• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

НИКОЛА ПЕТРОВСКИ: Линијата Moments of Pleasure ќе ја изненади модната публика

Од Снежана Јаначковска-Богдановска · На октомври 15, 2014
nikola2

Фото: Димитар Петровски

Ако последната колекција на дизајнерот Никола Петровски за сезоната есен-зима 2014/15 беше инспирирана од љубовта и оживеана во позагасита колор палета, а таа пред неа во живописен силен колорит со цветни мотиви, новата, која очекуваме да ја видиме на претстојниот Моден викенд -Скопје ќе остане загатка сè додека манекените не зачекорат на пистата. Овој пат дизајнерот од Битола, кој бележи речизи две децении работа на македонската модна сцена, одлучи да не открива никакви детали околу колекцијата, веројатно во намера да ја зголеми љубопитноста кај публиката. Фактот дека претставува колекција една сезона однапред, што не е така вообичаено во наши услови, како и тоа дека неговите колекции се однесуваат на машките конзументи подеднакво како и на женските, дополнително ги разгорува очекувањата.

Креација од новата колекција за пролет-лето 2015  модел: Рене („Подиум“)

-Можам да откријам само дека новите модели ќе бидат претставени со моден перформанс 26 октомври во салонот на „Ауди-Порше Македонија“. Името на колекцијата е Moments of pleasure и се однесува на сезоната пролет-лето 2015. По промоцијата на Mодниот викенд- Скопје на пролет, традиционално, ќе биде претставена и на Битолската модна недела. Bо меѓувреме ќе биде изработена и фотосесија за истата-вели Петровски, кој минатиот месец направи фотосесијата за актулената, есенска колекција, во соработка со младиот битолски фотограф Владимир Видановски, која својата ексклузивна промоција ја имаше токму на Stylist.mk.

Од фотосесијата за колекцијата есен-зима 2014 Фото: Владимир Видановски

Во неговата досегашна работа, стилот кој тој го дефинира како женствен и елегантен и за кој вели дека е постојан одраз во неговите дизајни, постојано се надоградува, па ако на почетокот кај него тоа беше дива, бунтовничка со изразена сексуалност и транспарентни материјали, јаки бои и необични дезени , денес веќе може да се забележи софистицираност и елеганција на филмска дива. Одговорот за тоа во кој правец тоа ќе биде насочено и со каква инспирација поткрепено во новата колекција ќе го добиеме на Модниот викенд, кој ќе се одржи по сесетти пат.
-Модниот викенд-Скопје со своето постоење допринесе во многу за афирмацијата и промоцијата на македонските модни дизајнери. Оние кои веќе работеа, создаваа и се претставуваа самостојно (јас прикажував по една или две колекции на модни ревии веќе од 1996 во Битола) им ги доближи на многу поширока публика, но и привлече и натера да создаваат и многу млади дизајнери кои најдоа место каде да ја промовираат својата работа-вели тој.

nikola kolaz1

Сегменти од пролетната колекција за 2015

Петровски со моден дизајн се занимава 19 години и исто толку се претставува најмалку еднаш годишно со ревија пред битолската публика, а како најзначајни моменти во градење како креатор ги издвојува специјализацијата во Софија и тамошното претставување, потоа работата во фабриката за трикотажа „Пелистер“ од Битола и учествата на МОДЕСТ, создавањето на Битолската модна недела и учество на Модниот викенд – Скoпје. Деновиве се престави и на Месецот на дизајн во Љубљана.
-Учеството на Месецот на дизајн Љубљана 2014 со уште неколкумина други македонски дизајнери, како дел од  „Brands&Signs”-интернационална изложба на производи и моден дизајн/избрани брендови од југоисточна Европа за мене преставува остварување на дел од плановите кои ги најавив минатата сезона за преставување надвор од локални рамки.

nikola

Никола Петровски зад сцената Фото: Александар Буневски

Владимир Видановскиесен-зима 2014/15македонски дизајнериМоден викенд-СкопјеНикола Петровскипролет-лето 2015
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • sarastoi моден монитор

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics