На вчерашното доделување на наградите на Британската академија за филмска уметност (BAFTA) за најдобар филм беше прогласен црно-белиот „Рома“ на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон, а кој доби и награда за најдобар филм од неанлиско говорно подрачје. По број најмногу награди доби „Миленичка“ на Јоргос Латимер, британски филм за кралицата Ана, меѓу онаа за најдобра женска улога за Оливија Колман.
Куарон ја доби и наградата за режија, а во актерските категории триумфираа Рами Малек (најдобра машка улога за „Боемска рапсодија“), Рејчел Вајс и Махершала Али за улогите во „Миленичка“ и „Зелена книга“.
На свеченото доделување во Ројал Алберт Хол во Лондон се појави Принцот Вилијам кој е претстедател на BAFTA, а беше во друштво на сопругата Кејт, која носеше креација на Александар Меквин.
Еве и еден поглед на црвениот килим:
Нема коментари