• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

Од stylist @StylistMKD · На мај 5, 2025

KV SGF 2025

Шестото издание на Скопскиот Градски Фестивал, што ќе се одржи од 13 до 19 мај, ја продолжува својата мисија да гради културна сцена со јасна уметничка визија и интегритет, преку програма што обединува музика, книжевност и визуелна уметност, спојувајќи домашни автори и изведувачи со уметници од Словенија, Грција и Европа.

-Програмата не е составувана според трендови, туку вредности. Секој артист е избран врз основа на квалитет, оригиналност и контекстуална важност – со цел да создадеме фестивал кој придонесува за културниот идентитет на градот, а не само за неговиот календар на настани“. Очекуваме врвни фестивалски денови кои ќе ги задоволат и нај пребирливите културни сладокусци – велат организаторите од Баги Комуникации.

Фестивалот започнува на 13 мај во Музејот на град Скопје со вечер посветена на Словенија и словенечката културна сцена: поетот и дипломат Милан Јазбец ќе ја промовира својата збирка „Се отвори небото, песни за Магда“, уметницата Магда
Шаламон ќе изложи дела инспирирани од планинскиот пејзаж и поетскиот збор, а Dupljak Village Orchestra ќе понуди концерт во кој традицијата се преработува низ модерен звук.

На 15 мај, во малата сала на Филхармонија, ќе настапат тројца македонски изведувачи чии албуми ги објавува Кроација Рекордс. Code 369, група со препознатлив спој на електроника, поп и етно влијанија, ќе настапи со својот иновативен и енергичен звук.

Мухамед Ибрахими, врвен гитарист и мултиинструменталист со суптилен баланс помеѓу ориентални мотиви и современа амбиентална естетика, ќе понуди интимен музички израз. Иван Кукиќ со Источен фронт го претставуваат кантавторскиот правец со рок интонации и текстови што ја носат урбаната чувствителност на новата македонска сцена.

Следниот ден, на 16 мај, програмата продолжува со грчкото трио Human Touch, едни од најавтентичните и најдолговечни инструментални состави од Грција, чии настапи претставуваат врвна фузија на џез, world музика и медитерански ритми.
По нив, сцената ќе ја споделат Мартин Ѓаконовски, најзначајниот македонски џез контрабасист со меѓународна кариера, чиј стил комбинира виртуозност, зрелост и длабока музичка чувствителност и Роман Бабик, еден од водечките германски џез
пијанисти и композитори, познат по својот моќен звук и инвентивни аранжмани што ја бришат границата меѓу жанровите.

На 17 мај, во Културно информативниот центар – Скопје, публиката ќе има ретка можност за првпат да ја слушне Тања Сонц со нејзиниот квартет, словенечка виолинистка со меѓународна кариера, една од највпечатливите словенечки виолинистки на својата генерација. Таа е позната по исклучителна музикалност, техничка прецизност и сценска суптилност што плени.
Фестивалот ќе биде заокружен на 19 мај во Аудиокултура, каде во 12 часот ќе се одржи промоцијата на новиот албум „Drom“ на грчкиот хармоникаш Thanos Stavridis, проект што ги истражува источномедитеранските и балкански корени низ современа
продукција и музичка елеганција.

Фестивалот е во организација на Баги Комуникации, која преку Скопскиот Градски Фестивал создава простор за квалитетна уметност и поттикнува соработка меѓу домашни и меѓународни автори.

За концертите на 15, 16 и 17 мај влезниците можат да се набават онлајн на платформата МкТикетс.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ културен водич

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics