Италијанската модна куќа „Гучи“ ја претстави колекцијата ресорт 2018 во Фиренца, во салата со ренесансна уметност во палатата Пити, соодветна локација за новите парчиња на креативниот директор Алесандро Микеле инспирирани од ренесансата. Новата „гучифицирана“ ренесанса е во микс со рокенрол стилот, па брокатните креации и извезените палта се измешани со кожени јакни, џинс и реси. Микеле на вчерашната ревија на машки и женски модели повторно ја прикажа својата препознатлива еклектична естетика од стилови и силуети позајмени од различни ери. Покрај златната, користи јаки бои како циклама, смарагдно зелена, црвена, пурпурно виолетова, како и цветен дезен, каро и мотиви од природата. Од модните додатоци има марами, луксузни венчиња, турбани и украсени очила за сонце.




































Нема коментари