• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Наградени најдобрите на Trash Fashion 2015, средношколците прикажаа креативност во создавање мода од отпад

Од stylist @StylistMKD · На јуни 4, 2015

trash fashion 2015

Петтото јубилејно издание на Trash Fashion Macedonia кое ги обединува средношколците од цела Македонија во модно шоу со кое на креативен начин се одбележува Светскиот ден на животната средина ја преполни вчера дансинг салата во Младинскиот културен центар во Скопје. Младите креативци од 45 средни училишта прикажаа креации направени од редизајнирани материјали од одпад и покажаа дека активно учествуваат во заложбата за подигање на свеста за заштина на животната средина и прифаќањето на еколошки вредности во секојдневното живеење.

Stylist.mk веќе втора година соработува со ОХО и манифестацијата Trash Fashion, а оваа година во својство на член на жирито беше Катерина Трајановска, која што заедно со Катарина Штрокер, заменик-директор на Швајцарската агенција за обнова и развој и Андреј Георгиевски, моден дизајнер и костимограф на ТВ серијата „5+“, гласаше за победниците на модната ревија. Жирито првото место го додели на креацијата Teenage Nike – The goddess of Freedom, корсетиран фустан од килограм стари весници во комплет со крилја од опаковки од смоки, тетрапак и чипс, дело на тимот од „Интернационалното средно училиште“ од Скопје. Големо внимание привлече второнаградениот тим од училиштето „Неготино“ од полошкото село Неготино кој се претстави со „Класична облека“, односно машки костум, кошула, елек и вратоврска комплетно изработени од хартиени вреќи. Драматична креација со кринолина од пластични шишиња направија третопласираните од училиштето „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка. Тие за моделот „Приказна за милионите шишиња“ употребија 200 пластични шишиња, како и пенкала, жетони, сложувалки, линијари, боици и друг школски прибор за креирање наметка.

Prvo mesto

Прво место – Teenage Nike – The goddess of Freedom на „Интернационалното средно училиште“ од Скопје

Во своите креации вредните средношколци вметнаа различни материјали и предмети од отпат, како салфетки, амбалажи, црни пластични кеси, јутени вреќи, капачиња од лименки, гуми за џвакање, стари телефони и тастатури. Покрај трите главни награди жирито изгласа и уште седум креации, со што топ-10 моделите во петок, на 5 јуни, одат на аукција во Швајцарска амбасада. Собраните средства од аукциската продажба ќе бидат наменети за фондот за своите училишта.

На вчерашниот настан во МКЦ освен модната ревија на средношколците настапија танчерите од студиото Brake a Leg, како и учениците од МБУЦ „И.Н. Луј“ кои исполнија четири песни. Во духот на манифестацијата дел од инструментите на кои настапуваа младите музичари беа направени од стаклени тегли, пластични шишиња како тропалки, маткалки за јајца, со посебно внимание на паапфонот, ксилофон од пластични цевки на кој се удира со удира со апостолки.

Trach Fashion Macedonija 2015 е во организација на „Здружението на граѓани ОХО,“ и е дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,“ која се реализира во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за образование и наука на Република Македонија, а се оддржува по повод 5-ти јуни – Светскиот ден на животната средина.

Vtoro mesto

Второ место – „Класична облека“ од училиштето „Неготино“ од полошкото село Неготино

Treto mesto

Трето место – „Приказна за милионите шишиња“ од училиштето „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка

Del od revijata

Хартиени салфети, заштина мрежа и копчиња се дел од материјалите што средношколците употребија во своите креации

Trash Fashion MacedoniaTrash Fashion Macedonia 2015модна ревијаОХО
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics