• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Заврши ЕXPO 30 настан кој стави акцент на македонските модни дизајнери

Од stylist @StylistMKD · На септември 18, 2021

1 expo

Вчера во Музеј на современа уметност се одржа вториот и последен ден од настанот EXPO 30 во организација на Боттега Евенти, гостите и овој пат имаа можност да ги погледнат новите модни колекции на уште пет македонски дизајнери, да се забавуваат со македонски ди-џеи и да дегустрираат македонски производи. Настанот е организиран по повод одбележување на 30 години независност на државата и е поддржан од страна на Владата на РС Македонија.

Ревискиот дел во вториот ден на EXPO 30 започна со претставување на заедничка ревија на студентите по моден дизајн од трите факултети која што внесе свежина на целиот настан. Се претставија Анастасија Петрески и Кристијан Арсовски, студенти од Институт за дизајн и облека на ТМФ при УКИМ, Данијела Савиќ од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет и Фуркан Арифи од Универзитетот „Мајка Тереза“ стои позади новиот бренд „КАН“.

1 studenti

На EXPO 30 модната дизајнерка Лидија Георгиева ја претстави колекцијата Пејсаж бр. 22, работена според принципот на „слоу фешн“ (бавна мода) и произлезена од потребата да се истражи влијанието на современата технологија во корелација со недостатокот од потребната доза на природа во нашето секојдневие. Дигиталниот свет е место во кое што поминуваме сè повеќе време, па дури и кога се наоѓаме во природа. Па така, пејсажите кои ги гледаме во текот на денот, се сè повеќе дигитални отколку реални. Во оваа реална/нереална игра, пејсажите се измислени, сонувани, шумски, со звуци, мириси, растенија, животни и главни ликови кои можеби постојат, а можеби и не. Тука се преку отпечатоците карактеристични за стилот на брендот, везените флорални мотиви, рачно плетените дизајни, архивски корали и разни други камчиња. Приказната е збогатена со стилизиран вез инспириран од орнаментиката на старословенските ракописи, поточно елемент од Псалтир со последование, коj датира од 16-ти век.

lidija georgieva (1)

lidija georgieva (3)

lidija georgieva (2)

Дизајнерката Силвија Михајловска од брендот „Алшар“ се претстави со модели базирани и инспирирани од нејзините цртежи и креации поврзани со долгогодишното искуство и работа во модата. Колекцијата се вика Re:Essence (како асоцијација на Reminiscence) што всушност претставува потсетување и навраќање кон идеи и референци користени во нејзините претходни колекции, сето тоа вклопено во една нова целина. Дел од креациите се изработени од ткаенини во интензивни бои како црвена, окер, розева, циклама со многу колор-блок моменти, дел се црни и сребрени, а има и модели од секогаш актуелниот џинс. Инспирирана од графити артистите и современите уметници, дизајнерката користи и ткаенини со графити мотиви, а дел од парчињата се рачно доцртани што е најкарактеристично во нејзината досегашна работа. Кроевите се препознатливо асиметрични и се микс од строги архитектонски до лелеави романтични креации со панк детали.

alshar (1)

alshar (3)

alshar (2)

Колекцијата “Origin” на дизајнерот Митко Занов е спој од старото, новото и непознатото, создадена од моментите на среќа, тага и љубов и инспирирана од убавината. Самиот збор “origin” значи потекло, извор, почеток, корен или појдовна точка. Токму затоа во оваа колекција метафорично се претставува една мала ретроспектива на работата на брендот „Занов“. Колекцијата го прикажува заштитниот печат, карактеристичните бои, материјали, форми, кроеви и текстури, односно ДНК-та на брендот. Содржи повеќе автентични изгледи, а палетата на бои, ги вклучува препознатливите жолта, портокалова, црвена и циклама, како и монохроматските црна и бела. Рачната изработка е од неминовен аспект, а кроевите се строги, линиите остри, формите минималистични но скулптурални, со нагласена „песочен часовник“ силуета. Колекцијата ја надополнуваат модни додатоци како рачно изработени опера ракавици, модни украси за на глава, транспарентни шешири и капи, доработени со текстура од пердуви.

zanov

“Lucid dreams in torn realities“ на Јована Филиповиќ во соработка со Ајбуке Баркчин која се јавува како кодизајнер/соработник на колекцијата, претставува олицетворение на едно пријателство и ја потенцира важноста на сонувањето и младешката фантазија, а тоа е и почетната инспиративна точка на самата колекција. Втората инспирација за „Lucid dreams in torn realities“ е спој од книгата на Луис Керол, „Алиса во земјата на чудата“ и јапонското аниме „Паприка“, базирано на новелата на Јасутака Цутсуи. Секој изглед од колекцијата по себе носи некоја приказна. Црвените рози кои се јавуваат како принт на кошулите црпат инспирација од средбата на Алиса со кралските градинари кои ги бојат белите рози во црвени и истовремено се референца на еден вид ескапизам и создавање на своја нова реалност, спротивставувајќи и се на природата. Плисираното свилено здолниште во интензивна сина боја, носи рефренца од познатата сина боја на Волт Дизни, која буди сеќавање на младост, наивност и бајковитост. Принтовите на црвената кошула се реинтерпретација на неколку верзии од најпознатите дизниеви приказни, прераскажани и претворени во „реални“ приказни, со цел да илустрира како може да изгледа „растргнат“ животот кога се напушта чинот на сонување.

jovana filipovic (2)

jovana filipovic (3)

jovana filipovic (1)

Втората вечер на EXPO 30 ја заокружи модната ревија на „Кокев“ со колекцијата за есен-зима 2021/22 и претстави модели со софистициран дизајн, елеганција и екстравагантност кои се совршено изработени од високо квалитетни ткаенини. Дизајнот ја открива сензуалноста, романтичноста, женственоста и самоувереноста кај жената. Со уметнички допир кој доаѓа од нејзината едукација, дизајнерката Тања Кокев покажа дека знае што ѝ е потребно на една жена, сега после целата светска криза уште повеќе од порано. Кокев како конечно целосно да се откри, покажувајќи ја целосната вистина за својот стил. Како да сме внатре во нејзината визија за тоа како треба да изгледа еден свет. Во него со леснотија се открива сè што се градело како Кокев низ годините, но со еден пресврт на бренд кој веќе ја достигнува својата зрелост.

kokev (3)

kokev (1)

kokev (2)

Ди-џеите Чваре, Соул Кејс, Узун Баба, Џон Антонио, Чедо и Соња Исмаил беа музичка подлога на модните ревии, а потоа со свои ди-џеј сетови ги забавуваа гостите кои во експо зоната дегустираа пијалоци и деликатесни производи од десет македонски компании –Пивара Скопје, Гемак, Mamas Food, Винарија Тиквеш, Горска вода, Витаминка, Бако, Млекара Здравје Радово, Бимилк и Прима густо.

Пошироката публика која не можеше да присуствува на EXPO 30 имаше можност да ги следи сите модни ревии онлајн и да ужива во настанот. И во двата дена на EXPO.30 беа спроведувани сите актуелно важечки протоколи за организација на настани донесени од Министерството за здравство.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics