• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Модните фотографи Марио Тестино и Брус Вебер обвинети за сексуално злоставување

Од stylist @StylistMKD · На јануари 15, 2018

testino weber Сексуалното малтретирање не познава родова поделеност, туку се работи за искористување на моќ. Дека не се само жените жртви на сексуално злоставување покажа приемерот со Кевин Спејси, но и новиот скандал кога неколку манекени ги обвинија познатите модни фотографи Марио Тестино и Брус Вебер. Во саботата во New York Times беше објавена сторија за неколку манекени и асистенти кои се здружија со цел заеднички да подигнат обвинение против едни од најпознатите фотографи во модниот бизнис за бројни и разни сексуални напади и злоставувања за време на фотосесиите. Тестино и Вебер се на врвот во својата професија, имаат сработено бројни рекламни рекламни кампањи и фотосесии за најзначаните модни магазини, ги фотографирале најпознатите пејачи и актери во оразни проекти. Тестино е познат и по фотосесиите со принцезата Дајана, и е омилен фотограф на британското кралско семејство. За Брус Вебер ова не е прво обвинување, пред неколку месеци манекенот Џејсон Бојс откри секскуално малретирање, а со Тестино сега се обвинети од страна на 13 манекени и двајца негови асистенти за повеќе злоставувања, сексуални напади и недолично однесување пред нив. Вебер во изјава ги негираше обвинувањата: „Потполно сум шокиран и тажен поради срамотните тврдења што се направени против мене, кои што апсолутно ги негирам“, стои во изјавата пренесена преку адвокатот на фотографот. Адвокатска фирма која го претставува Тестино, во писмото одговори дека поединците кои зборувале со New York Times „не можат да се сметаат за сигурни извори“. На твредењата на манекените реагираше издавачката куќа Condé Nast, која стои зад Vogue, Vanity Fair, GQ, W, Glamour и други списанија, како и Ана Винтур, уредничката на американски Vogue и креативен директор на изданијата на куќата, кои уште во саботата потврдија дека соработката со Тестино и Вебер ја ставаат на пауза на неодредено време, иако и двајцата се долгодишни соработници во нивните списанија. Condé Nast во исто време најави дека забранува алкохол за време на нивните фотосеси и ангажирање на модели помлади од 18 години, а секое снимање кое вклучува голотија, проѕирна облека, долна облека, костими за капење, симулирана употреба на дрога и алкохол, или сексуално сугестивни пози, мора да бидат одобрени од самиот модел. „Дури и кога ги застапуваме жртвите на злоупотреба и несоодветно однесување, мораме да се погледнеме во огледало – и да се прашаме дали правиме сé за да ги заштитиме оние со кои работиме, за да не се случи неприфатливо однесување на наш терен. Се појавија обвиненија против Брус Вебер и Марио Тестино, кои беа тешки за да ги чујам и да се соочам со нив со скршено срце. Двајцата се мои лични пријатели кои направија извонредни придонеси за Vogue и многу други изданија на Condé Nast во текот на годините, и двајцата издадоа приговори или негирања. Силно верувам во вредноста на каење и прошка, но ги земам обвинувањата многу сериозно, а ние во Condé Nast одлучивме да го ставиме работниот однос со на мирување“, напиша Ана Винтур во своето соопштение.   *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Conde NastVogueАна ВинтурБрус ВеберМарио Тестиномоден фотографсексуално злоставувањеСкандал
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 valentino моден монитор

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

  • hm моден монитор

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

  • mytime nikola ristanovski моден монитор

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics