• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

ЕВРОПСКА МОДНА АЛИЈАНСА: Време е за просперитетна иднина во модата предводена од креативноста

Од stylist @StylistMKD · На јануари 11, 2023

EFA1

Гран Канарската модна мрежа ModaCalidaи локалната власт Кабилдо де Гран Канарија (CabildodeGranCanaria) ги поканија членовите на Европската модна алијанса (ЕМА), која беше основана во Франкфурт во јуни 2022 година. На 19 и 20 октомври се собраа во Маспаломас за време на GranCanariaSwimWeek- единствениот EuropeanSwimWearWeek– односно за нивниот прв самит.

Целта на самитот помеѓу 59 претставници од 23 европски земји беше да се дискутираат и договорат пакет мерки и што може да се спроведеза да го поддржат и промовираат потребниот процес на трансформација во европската модната индустрија. Алијансата, којашто се состои од 29 членки, вклучувајќи бројни модни совети, модни недели, истражувачки и образовни институции, претставува повеќе од 10.000 европски компании во модниот сектор, почнувајќи од микро-претпријатија до огромни корпорации.

Една од главните теми за време на состанокот беше „Зелениот договор“ (GreenDeal) формулиран од Европската унија во 2019 година од претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен за намалување на нето емисиите на стакленички гасови на нула до 2050 година. Според заложбата на ЕМА, модната индустријамора итно да придонесе кога станува збор за CO2 и уништувањето на животната средина преку огромното производството на текстил и големата модна потрошувачка.

Европската модна алијанса има за цел значително да придонесе за доведување на CO₂- до неутралност, до еколошки одржлива, нетоксична и целосно кружна текстилна индустрија и да подигне и поттикне свест кај модните производители, дизајнери и потрошувачи.

За таа цел, на состанокот во Гран Канарија се дефинираа четири главни точки на коишто треба да се засноваат целните мерки: одржливост, образование, политика и иновации.

Европската модна алијанса верува дека одржливоста и дигиталната промена, заедно со иновациите, образованието и мерките преземени на пазарот на трудот, ќе бидат клучни двигатели за модната индустрија да го направи својот текстил потраен, поправлив, повторно употреблив и има можност да се рециклира. За да се забрза оваа промена, ЕМА ќе се фокусира и на меѓукултурните размени и интеракции помеѓу креативците и ќе ги поддржи младите таленти како двигатели на промени преку акции, истражувања и кампањи.

EFA3

Kарло Капаса, од НационалнатаКомора на Италијанската Мода,вели „Нашата мисија е да ги едуцираме модните потрошувачи и брендови за тоа што значи да се биде одржлив и да се укаже поголема вредност на креативноста, нагласувајќи ја нашата благодарност до сите оние кои стојат зад системот. Една од главните улоги на ЕМА е да ги вклучи брендовите-членки да раскажат што стои зад нивните производи и да ја претстават својата нова идеја за модата во иднина. Во соработка со ЕМА, можеме да им покажеме на другите индустрии што можеме да постигнеме кога работиме заедно“.

Во периодот од 2023 г. до 2027 г., Европската модна алијанса го преточува ова верување во четири главни цели засновани врз четирите главни точки:

1. Дефиниција за етички, социјален и одржлив кодекс на однесување за членовите на ЕМА и пошироко за модната индустрија.

2. Нов моден„Зелен договор“ на европско ниво што ја претставува модната култура и модниот бизнис, заснован на европскиот циркуларен и социјален моден екосистем споредзаеднички податоци и системи.

3. Создавање и спроведување одржлива и технолошка обука како и пракса за социјална и културна одговорност за клучните засегнати страни на ЕМА.

4. Зајакнување на генерацијата Z и новите генерации како водечки сили за вредностакај дигиталната, циркуларната и социјалната променаво модната индустрија.

EFA5

Членовите се согласуваат дека визијата и целите на ЕМА мора да се преточат во конкретни планови и политички рамки во следните две до три години за да се поттикнат овие промени. Ова може да се постигне само со темелно разбирање на потребите и предизвиците на модната индустрија, особено кајкреативците и дизајнерите.

Светлана Богова Јовановска, од „Моден викенд Скопје“ вели: „Европската модна алијанса е важна и силна мрежа која, како ниедна друга, може да даде свој придонес во промената на европската и особено на македонската модна индустрија. На пат кон влегувањето наСеверна Македонија во Европската Унија, нашата земја мора да преземе одговорност за одржливост и да ја претстави нашата модна и културна ДНК во вистинско светло. ЕМА е можност за нашата модна индустрија да соработува и да ги сруши бариерите со европскиот пазар“.

За 2023 година, ЕМА ќе започне истражување ширум Европа преку своите членки за да ги истражи потребите и предизвиците на микро, малите, средните и големите претпријатија кои работат во модната и текстилната индустрија, како и образованието, истражувањето и други индустрии на засегнатите страни.

Стекнатото знаење од овој подвиг треба да ѝ овозможи на ЕМА да создаде своја политика според приоритетитесоодветна на тековното законодавство, меѓу другите и онаа на Европската стратегија за одржлив и циркуларен текстил и создавањето нови политики и програми на ЕУ за поддршка на модата и креативните индустрии. Целта е да им се даде на засегнатите страни јасна слика за европското законодавство – област во којаштоголем број креативни претприемачи сè уште не ги имаат разбрано во целост.

Дилис Вилијамс, од „Центар за одржлива мода“ вели: „Не треба само да менуваме темата на модата, туку да ги сменимеи нејзините правила и цели. Модата често се оценува во економска смисла според растот и бројките. Но, важно е да се создаде вредност и во културна смисла на зборот.

Да се пренесе што сѐ модата може да придонесе за доброто на луѓето и какво влијание, позитивно и негативно, има врз нашето општество“.

Освен тоа, ЕМА ќе ги вклучи и зајакне младите таленти и нивните гласови преку активен ангажман во лидерски улоги и активности во рамките на организацијата и веќе основаните брендови и организации.

 

Изјави од членовите на Европската модна алијанса:

 

КЕРОЛАЈН РАШ – БРИТАНСКИ МОДЕН СОВЕТ „Со заеднички вредности, јазик и разбирање на мерните алатки, за нашите дизајнери е од голема важност да кога ќе отидат во Франција, Италија, Германија, Данска или каде било на друго место, имаат еднакво разбирање на рамките, а тоа и се очекува од нив во однос на одржливоста. Ова особено важи за малите бизниси на кои им претставува навистина голем предизвик кога станува збор за тргување на глобално ниво. Колку повеќе бараме од нив да разгледуваат различни мерења и стандарди, толку им е потешко да тргуваат. Ова е можност да соработуваме и да ги срушиме тие бариери“.

ПАСКАЛ МОРАНД – ФРАНЦУСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ВИСОКА МОДА „Модата е многу повеќе од пазар, се работи за култура. Се наоѓаме во пазарна економија, а тоа, исто така, ги засега и оние кои не се на пазарот а треба да разберат дека креативната мода може да игра улога на глобална одржлива придвижувачка сила“.

КРИСТИЈАН АРП – МОДЕН СОВЕТ ГЕРМАНИЈА „Модата мора да се развива во културен и социјален контекст за да остане релевантна. Една од задачите на модните совети е да промовира и поддржи нова генерација дизајнери. Младите креативни луѓе имаат способност одржливо и иновативно да го променат модниот систем“.

СКОТ ЛИПИНСКИ – МОДЕН СОВЕТ ГЕРМАНИЈА „Европската модна алијанса е важна и силна мрежа која, како ниедна друга, може да даде свој придонес во промената на европската модна индустрија. Промената не се случува сама. Тоа е индустриска интеракција и тоа е EMA. Создадовме инструмент што допрва ќе се докажува во наредните години“.

СЕСИЛИ ТОРСМАРК – МОДНА НЕДЕЛА КОПЕНХАГЕН „Модната недела може да ја искористи својата позиција за да ги забрза промените како и да бара промени, односно да ја придвижи индустријата нанапред. Но, модните недели мора да преземат одговорност и за одржливост, имајќи го предвид намаленото количество ресурси во производството, пониските емисии на јаглерод, итн.

ЕДИ ШАНАХАН – СОВЕТ НА ИРСКИ МОДНИ ДИЗАЈНЕРИ „Ако нашата цел е да создадеме одржлив моден екосистем, самата изработкануди две важни работи: висок квалитет и издржливост. Мораме да се залагаме за нив, да ги промовираме, развиеме и објасниме како тие додаваат вредност, не само во однос на цената, туку и во однос на културата“.

МИНЕРВА АЛОНСО САНТАНА – СОВЕТНИК ЗА ИНДУСТРИЈА, ТРГОВИЈА И ЗАНАЕТСТВО НА СОВЕТОТ НА ГРАН КАНАРИЈА „Бевме многу горди и почестени што го одржавме првиот годишен самит на ЕМА на нашиот прекрасен остров Гран Канарија за време на GranCanariaSwimWeek. Европската модна алијанса е силна мрежа на размена. Тоа ќе ни овозможи да се спознаеме со други искуства и да напредуваме во нашиот предизвик на Ecoisla за иновации и одржлива мода. На останатите членови им го нудиме нашето 26-годишно искуство како програма за јавна поддршка за модниот сектор. Самитот што се одржа во Гран Канарија значи почеток на заедничко дејствување, за подобрување на модната индустрија, како и рамка која ќе ни овозможи да научиме и да ги прикажеме нашите вредности“.

МАРИЈА ЛУИСА МАРТИНЕС ДИЕС – ГЛОБАЛНА МОДНА АГЕНДА „Традиционално, голем број од индустриските напори беа доброволни, но предложените регулативи треба да направат промена. Како дел од Стратегијата на ЕУ за одржлив и циркуларен текстил, постојат две клучни иницијативи што ќе влијаат на текстилот: Предлог директива за зајакнување на потрошувачите за „зелената“промена, која се очекува да ги охрабри потрошувачите да носат еколошки одлуки кога купуваат производи; и ESPR (Регулатива за екодизајн за одржливи производи), која ќе промовира поодржлив дизајн на производи и одржливите производи ќе ги постави како норма“.

 

За ЕМА:

Европската модна алијанса е првата интернационална алијанса на европските модни институции. Таа има за цел да промовира плоден, одржлив и инклузивен екосистем за европската мода. ЕМА делува како силен здружен глас кој се залага и ја забрзува промената на европската мода кон поодржлива, иновативна, инклузивна и креативна иднина.

ASOCIACION CREADORES DE MODA DE ESPANA – AUSTRIAN FASHION ASSOCIATION – BALTIC FASHION FEDERATION – BRITISH FASHION COUNCIL – BULGARIAN FASHION ASSOCIATION – CAMERA NAZIONALE DELLA MODA ITALIANA – CENTER FOR SUSTAINABLE FASHION – COPENHAGEN FASHION WEEK – COUNCIL OF IRISH FASHION DESIGNERS – ESTONIAN ACADEMY OF ARTS – FASHION COUNCIL GERMANY – FÉDÉRATION DE LA HAUTE COUTURE ET DE LA MODE – FÉDÉRATION FRANÇAISE DU PRÊT À PORTER FÉMININ – FINNISH TEXTILE & FASHION – FLANDERS DC- GLOBAL FASHION AGENDA- UNGARIAN FASHION DESIGN AGENCY – ISLANDIC FASHION COUNCIL -FAD – MODALISBOA – MODA CALIDA – MODE SUISSE – NORWEGIAN FASHION HUB – SKOPJE FASHION WEEKEND – SLOWAK FASHION COUNCIL – SWEDISH FASHION COUNCIL – TASKFORCE FASHION – THE PRINCE’S FOUNDATION – WALLONIE-BRUXELLES DESIGN MODE.

 

Информации заGran Canaria Swim WeekbyModa Calida

GranCanariaModaCálida е програма со активности врзани во модниот текстилен сектор на островот Гран Канарија, креирана и промовирана од Министерството за индустрија, трговија и занаетчиство на Кабилдо де Гран Канарија (CabildodeGranCanaria). Модата, во оваа институција, е растечки сектор со можности за индустриска експанзија. GranCanariaModaCálida е местокаде што дизајнерите и компаниите ги поддржуваат своите проекти. GranCanariaSwimWeekbyModaCálida е име по кое се води главниот настан за единствената професионална модна недела на костими за капење GranCanariaModaCálida во Европа. Основано е во 1996 година на иницијатива на Одделот за индустрија, трговија и занаетчиство на Кабилдо де Гран Канарија, со цел да го промовираат Гран Канаријскиот дизајн, како и да го поддржат растот на локалниот текстилен сектор. Интересот за платформата оттогаш има експоненционален пораст со повеќе од 373 милиони луѓе.

http://www.grancanariaswimweek.com/

(Соопштение за јавност)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2 моден монитор

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

  • 1fwsk моден монитор

    Петтиот ден на FWSK31: Од булинг до убавина, модата како јазик на промена

  • 1 Irina Tosheva workshop моден монитор

    Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1stefanija

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

    ноември 13, 2025
  • Фестивал на чај

    Од 14 ноември „Фестивал на чај“ под слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“ во Скопје сити мол

    ноември 12, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 2

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

    ноември 6, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics