• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Албер Елбаз си оди од модната куќа „Ланвин“

Од stylist @StylistMKD · На октомври 29, 2015

Alber Elbaz taking a bow at the Lanvin RTW Spring 2016 show.

Дизајнерот чии женствени и драпирани креации ја претворија старата модна куќата „Ланвин“ во една од најважните во Париз, повеќе нема да биде нејзин креативен директор. Албер Елбаз ја оживеа куќата основана од Жана Ланвин и стана еден од најомилените и најуспешните ликови во модната индустрија. По 14 години поминати во „Ланвин“, израелскиот дизајнер објави дека одлуката да си замине од челната дизајнерска позиција била заедничка со сопственикот на модната куќата. Всушност, повеќе извори тврдат дека заминувањето е резултат на честите судири меѓу Елбаз и менаџментот на куќата.

елбаз пролет 2016

Креации од последната колекција за пролет 2016

„Во ова време на моето заминување од „Ланвин“ на одлука на мнозинскиот акционер на компанијата, би сакал да ја изразам мојата благодарност и топли мисли на сите оние кои страстно работеа со мене на заживувањето на „Ланвин“ во текот на последните 14 години. Сакам да ја изразам мојата љубов кон сите мои прекрасни колеги во ателјеата на „Ланвин“ кои беа покрај мене и збогатија и поддржаа мојата работа. Заедно го исполнивме творечкиот предизвик од страна на „Ланвин“ да го обновиме сјајот на куќата и да ја вратиме на нејзиното вистинско место меѓу француските луксузни модни куќи. Исто така би сакал да ја изразам мојата најдлабока благодарност кон сите клиенти и пријатели, кон францускиот и странскиот печат и кон сите деловни партнери кои соработувале со „Ланвин“, обезбедувајќи поддршка од 2001 година до денес. На куќата „Ланвин“ ѝ посакувам иднина каква што заслужува меѓу најдобрите француски луксузни брендови, и се надевам дека ќе ја пронајде бизнис-визијата за вистинскиот пат за напред“, вели Елбаз во неговото соопштение.

natalie-portman-600x450

Натали Портман во модели на Елбаз за „Ланвин“

Пред само неколку дена Раф Симонс објави дека си заминува од „Диор“, а деновиве излегоа неколку текстови во високопрофилни медиуми за брзото темпо во модата кое ја уништува креативноста на модните креатори и дека луѓето во модата се едноставно уморни од самата мода, па едно од прашањата кое се поставува е дали треба да се направат драстични промени во корелацијата меѓу дизајнерите и сопствениците на модните брендови и да смени начинот на имплементацијата на корпоративните стратешки планови. Пред само неколку дена Елбаз изјави: „Почнавме како кутуриери, со соништа, со интуиција, со чувство, со мислата ‘Што сакаат жените? Што им е потребно на жените? Што можам да направам на жената да ѝ го подобрам и олеснам животот? Како можам жената да ја направам поубава?’ Тоа е она што порано го правевме. Потоа станавме ‘креативни директори,’ па мора да креираме, но повеќе да насочуваме. Сега мора да бидеме имиџмејкери, да создаваме фама, да внимаваме сè да изгледа добро на фотографија. Сликата треба да вреска. Тоа е правилото. А буката е новата работа.“ Со други зборови креаторите да креираат облека, а не да се оптеретуваат со сите сегменти од имиџот на еден моден бренд. (K.T.)

alber-elbaz-best-looks-lanvin-25

alber-elbaz-best-looks-lanvin-02

lanvin-1preview

alber-elbaz-best-looks-lanvin-14

alber-elbaz-best-looks-lanvin-10

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics