Со цел промоција на афтентичните домашни уметнички занаети и креативни ракотворци, в петок во 11 часот во Старата скопска чаршија, ќе биде отворен продажниот простор „АРТиЗАН“. Новиот центар на занаети се реализира со поддршка на Град Скопје и на МАТА (Македонска Артисанска Трговска Асоцијација). Центарот на занаети од понеделнил до петок ќе работи од 10 до 16 часот, а во саботите од 10 до 14 ч.
МАТА e непрофитна организација основана во Македонија во 2005 година од страна на членовите на локалниот персонал на Aid to Artisans, Inc. (ATA). таа е формирана како одговор на потребата на ракотворците претприемачи за континуирана помош во стратешките области на изградба на капацитети и застапништво при нивниот обид за надминување на структуралните пречки во занаетчиската трговија во Македонија. Целта на МАТА е да го поттикне развојот на занаетчискиот сектор во Македонија и да постигне опипливи социјални промени и придобивки за ракотворците, со давање на помош во развој на производ, излез на пазар и изградба на капацитети.
Нема коментари