• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Македонски дизајн на „Скопје креатива 2017“

Од stylist @StylistMKD · На април 24, 2017

skopje kreativa

Неколку модни и дизајнери на предмети ќе се претстават на шестото издание на фестивалот на креативни индустрии „Скопје креатива“ што од 4 до 6 мај ќе се одржи во МКЦ, во организација на Конгресен центар Александар Македонски и Град Скопје. Нела Тодорвска, Драган Христов, Елена Диновска Зарапчиев, Моника Станојковска, Андреј Миневски, Сара Реџиќ и други ќе претстават модни парчиња, релјефи, лампи и други предмети.

„Мулти-фан-акција” е насловот на проектот на Нела Тодоровска, а претставува мултифункционални прототипи на облека и акцесоари. Мултифункционализмот е во идејата за инвестиција во едно парче облека што може да се носи на повеќе начини. Имајќи во предвид дека светот е во брзање, сите некаде трчаат, облеката треба да стане мултифункционална. Оваа облека може да ви овозмножи повеќе, со многу помалку. Кога патуваме секогаш ни треба повеќе простор, па после ни наплатуваат повеќе за багаж. Или пак сме на работа, факлтет и после тоа сакаме да одиме на коктел, на роденден со децата, на театар, но никогаш немаме време за пресоблекување. Со оваа облека за неколку секунди добиваме нов аутфит. Ново парче облека во зависност од потребата. Со вртење или пак одвојување на парчето добиваме нов изглед во целосен различен ансамбл. Суштината на сево ова е дека во ниеден случај не може да се претпостави дека се работи за истото парче облека– вели авторката на колекцијата под назив „Mariguccha”.

Mariguccha

Предности на мултифункционалната облека се што заштедува место во гардаробер и во багаж, се штеди време и пари, а покрај тоа колекција е еко-пријателска. Ќе бидат изложени: наметка на која може да се отстранат ракавите и да се добие елек, кој воедно може да се носи и како фустан преку ден, туника што има ракави, а ракавите се врзуваат околу половина и се добива нов фустан со различни асиметрични линии, мантил што би се носел од двете страни и со отстранувње на крагњата се добива фустан со долг ракав, чанта што ќе се носи како ранец, бубреже или пак како елегантно плико.

Делото „Светлосна врска” на Елена Диновска Зарапчиев, графичка дизајнерка, се состои од изработка на лампи. Инспирацијата лежи во геометријата и најсовршените елементарни геометриски фигури, во овој случај триаголник.

Elena Dinovska Zarapciev

-Со мултиплицирање на триаголниците се добиваат многу нови форми, кои се користат како абажури и се изработени од високо квалитетен медијапан. Во најновата колекција има повеќе модели и тоа столни лампи на ногарки и висечки лустери. Лампите имаат минималистички дизајн и создаваат aтипичен амбиент бидејќи креираат бесконечна игра на сенки и придонесуваат за дополнителна топлина во просторот – вели Диновска Зарапчиев.

„Imperfections” е насловено делото на Драган Христов, моден дизајнер. „Несовршености” или „грешки” е насловот на најновата колекција на македонската модна етикета „Лудус”.

LUDUS_photo_Ana Marija Radosavljevik

-Таа ја разработува темата на најразлични нивоа, идејни и формални, применувајќи техники прибрани од различните сфери на модата, кондензирајќи ги во совремемен унисекс продукт – вели Христов.

Сара Реџиќ се претставува со женска облека, со уникатни и необични креации, изработени од природни материјали.Секое парче представува посебна приказна. Наменети се за ведри и смели девојки што имаат изграден стил.

Sara Redzik

Свое претставување ќе има и „Макондино дооел”, кој прави спој на современа технологија и ракотворење. Ова креативно производствено друштво, основано во 2015 година во Скопје, ќе изложи декоративни часовници, рамки за слики, магнети, табли, модни додатоци, промотивни производи, кои се само дел од палетата.

- Со помош на ласерската технологија секој производ се расекува во вид на сложувалка, и понатаму рачно се обојува, декорира и се составува до краен производ. Изработката е од дрво, шпер плоча, МДФ, филц и други природни материјали, а за боење се користат исклучиво еколошки производи – вели Моника Станојковска од „Макондино”.

На „Скопје креатива” ќе има и т.н. „поп-ап продавница” на „Артист3ДХ ДООЕЛ”, производствено друштво за применета уметност, основаново во 2017 г. Изработуваат декоративни рељефи за ѕид, иконостаси, рекламен материјал (промотивни производи), макети, уникатни предмети што имаат примена во ентериерот, скулптури од железо, дрво, гипс, полиестер и др.

-На фестивалот ќе изложиме декоративни рељефи за ентериер, рачно изработени, моделирани и лиени. Рељефите ќе бидат со флорални мотиви и мотиви од секојдневниот живот – вели Андреј Миневски од „Артист3ДХ ДООЕЛ”.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics