• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
црвен килим 0

Лоши копии и пренакитеност на доделувањето на MTV Video Music Awards

Од stylist @StylistMKD · На август 25, 2014
mtv prva slika

Соланж Ноулс во модерен костум, Кети Пери во верзија на џинс-стајлингот на Бритни Спирс и Тејлор Свифт во неочекуван шорц-комбинезон

Впечатливи, но и веќе видени, пренакитени, кич, разголени, сатирични и костимирани беа модните решенија на поголемиот дел од музичките ТВ и филмски ѕвезди на црвениот килим на церемонијата на Видео наградите на „Ем-ти-ви“ што се одржа вчера во Калифорнија. Иако на настанот се појавија повеќе поп-ѕвезди од А-листата, сепак настанот беше преплавен со нови, речиси непознати музички имиња и инстант ѕвезди, сите со желба да бидат уловени од камерите. Утрово светските модни магазини и сајтовите за стил без проблем направија листи со најлошо облечени, додека имаа проблем да соберат барем 10 најдоби модни избори. Сепак има доста модни решенија што ќе се паметат, пред сè поради некреативоста. Меѓу нив имаше лоши копии на веќе видени верзии, како што е случајот со Кети Пери, која имаше обид да го повтори џинс-имиџот на Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк, а Амбер Роуз, која се појави речиси гола со фустан од метални ленти, во кој наликуваше на актерката Роуз Мекгован во 1998 година, или Ријана пред неколку месеци. Други беа критикувани заради очигледната модна ограниченост и избор на креација во каква веќе сме ги виделе, како Бијонсе Ноулс, Џенифер Лопез и Гвен Стефани. Првата во цфрн сирена-фустан со трансперентни делови, втората во расцепкан а ла „амазонка“ модел и третата како вечна тинејџерка во розов комплет од својот бренд L.A.M.B. Трети имаа несреќа да се поклопат со стајлингот на други девојки присутни на настанот, како Ким Кардашјан, која имаше сличен фустан од „Балман“ со манекенката Џоан Смолс. Мајли Сајрус, Џордан Дан и Кендал Џенер синхронизирани избрале црн топ-лента. Иако е млада и има добро тело и долги носе, Тејлор Свифт Претерала со шорц-комбинезонот, со дезен, за кој некои сајтови се ѓегуваат дека личи на хартија за завиткување на поклон, без некоја посебна идеја е и спојот на розовите панталони со корали блуза на Клои Морец. Рита Ора и Деми Ловато избрале безгрешни црвени креации во стилот на златаната ера на Холивуд, носо предлабоки шлицови. Можеби едни од најдобрите решенија беа на Соланж Ноулс, која носеше костум од H&M и црниот фустан со потпис на дизајнерот со македонско потекло Тони Матичевски, што го носепе водителката Рене Барг.

mtv ragoleni1

Раголени ѕвезди: Рита Волк, Амбер Роуз и Џенифер Лопез

MTV kratok top1

Црнт топ-лента беше изборот на Џордан Дан, Кендал Џенер и Мајли Сајрус

mtv ist fustan1

Манекенката Џоан Смолс и Ким Кардашјан во слични фустани од „Балман“. На која подобро ѝ прилега?

mtv crno -koza

Шанел Иман и Бијонсе Ноулс со транспарентни црни фустани

mtv losi pantaloni1

Заменети улоги. Клои Морец како возрасна дама, а Гвен Стефани како тинејџерка

mtv crveno1

Впечатлив црвен фустан е безгрешен избор за Шер ЛОјд, Рита Ора и Демо Ловато

Иги Азалеа, Џеси Џеј, Кеша и Кели Роуланд во долги бели тоалети

mtv klasika

Малку поинаква класика: Џулијан Хју. Нина Добрев, Сар Хајленд и Мишел Вилијамс

toni

Рене Барг во фустан од дизајнерот со македонско потекло, Тони Матичевски

Jeremy Scott2

Џереми Скот во впечатлив жолт костум, со “смајли“ на грбот

mtv maski

Секој во својот (музички) моден свет: Адам Леван, Ед Шеран, Ашер и Сем Смит

Ники Минаж, Арланд Болдвон, Енџел Хејз и Викторија Џастиз

Аријана Гранде, Луси Хејл и Лаверин Кокс

H&MMTV Video Music AwardsЏастин ТимберлејкЏеј ЗиЏенифер ЛопезЏеси ЏејЏоан СмолсАмбер РоузБалманБијонсе НоулсБритни СпирсВидео наградите на Ем-ти-виГвен СтефаниДеми ЛоватоИги АзалеаКели РоуландКендал ЏенерКети ПериКешаКим КардашјанКлои МорецМајли СајрусНики МинажРене БаргРијанаРита ОраРоуз МекгованСоланж НоулсТејлор СвифтТони Матичевскицрвен килим
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1oskar26 црвен килим

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

  • 1 црвен килим

    Оскаровски црвен килим: Од едноставни и елегантни до необични и впечатливи модни комбинации

  • 1 oskari црвен килим

    Од црвениот килим на Оскарите 2023

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics