Леопардовите точки отпечатени на облеката се дел од женската гардероба со децении, уште од првата модна ревија на Кристијан Диор во 1947 година. Овој смел дезен повторно е тренд оваа сезона есен-зима 2024, го среќаваме на различни парчиња облека, а највпечатливо изгледа кога е на зимските капути. Еве неколку примери како да го вградите леопардовиот капут во вашите есенски и зимски комбинации – со фармерки, ролки, дуксери, патики или чизми за полежерен изглед. Романтична нота ќе добиете ако леопард-капутот го облечете со женствена блуза или фустан. Добро се слага со елегантни широки панталони, кошула и сако. Иако самиот животински принт е максималистички, може да го носите во минималистички манир, односно кога акцентот е само на капутот, во микс со едноставна црна облека и само со додатоците што ви се потребни како чанта и обувки. Леопардовата шара добива нов ефект кога се носи со додатоци во некоја интензивна боја, како на пример со црвени чевли или со зелена чанта.
Нема коментари