслужуваат твоја почит? 

-Од странските дизајнери особена почит имам кон Карл Лагерфелд, Роксанда Илинчиќ, Улијана Сергеенко, Никола Вудс, Хенриета Ладгејт, Николај Божилов. Од македонските, нормално тие што ги нудиме на bastetnoir.com, девојката позади брендот Design & berries, Тони Матичевски и Ристо Бимбилоски. Од брендовите ги сакам Alexander McQueen, Valentino и Chanel, како и Free People и Babushka Boutique.

>>Со колку дизајнери во моментов соработуваш?

-Во моментов соработуваме со 6 дизајнери, а од крајот на јануари, почеток на фебруари, планираме да вклучиме уште најмалку двајца.

>>Најзначајните моменти од работата на Bastet Noir?

-Еден од најзначајните моменти е вклучувањето на нашата кампања што ја лансиравме на Indiegogo во важни медиуми како Yahoo Finance News, Bloomberg News и New York Business Journal. Исто така горди сме на тоа што сме членови на најголемата мрежа за еко-мода Ethical Fashion Forum. Пред извесно време нашата приказна беше дел и од ноемвриското издание на Fault Magazine. А најгорди сме на тоа што веќе имаме интернационални клиенти кои купуваат на нашиот сајт.

>>Како изгледа твоето работно катче?

-Компјутерот е мојата мобилна канцаларија.

>>Следен чекор е…

-Редизајн на самата веб страна, лансирање на транспарентност на самите продукти, се разбира доколу ни успее кампањата на Indiegogo, и секако нови дизајнери. Планираме следната година да лансираме и производи кои ќе бидат под наш сопствен бренд.

Главната цел на Bastet Noir е еко-модата (Фото: Stylist.mk)

Bastet NoirДаниела Милошескаинтернет продавницамакедонска модамакедонски дизајнери
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • tatjana-loparski-epr од 9 до 5

    ТАТЈАНА ЛОПАРСКИ: Животен баланс, себенадградување и љубов кон работата клучни за професионален успех

  • 16 sk од 9 до 5

    ЉУПКА НАУМОВСКА: Деловниот стил повеќе зависи од карактерот отколку од професијата

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics