Елегантен женски костим од подобела ткаенина, сако од твид, ролки и тенки џемпери во комбинација со миди и молив-здолништа, еднобојни чизми, но и салонки и ниски мокасини кога температурата дозволува, бели кошули во спој со позимски парчиња, капути во неутрална нијанса, деликатен накит и добро структурирана чанта се базата на деловниот изглед во зима. Во професионалниот свет во кој постојат строги деловни правила, најдобро е да се избере класичен бизнис изглед, но секако да се вметнат трендовски елементи – оваа сезона тоа се широки панталони со класичен крој и висок струк, плетен елек врз кошула, плетен или трикотажен фустан и миди плисирано здолниште. Боите нека бидат смирени и загасити, шарите ситни, кроевите едноставни, облеката без нападни принтови и без непотебни украси и светки.
Нема коментари