• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

„Бикини Мун“ на Милчо Манчевски награден на фестивалот во Порто

Од stylist @StylistMKD · На март 5, 2018

Milcho Manchevski

Фантаспорто фестивалот го почести македонскиот режисер со специјална награда на жирито за неговиот најнов американски филм

На 38 по ред Меѓународен филмски фестивал Fantasporto во Порто, Португалија, кој се одржа од 20 февруари до 4 март, во Театро Риволи, најновиот американски филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Бикини Мун“ ја освои специјалната награда од жирито на фестивалот.

Филмот ја имаше светската премиера на 21 октомври на филмскиот фестивал во Сао Пауло во Бразил. Во меѓувреме, премиерно беше прикажан на Фест во Белград, и во сабoтата ја имаше американската премиера на познатиот Синеквест филмски фестивал во Сан Хозе, Калифорнија.

Наскоро се очекува и македонската премиера на филмот.

Bikini Moon poster

По повод американската премиера веднаш се огласи и американската филмска критика, која го дефинираше филмот како: „Во неверојатно брилијантниот филм Бикини Мун, вжештената глума на актерката Кондола Рашад ја воспалува провокативната сторија на Милчо Манчевски, со што филмот резултира во независен филм кој мора да се види на Синеквест.“ и „Бикини Мун ја истражува природната тензија меѓу документарецот кој ја раскажува приказната на својот субјект и документарец кој го експлоатира својот субјект.“, како и „Ова е сосема свежо и оригинално дело на маестрален режисер“.

Понатаму во пишаните критики се вели: „Провокативен и убедлив портрет на една нестабилна жена, која се обидува да го врати во нормала нејзиниот живот. Бикини Мун е провокативен, повеќеслоен лажен документарец, кој ги акцентира најлошите делови на милениумскиот либерализам. Бикини Мун е модерно искуство кое се вклопува во грдоста на нашата воајеристичка култура“.

Od filmot Bikini Moon

Светската филмска критика, непрестано пишува за „Бикини Мун“ го опишува како брилијантен авторски филм, кој деликатно гравитира меѓу фикција и документарното. Бикини Мун е модерна бајка со фасцинатна нарација, веќе позициониран меѓу најдобрите филмови за 2017 година со извонредната актерка Кондола Рашад во главната улога. „Овој вознемирувачки, немирен, саркастичен, заводлив и непредвидлив филм, невозможно е да ве остави рамнодушен„, се вели во дел од бразилската критика и продолжува понатаму „Неговото дело е провокативно, саркастично и иронично, флертува со надреализмот за да ја прикаже реалноста во форма, која никој друг документарец, не успева да го стори толку добро. Бикини Мун е „документарен филм за една бајка“. Тоа не е ни документарен филм, ниту псеудо-документарен филм (mockumentary); тоа е фикшн филм за документарен филм, кој се однесува на екипа документарци, кои ја снимаат реалноста, која се претвора во изненадна урбана модерна бајка. Филмот иницира дијалог за скршени семејства и животот на бездомниците во Америка“ велат критичарите.

Kondola Rashad kako Bikini Moon

Единствен Македонец во филмската екипа, покрај режисерот е композиторот на музиката – Игор Василев Новоградска. Сценариото е на Манчевски и Вилијам Розентал. Во филмот игра фантастичната Кондола Рашад, инаку ќерка на позната американска актерка Филиша Рашад, препознатлива преку популарниот американски ситком од 80-тите години „Козби шоу“. Покрај Кондола, во филмот играат актерите: Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис. Дизајнер на продукција е верниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс, кој има работено буквално на сите досегашни филмски проекти на Манчевски. Директор на фоторафија е Џошуа З. Вајнстин.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • megalopolis филм

    Програма на јубилеи во месец октомври во Кинотека

  • ??????????????????????????? филм

    Свечено доделување на „Златниот објектив” на Столе Попов

  • VREME NA BETON филм

    Премиера на документарниот филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics