Од 8 до 11 мај, во Паркот на Франкофонијата во Општина Центар, Скопје ќе биде домаќин на првото издание на Скопје Фуд Парк – урбано гастрономско катче на отворено што обединува улична храна, пијалоци, музика и забава за сите генерации.
На едно место ќе се соберат некои од најинтересните улични храни и гастро ентузијасти кои ќе понудат креативни и вкусни деликатеси. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во вкусна храна со придружба на жива музика, диџеи сетови и забавна програма за деца и возрасни.
Скопје Фуд Парк е настан кој промовира урбана култура, локално претприемништво и заедничко дружење преку храната. Поддржан од страна на Општина Центар, фестивалот има за цел да стане традиционален пролетен настан кој го збогатува културниот и социјален живот на главниот град.
Влезот е бесплатен, а добрата енергија – загарантирана.
Нема коментари