• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Уникатни дизајни на изложбата Design and Wine во CEED Hub

Од stylist @StylistMKD · На февруари 28, 2018

Design and Wine1
Уникатни производи од македонски креативци ќе бидат претставени на дизајнерската продажна изложба: Design and Wine што ќе се одржи на 3 и 4 март (сабота и недела) во новоотворениот CEED Hub Скопје (во кампусот на Машински факултет). Викендов од 10 до 18 часот ќе биде иложен уникатен накит, рачно изработени честитки, кожни производи, парчиња мебел што воодушевуваат, креативни детски дрвени детали, дизајни за улична мода, домашна органска козметика, органски супстрати за домашни растенија, подароци за изненадување, рециклирана дизајнерска облека, платнени и волнени ташни и многу други интересни решенија.

Во рамките на настанот, на 3ти март од 12 до 13 часот, брендот „Мали нешта“ ќе одржи бесплатна работилница за деца каде ќе можат да се запознаат со процесот на боење и декорирање на дрвени предмети.

Design & Wine е иницијатива на група креатори кои беа дел од Пред-акцелераторската програма на CEED Hub Скопје, поддржана од ИМЕ Програмата на Швајцарската амбасада.

mali nesta00

Весна Апостолска (Мали нешта) на 3 март ќе одржи бесплатна работилница за деца за боење и декорирање на дрвени предмети

На Design & Wine ќе учествуваат: Арт студио С, Millow, Студио Ѓердан, Една прави, Мали нешта, Марија Милошевска, Иван Пешевски, Горан Костовски, МамаОргана, WOW BOX, АБВ со Македонка, Карло Хорват, „Ан арт“, Wool art (Шада), „Фабрика 13“, Huggable dolls (Марга Арнаудова) и One made.
Арт студио С (Светлана Иванова) -која дизајнира и произведува накит и модни додатоци од бакар и алуминиум во комбинација со други материјали, при што секое парче отсликува сопствена приказна. Millow (Сања Вељановска) е креативно студио за графички дизајн чија палета на производи се состои од пригодни честитки, современи покани и додатоци за свадби, родендени и секаков вид настани.

makedonska musicka1

#МАкедонскаМушичКА е нов проект на дизајнерката на накит Марија Милошевска

Студио Ѓердан (Ачковска Лилјана) креира накит изработен во полудраг камен, кристал и бисер.

Една прави (Марина Заркова) е социјална компанија која, меѓу другото изработува уникатни машки и женски пролетни јакни од рециклиран џинс со мозаичен концепт, давајки акцент на општествено – социјална и еколошка свест, алармирајќи дека и отпадот е уште едно човеково богатство.  Мали нешта (Весна Апостолска) е семејна фирма за производство на детали за домот, градината, училиштата, излози и сл. Производите се направени од дрво, медијапан, плута и други додатоци. Изработуваат часовници, огледала, полици, разни видови држачи, салфетари, табли за пораки.

#МАкедонскаМушичКА (Марија Милошевска) е новиот бренд на производи дизајнирани од (ORO workshop) кои се фокусираат на историското и културното богатство на Р. Македонија и го користи фактот за првото пишано сведоштво за постоење на рибарска мушичка кое потекнува од овие простори.

Celebrate Life - Eternal Youth (8)

Меѓу учесниците е и Горан Костовски-Индог кој под својата платформа Celebrate Life дизајнира unisex облека и разни дизајнерски предмети

Облик еден (Иван Пешевски) е студио за архитектура, внатрешен дизајн и изработка на оригинални парчиња мебел. Стилот и функционалноста се резултат на рамнотежата помеѓу дизајнот и оригиналноста.

Celebrate Life (Горан Костовски) е платформа за дизајнирање на unisex облека и разни дизајнерски предмети. Покрај практичниот аспект, платформата има и философија зад себе – да се избегне мрачната и неподнослива состојба во секојдневието и да се потсетат луѓето на моментите кога танцуваат и ги слават убавите нешта. Горан Костовски – ind.o.g е арт директорт, дизајнер и видеоуметник.

karlo11

Карло Хорват ќе се претстави со рачно изработени кожени аксесоари.

МамаОргана (Наталија Бургиева) произведува органски ѓубрива и супстрати, и развива еко-иновативни решенија за производство на органска храна. Ова социјално претпријатие ги следи и застапува LOHAS (lifestyle of health and sustainability) стандардите.  WOW BOX (Маја Величкова) е онлајн продавница за промоција на нови подароци. Негувањето на подароци за ЉУБОВ ИиСРЕЌА е најголемиот приоритет.

AБВ со Македонка (Александар Тримчевски) нуди пакет – содржини којшто им помага на  децата да ја научат македонската азбука. Карло Хорват ќе се претстави со рачно изработени кожени аксесоари.

Ан арт е студио за рачно ткаење на разбој. Изработува уникатни ткаени шалови, понча, простирки за маса од волна и памук.

fabrika13 glavna

Наташа Јакимовска (Фабрика 13) ќе ги изложби своите рачно изработени чанти, бубрежиња, ранчиња, паричници и други платнени додатоци

Wool art (Шада) изработува модни додатоци од природна волна во различни техники: мокар и сув филц, нано филц

Фабрика 13 (Наташа Јакимовска) се занимава со рачна изработка на модни додатоци од текстил – чанти, бубрежиња, детски ранчиња, ранчиња за возрасни, новчаници, несесерчиња и сл. Сите прозиводи се изработуваат од квалитетни материјали, големо внимание и многу љубов.

Huggable dolls (Марга Арнаудова) техника за изработка на амигуруми -јапонска уметност на плетење на мали кукли, животни , антропоморфни суштества. One made ќе се престави со домашна органска козметика.

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

CEED HubDesign and WineHuggable dolls (Марга Арнаудова)MillowONE MADEWool art (Шада)WOW BOXАБВ со МакедонкаАрт студио СГоран КостовскиЕдна прави“Иван ПешевскиКарло ХорватМамаОрганаМарија МилошевскаСтудио ЃерданФабрика 13„Ан арт“„Мали нешта“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Plakat_myselves_page-0001 културен водич

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

  • ????????????????????? културен водич

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

  • KV SGF 2025 културен водич

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics