• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

FWSK: Евгенија Зафировска со Black Feedback повика на будење на еко-свеста

Од Ана Несторовска · На ноември 2, 2016

ena-zafirovska-na-fwsk-2

Еко-освестена мода, заштита на животната средина и рециклирањето во светски рамки заземаат сè поголем замав и се дел од програмите на повеќето модни куќи и дизајнери. Вчера, на последната вечер на 14-тото издание на Моден викенд, видовме дека има потенцијал за еко-будење и на нашата модна сцена. Со танцов перформанс, гас-маска, парадирање на велосипед и употреба на рецикирани материјали младата дизајнерка Евгенија Зафировска покажа храброст и созреаност на светско ниво. Нејзината еко-колекција Black Feedback  успеа да ги спои корисното и убавото, и со рециклирани парчиња да создаде носливи креации кои, иако имаат трендовска нишка, носат потенцијал за безвременост.

ena-zafirovska-na-fwsk-1

Евгенија Зафировска покажа дека има потенцијал за еко-будење и на нашата модна сцена фото: Ани и Дими

Во линијата се согледува нејзиното чувство на одговорност за ресурсите што ги користи и влијанието на нејзините активности на планетата. Ова чувство на одговорност е присутно во оваа колекција. Black Feedback е спој на haute couture и prêt-à-porte. Ваквата комбинација е сè повеќе актуелна, прави необични комбинации на стилови: монтка во замена на капут за официјални прилики- луксузна удобност.

ena-zafirovska-na-fwsk-3

Black Feedback е спој на haute couture и prêt-à-porte фото: Ани и Дими

-Во креирањето го вклопувам мојот карактер, идеите и ставот. Се стремам кон тоа секој дизајн што ќе го изработам да е уникатен, неповторлив и секако вистинското модно парче е безвременско. Тоа е она што ме води, црвената нишка во мојата креативност. Додека студирам имам различни периоди и за среќа имам време за експериментирање, така и го менувам начинот на работа. Истражувам, експериментирам не се плашам од предизвик, напротив се поголем предизвик ми е кога ќе ми кажат дека материјалот не е соодветен за изработка. Зачувувањето на животната средина е глобален проблем. Како дизајнер пробувам да апелирам на тоа. За секое парче од колекцијата,  се прашував што треба да се направи оваа облека да биде поодржлива. Тоа е постојан напор да се подобрат дизајните и да траат подолго. Во потрага сум по нови начини за моделите да бидат поодржливи како што се чувствувам одговорна за ресурсите што ги користам и влијанието на моите активности на планетата. Ова чувство на одговорност е присутно во оваа колекција. Во колекцијата се појавуваат материјали што навидум не се спојуваат. Последните две колекции ги изработувам од поливинил. Работата со поливинил не е толку едноставна. Подолг период ми беше потребен да го истражам материјалот, да најдам начин да го вклопам во колекцијата и на крајот сум задоволна. Мојата работа е да не облекувам само модели, но жените воопшто. Она што е неверојатно е да се види како една жена, станува се поубава и сигурна во себе кога ќе облече нешто несекојдневно. Иако се од рециклиран материјал на прв поглед тоа и неможе да се примети. Сите парчиња од колекцијата се носливи- ни изјави Зафировска во неодамнешното интервју за stylist.mk.

ena-zafirovska-na-fwsk-4

фото: Ани и Дими

По дипломирањето на Факултетот за дизајн во Љубљана продолжи на магистерски студии во Словенија. Со дипломската работа беше дел од учесниците на регионалниот конкурс ,,Young Balkan Designers 2016,, под слоганот Ново аналогно на Миксер Фестивал во Белград. На ,,Podobe casa,, -Биенална изложба беа избрани два нејзини проекти, и беше дел од изложбата во Љублјана- Цанкарјев Дом изложба на Друштво Дизајнери во Словенија (ДОС). Целта на изложбата е да се покажат најдобрите достигнувања и решенија во областа на дизајн од почетокот на формирањето на ДОС до денес и да го оживее сеќавањето од најпознатите приказни на времето што поминало. Друштвото Дизајнери во Словенија, дејствува повеќе од шеесет години, искуството и знаењето го дели со помладата генерација на дизајнери. Учествувавше и на Месец на дизајнот 2015 во Љубљана, неколку пати на БАФЕ во Белград, како и на изложбите-Mind The Gap, St. Andra Avstria, Ravne na Koroskem во Словенија, Heimtextile во Frankfurt…

Black FeedbackFWSKЕвгенија Зафировскаеко-модаеко-свестЕна ЗафировскаМоден викенд-Скопјерециклирани материјали
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics