Всушност Американската академија за филм годинава направи промена и на настанот не се случи големиот црвен килим на кој со часови дефилираат гостите на доделувањето на Оскар, наместо тоа холивудските ѕвезди накратко позираа на помал и беж килим.
„Сè секаде одеднаш“ домираше на годинешните Оскари, филмот е прогласен за најдобар, тројца од актерите победија во актерските награди, а Мишел Јео е првата Азијка која што добила Оксар во категоријата најдобра женска улога. Најдобар актер е Брендан Фрејзер за улогата во „Кит“ со која направи голем камбек во кариерата.
Доделувањето на Оскарите традиционално привлекува внимание поради гламурозните изданија на ѕвездите, во однос на модата видовме бели и црни тоалети, светкави фустани, екставагантни и драматични, но и посмирени и монохроматски изгледи.
Нема коментари