• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Дизајнерката Елена Додевска продава колекција на Ибица

Од Катерина Трајановска · На август 4, 2015

1 ibiza old town 2

Школувана во Скопје, Лондон и Њујорк, со работно искуство на модната недела во Лос Анџелес и во магазинот Nylon, македонската дизајнерка Елена Додевска во моментов престојува и работи на шпанскиот остров Ибица, познат по убавите плажи, бохо животниот стил и големите журки. Таа за мошне кратко време успеа да се наметне и на тамошната модна сцена и од неодамна токму на Ибица ја продава својата колекција BEACH THERAPY. Ја контактиравме Елена на Ибица и таа ни откри дека по истекот на нејзиниот договор со битолската компанија „Саитис“, каде што работеше како дизајнер за Pepe Jeans, одлучи да си дозволи подолга пауза и да ги наполни батериите токму на Ибица. Таа ни раскажа за новата колекција наменета за плажа, пласирањето на неколку места како бутикот Heaven, а секако и за животот на Ибица, модата од улиците, а за целото доживување и успехот на Елена зборуваат и фотографиите што ни ги испрати од познатите места Cotton Beach Club, ресторанот на на Кавали, како и за лаунџ-барот Patchwork за кој веќе пишувавме.

2 beach therapy 1

Дел од колекцијата Beach Therapy на Елена Додевска

Актуелно е што на Ибица може да се најдат твои креации, за што поточно станува збор, за каква колекција и каде се продава?

-Колекцијата се роди сосема спонтано. На две недели пред да заминам, седнав направив кратко истажувње на пазарот, тамошниот стил и што е она што би им се залепило на око на потрошувачите таму. Колекцијата е наречена BEACH THERAPY што и самото име кажува, се работи за beach wear парчиња: кафтани, фустани, марами, летни широки кошули, маички… Целата колекција е изработена од 100% природни матерјали и многу внимавав на тоа парчињата да бидат пријатни на тело и додека ги носиш. Се инспирирав од тамошниот стил, на Ибица има многу големо хипи влијание во поглед на облекувањето. Така што целиот тој колорит го земав како појдовна точка, но во поглед на колекцијата се обидов да го рафинирам така што секое парче да биде перфектно носливо и поедноставено.  Дел од колекцијата се состои од рачно боени парчиња во разни техники доработени со вез, декорација од монистри и чипка. Додека другиот дел од колекцијата се целосно бели парчиња доработени и декорирани со чипка и меш, што исто така е одсликување на белиот урбан пејсаж на Ибица. Оваа сезона колекијата е достапна во Cotton Beach Club на Cala Tarida во нивниот Cotton Lifestyle Store и во бутикот HEAVEN лоциран во елитниот дел на Ибица -Marina Botafoch.

3 cotton lifestyle store 1

Cotton Lifestyle Store е едно од местата каде што се продаваат креациите на Елена Додевска

Како успеа да оствариш контакт со тамошните бутици?

-На Ибица посебно а и во модната индустрија воопшто има една изрека што секој ќе ви ја каже “It’s not what you know, but WHO you know”. Така што со помош на еден драг пријател кој веќе подолго времеживее и  работи на Ибица успеав да стапам во контакт соглавниот buyer од Islanders Ibiza кои се задолжени за бутикот во Cotton Beach Club и со многу стискање палци колекцијата им се допадна и веднаш ја изложија. За што без број пати му благодарам на Далибор Дадофф.

Што најмногу те фасцинира на Ибица? Како се вклопи во ритамот и атмосферата на островот?

-Воодушевена сум од релаксираниот животен стил на луѓето таму, од позитивната енергија што ја има во изобилие.

4 ibiza oldtown

Стариот град на Ибица

Какви модни стилови можеш да забелешиш таму?

-Ибица е еклектичен микс од стилови во поглед на облекувањето. Но, главно бохо-хипи стилот е најзастапен. Бидејќи се работи за туристичко место, стилот многу варира во зависност од тоа, од кој дел на светот доаѓаат туристите, но и во кој дел од островот се наоѓате. Така што Сан Антнио е преплавен со треш Англичани, додека другиот дел од островот и главниот град Еивиса даваат конкретна слика за модниот стилл на Ибица и за тоа кој го посетува овој остров. Тука во моментов може и да ја сретнете Оливија Палермо како летува на јахтатата на главниот менаџер на модната куќа „Валентино“, Џанкарло Џиамети.

12

Ибица е остров познат по журки, успеа ли да фатиш нешто интересно?

-По природа не сум party animal,но клубовите на Ибица се задолжителни за секој кој го посетува овој остров. Тука се најпознатите денски журки во Ushuaya и Hard Rock Hotel, како и легендарните ноќни клубови Space, Pacha, Amnesia, Privilege, каде што Карл Кокс, Хардвел, Соломун и Дејвид Гета се резидент и настапуваат по еднаш неделно. Според она што успеав да го видам и искусам најубаво си поминав во Café Del Mar на зајдисонце, чувството е, соеден збор:  волшебно!

6 beach theraphy 3

7 beach theraphy 4

Колекција Beach Therapy

8 beach therapy 2

Колекција Beach Therapy

9 heaven boutique in marina botafoch

Бутикот Heaven

10 cotton lifestyle stre 2

Cotton Lifestyle Store

11

13 cavali club marina botafoch

14 cbbc cala basa

15 sa punta patchwork

16

Beach TherapyCotton Beach ClubCotton Lifestyle StorePatchworkБутик HEAVENЕлена ДодевскаИбицаколекција за плажамакедонски дизајнери
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics