• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Моден викенд сезонава со фокус на студентите и дипломците по моден дизајн

Од stylist @StylistMKD · На јуни 27, 2022

fws

Викендов се одржа 25-тото издание на Моден Викенд Скопје, еднодневен настан во Градски парк посветен на новите генерации на креативни надежи, студентите и дипломците по моден дизајн од неколку домашни факултети и школи

Моден викенд ’25 се одржа на 25 јуни, а почна во 12 часот со дебата на темата „Вработување на младите во модната индустрија“. На оваа дебата говорници беа Оливер Андреески – член на Управниот Одбор при Националниот младински совет на Македонија, потоа, Иван Ивановски – сопственик на брендот SALT, моделарот Катерина Тошева Блажевска (pattern making) и дизајнерот Никола Јовановски од брендот Bella. Милка Јовановска, специјалистот за човечки ресурси исто така беше на оваа тркалезна маса се со цел, да им одговори на прашањата на публиката на теми нормално, поврзани со модата, но од еден малку поинаков агол.

Вработување на младите во модната индустрија

Вториот дел, или втората тркалезна маса беше отстапена за елаборирање и преиспитување на темите поврзани со придонесот на македонските дизајнери во општеството, но и во младинското претприемништво. Модератор беше Ива Дујак од Creative Talks, а Филип Барбутов и Мартин Николоски, ко-основачите на пријателскиот бренд за декорација на домот – Tiera Studios, Натали Ристовска, ко-основачот на етички рачно изработениот бренд Yovanka и Јасмина Чанева Лазовска, директорот на тренинг центарот VM3D за 3D моден дизајн беа тука да и прават друштво и секако, да одговараат на поставените прашања од присутните.

тркалезна маса

Следуваа модни ревии, први се претставија студентите од ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје со нивната колекција „Разбој во развој“. Колекцијата е осмислена да можат во неа да се пронајдат разни генерации, секој да ја протолкува на свој начин, притоа не заборавајќи на разбојот. Дека нешто што може да се аплицира во денешнината, може да трае и трае и да продолжи да живее низ вековите во разни форми, облици и модни димензии.

ДУЦОР Партенија Зографски

ДУЦОР Партенија Зографски

Под менторство на професорката Сања Ристески, дипломците од Технолошко-техничкиот факултет при УГД „Гоце Делчев“ од Штип се претставија со модели инспирирани од текстилниот отпад. Ова атипично претставување ја прикажа нивната идеја и инспирација за една колекција која покрај естетската димензија нуди една поинаква перцепција. Тука веќе се поставува прашањето дали сакаме да останеме запаметени како луѓе кои живееле во ерата на отпадот и ништо не направиле тоа да се промени?

Анастазија Петровска, Гоце Делчев Штип

Анастазија Петровска/ УГД „Гоце Делчев“, Штип

На ред дојде модното шоу на студентите од Американскиот Универзитет на Европа – ФОН, од факултетот за дизајн и мултимедија. Под менторство на професорката Емилија Славкова студентите изработија колекција која понуди поинакви приказни од различните творци на моделите. Секој студент работел на негова лична приказна која била развивана во изминатиот семестар. Практичната работа на студентите очигледно резултирала со професионална љубопитност и стремеж кон лично надградување и усовршување.

Пепита Паскова, Американски универзитет на Европа-ФОН (Факултет за дизајн и мултимедија)

Пепита Паскова/ Американски универзитет на Европа-ФОН

Во рамките на 25-тиот Моден Викенд Скопје, првите чекори на домашната сцена ги направи и модната дизајнерка Шќипоње Абудили од Интернационалниот институт за мода Изет Цури, дебитирајќи со дипломската колекција инспирирана од јапонското кимоно. Кимоното во никој случај не може да е минато и само ќе продолжи да ја освојува имагинацијата на луѓето и ќе ги стимулира и инспирира модните креатори уште многу години. Во тоа сме сигурни!

Шќипоње Абудили, Изет Цури

Шќипоње Абудили/ Интернационален институт за мода Изет Цури

Студентите од Европскиот Универзитет Скопје, или поточно, од Факултетот за арт и дизајн се претставија со селекција на креации од осум студенти од насоката моден дизајн. На ревијата тие ги прикажаа финалните модели кои произлегуваат од процесот на дизајнирање, почнувајќи од формирањето на темата на колекцијата, истражувањето, модните илустрации и техничките скици, изборот на бои и материјали, изработка на облеката. Деконструкција, одржливост, рециклирање и поп-арт се само дел од темите кои влијаеле врз инспирацијата на студентите. Ментори биле проф. д-р Јана Манев Чупоска и проф. м-р Маја Ѓуреска.

Стефанија Станкова, Европски Универзитет, Скопје (Факултетот за арт и дизајн)

Стефанија Станкова/ Европски Универзитет

Алумни студентките од Академијата за моден дизајн на Школата за дизајн, уметност и технологија „Скала“, од Џолев и уметностите се претставија со своите последни модни изработки во различни стилови, инспирации и избор на материјали. Прекрасните полиња со лаванда во Тиквешкиот регион беа главна инспирација за „Lavender Fields“, колекцијата на шапки и модни додатоци на Мирјана Јосифовска. Сара Величковска ни се претстави со колекцијата „Хемофобија“, за која, како што вели таа самата, всушност е поттикната од стравовите и нивните манифестации и причини врз поединците кои сепак наоѓаат начин како да се прилагодат. Колекцијата „Опиум“ на Верица Накова ни даде нешто несекојдневно. Нешто помеѓу сонот и реалноста. Нешто мистично, нешто зависно. Да, зависност од убавина! Катерина Тошева со нејзината колекција „Ноќни лисја“ ни го претстави раѓањето на нешто ново, нешто поинакво, нешто забрането.

Катерина Тошева, Скала

Катерина Тошева/ Скала

За крај, чест имаа да го затворат ова издание на Моден Викенд Скопје, студентите од ТМФ при УКИМ, од институт за дизајн и инженеринг на облека. Шоуто насловено како „Метаверзум или универзум“ всушност беше перформанс, преку кој беше пренесена навистина моќна порака. Идејата за метаверзумот дефинитивно ќе еволуира, ќе се менува, но останува прашањето дали ние воопшто тоа го сакаме или сета таа „фама“ ни е наметната? Професорката и менторка Лидија Георгиева поставила навистина „скромно“ прашање, кое неочекувајќи ги „телепортирало“ студентите во еден нов универзум во размислување за овој нов виртуелен тренд. Каде е подобро да се испие кафето – виртуелно во Париз со некој ваш близок, или дома во пријатна атмосфера? На виртуелна изложба во Њујорк веднаш и сега, или на таа иста изложба, но со сите они претходни подготовки месеци и месеци за да се „летне“ позади барата?

Кристијан Арсовски, ТМФ

Кристијан Арсовски/ ТМФ

Фотографии: Јордан Ѓорески, Миладин Паповиќ

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics