• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Од stylist @StylistMKD · На јануари 13, 2022

elena popovska

Креативката Елена Поповска своето Ателје Jewelry My Precious го отворила спонтано во 2013 година, само по себе после повеќегодишното запознавање и усовршување  на техниките кои ја воодушевувале уште од мали нозе. Иако нејзината приказна за изработка на накит започнала случајно со изучувањето на техниката за плетење на традиционалниот македонски ќустек, а потоа и филигран, чувствувала дека тоа е патот по кој сакала да оди за да може целосно да се изрази. Потребата пак да биде во секое време достапна за нејзините клиенти била пресудна да го отвори ателјето, како место каде тие ќе можат да ги погледнат нејзините креации, да можат да си одберат нешто за себе или пак, за своите блиски, но и да разговараат и заеднички да ги создава таа креациите кои на нив најмногу им се допаѓаат. За нејзината работа и процесот на креација разговаравме со Елена во нејзиното ателје.

6 PMF

Што сѐ може да се најде во Ателјето Мај Прешс?

- Во ателјето можат да се најдат различни производи кои во основа можат да се поделат на неколку вида на накит како привезоци, брошеви, обетки, прстени, алки, ланчиња, комплети. Тие можат да бидат дел од различни колекции, но за сите е исто што се рачно изработени.  Во зависност од колекцијата, тие можат да бидат од сребро. месинг, бакар, монистра, во комбинација со полускапоцени камења, бисери, кристали. Во основа сите мои производи се инспирирани од природата, па така најчесто можат да се сретнат мотивите цвет, пеперутка, крило, лист. Ја сакам и почитувам нашата традиција, но моделите кои ги содржат традиционалните елементи, на пример галичката копча, сакам да ги претставам на еден поинаков, помодерен начин.

1 Taenaris catops

Каков е еден процес на една рачна изработка?

- Се зависи од тоа во која техника е изработен производот. Ако е од сребро, процесот започнува со рачна подготовка на репро материјалот во форма и големина која е потребна за производот. Ако станува збор за филигрански производ , сама ја подготвувам жицата со нејзино извлекување, а по потреба и сукање и исчукување на истата, за да ги добијам потребните димензии кои ќе ги користам за производот кој сум го замислила. Потоа оди изработка на надворешна и внатрешна конструкција на производот, негово пополнување со ситните елементи, лепење, оформување, додавање на дополнителните делови, се разбира и полирање како најзначаен момент за да се добие беспрекорен изглед. Нормално во изработувањето на филигранот процесот е многу покомплексен со изведување на повеќе операции, но сепак овие се едни од најважните без кои не е возможно да се изработи производот. Кај производите кои се дел од колекцијата „Белези од природата“, најпрво ја пронаоѓам точната форма на пеперутката или пак некој друг вид кој го изработуваме. Според тие контури рачно ја сечам бакарната плоча, која потоа се оформува за да се постигне природниот изглед на видот. Во зависност од тоа што е крајниот производ ги лепам сребрени елементи за брош, привезок, прстен и сл. Најважно за оваа колекција е рачното цртање на шарите на видот со акрилни бои, кое го прави мојот син Матеј Поповски, така да може слободно да се каже дека ова е наша заедничка колекција.

2 Summer dark dandelion bez potpis

Кои се предизвиците сиве овие години, колку ги слушате барањата на купувачите?

- Предизвиците од секогаш биле да можеме да создадеме свесност за тоа колку време и труд е потребно да се изработи рачно еден производ. За жал брзото темпо на живот и инстант производи, особено многу достапната бижутерија,  некако доведоа до тоа да се мисли дека вредноста на изработките треба да се многу мали. За среќа се повеќе клиенти се свесни дека можат да добијат производи кои се направени за нив, според нивните барања и желби, и  постепено се менува перцепцијата дека почнува да се цени нашата работа.

Голем дел од изработките се настанати и како резултат на исполнувањата на барањата на клиентите, а потоа истите често ги модифицирам спрема моите замисли, и се создаваат дела на кои сум особено горда.

3

Што е она што ве прави различни од останатите? 

- Секој е различен на сопствен начин и тоа е убавината кога сме креативни. Мислам дека желбата да експериментирам со нови техники и нивно комбинирање во создавањето на производите е нешто по кое сум препознатлива. Исто така и изработувањето на  производите кои во себе ја имаат природата како основен мотив. Без разлика дали се тоа орхидеите, ружите или пак пеперугите. Сакам кога од сребрената жица се добива филигранска орхидеа, или пак кога пеперуга од колекцијата Белези од природата мислите дека штотуку ви слетала на вас.

Golema ruza

На кој начин ги креирате колекциите?

- Секогаш пред изработување на некоја колекција прво ослушкувам што моето внатрешно јас сака да каже. Дали е тоа да ја славиме природата која е околу нас, или пак да обрнеме внимание на нешто што можеби постепено го забораваме. Потоа правам истражувања на таа тема, а на крај одлучувам што се ќе биде дел во таа колекција. Во основа ги правам глобалните нацрти на колекцијата – број и што се таа ќе содржи, но крајниот резултат ни самата не го знам. Тој постепено се оформува при самиот процес на изработка, зашто при самото изработување му дозволувам и самиот материјал да ми каже во кој правец да одам за да го постигнам ефектот што сум го замислила.

4 Komplet Marija bez potpis

Колку ви помогна во работата проектот на ЦУП како женски бизнис за време на пандемијата?

- Во периодот на Ковид-кризата, јас како и многу мои колеги се соочивме со голем проблем околу работата, особено во финансискиот дел. Идеи и изработки и понатака постоеја, но некако за многу брзо време многу работи се сменија, а ние не можевме да се фокусираме да го најдеме најповолното решение во кој правец треба да го водиме нашиот бизнис.

Со помош на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ е спроведен од Центар за управување со промени – ЦУП, а поддржан од Balkan Trust for Democracy, не само околу водењето на бизнисот, во однос на препораките како да спрема бизнис плановите можеме нашите потенцијали да ги претвориме во наши предности, туку ни овозможија и обуки за понатамошно развивање и растење од технички аспект, овозможувајќи ни и дополнителни обуки за учење на нови техники во работата.

Не смеам да го испуштам и фактот дека со нивна помош ќе научиме и како најправилно ќе треба да се насочиме кон маркетингот, кој е можеби еден од најзначајните фактори покрај високиот квалитет на производите, за успешен развој на една фирма.

5 Glaucopsiche alexis

Кои се вашите идни планови за 2022 година?

- Во текот на 2022 година имам неколку плана кои би сакала да ги остварам. Најпрво е изработка на веб страна, бидејќи мораме да ги следиме трендовите околу нас. Таа е замислена да биде место каде што ќе можат да се видат и добијат информации за  најуспешните колекции, но исто така ќе може да се купи и некое парче од нив. Во првата половина на оваа година имам замисла за создавање на уште две колекции во соработка со мојот син. Едната ќе биде минималистичка, унисекс колекција, замислена за да ги освои симпатиите на помладата публика.  А втората, па и таа доста ќе се разликува од сето тоа до сега што го имам работено.

8

7

 

Jewelry My PreciousЕлена Поповскамакедонски дизајннакитрачна изработка
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • page0 5 интервју

    Интервју со модната дизајнерка Ивана Кнез: Тенка е границата помеѓу лудило и храброст овде

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • tatjana janusheva (6)

    Татјана Јанушева на насловната страница на Elle

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • ikiverse

    IKIVERSE на Искра Џокиќ Кецап – прва дигитална модна ревија на Моден викенд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    ЕКО-МОДА: Зимава носете бунди од вештачко крзно

    декември 5, 2023
  • Carmina Burana 1

    Изведба на „Кармина Бурана“ од Карл Орф на 7 декември во Националната опера и балет

    декември 5, 2023
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    декември 5, 2023
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Зимска верзија на црниот фустан

    декември 1, 2023
  • ??????

    Добротворен базар на социјални претпријатија в сабота во East Gate Mall

    декември 1, 2023

Убавина

  • INT_EN_ECN_204825_AntiPigment_IG_FB_StaticAd_V1_10_2020-1x1

    Ослободете се од хиперпигментацијатa со Eucerin Anti-Pigment Dual Serum: Револуционeрна нега за сјаен тен

    ноември 23, 2023
  • eucerin (6)

    Со иновативниот крем Еуцерин Hyaluron-Filler + Elasticity Day Rosé SPF30 ќе заборавите на бледата и уморна кожа

    октомври 31, 2023
  • 000267_GL_en_EUC_Hyaluron _Filler _Serum_HyFi_Anti_Wrinkle_Serum_202309_PR_0_white_V8-Print

    Еликсир или еволуција? Како науката за нега на кожата го искористи скриениот потенцијал на кожата

    октомври 24, 2023
  • INT_EN_ECN_210004_DermoPure_Triple_Effect_Serum_Protective_Fluid_03_2021_PR_v3-ecom1000x1000_300dpi

    Ефикасноста на медицинската козметика

    октомври 2, 2023
  • 1

    Маникир во есенски бои

    септември 8, 2023

Живот

  • ??????

    Добротворен базар на социјални претпријатија в сабота во East Gate Mall

    декември 1, 2023
  • iqos

    Новото IQOS ILUMA портфолио претставено на ексклузивен настан во Скопје

    ноември 18, 2023
  • Фестивал на чај

    Фестивал на чај, лековити билки и есенцијални масла

    ноември 13, 2023
  • Movember

    МОЕМВРИ: Актери, спортисти и поп ѕвезди ќе седнат на берберски столици за подигнување на свеста за машкото здравје

    ноември 6, 2023
  • pre launch (2) (1)

    Откриваме кој револуционерен уред пристигнува во Македонија

    ноември 6, 2023

Култура

  • Carmina Burana 1

    Изведба на „Кармина Бурана“ од Карл Орф на 7 декември во Националната опера и балет

    декември 5, 2023
  • zrno festival zavrsna izlozab

    Завршна изложба на фестивалот Зрно во КИЦ

    ноември 6, 2023
  • плакат

    Концерт на Мухамед Ибрахими во Филхармонија

    октомври 30, 2023
  • ??????????????

    Се отвора шестата по ред годишна изложба „Сè што ни е заедничко“ во МСУ – Скопје

    октомври 16, 2023
  • fks

    „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на НУ Национална опера и балет и НУ Танец

    септември 26, 2023

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics