Откако луксузниот моден бренд на почетокот на годината откри само мал сегмент од новата реклама, сега не информира за целосната кампања за пролет-лето 2014. Кога се правеше кастингот „Гучи“ посака нови манекенкски лица, па во рекламата се појавуваат релативно непознати модели, Аманда Велш и Елизабет Ерм како новите заштитни лица на женската колекција, а Лук Штејт и Томасо ди Бенедиктис како модели на машката колекција. Рекламната кампања е збир на заводливи фотографии направени од Мерт и Маркус, фотографското дуо кое се чини работи незапирливо на најзначајните модни проекти во последнава сезона, а креативното водство е на Фрида Џанини, главната дизајнерка на „Гучи“. Моделите позираат пред црвен ѕид и без никакви реквизите, бидејќи целта е гледачот да се фокусира на облеката и нејзините детали. А облеката, иако е со спортски рефернци, таа е сензуална, луксузна и гламурозна.
Нема коментари