• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
фото галерија 0

Есенската модна приказна на Никола Петровски раскажана преку фотообјективот на Владимир Видановски

Од Ана Несторовска · На септември 26, 2014

Nikola Petrovski fotosesija

Инспириран од мрачната, но истовремено и убава страна на колекцијата есен-зима 2014 на етаблираниот дизајнер Никола Петровски, талентираниот битолски фотограф Владимир Видановски  неодамна ја сними фотосесијата наречена „Plains“. Тој даде свој, фотографски поглед на машките и женски креации од линијата, што Петровски ја претстави на Моден викенд-Скопје и на Битолската модна недела. И покрај врнежливото време исполнето со грмотевици, тимот, кој го сочинувале и моделите Ивана Дуковска (од агенцијата „Метрополис“) и Вања Трампевски („Подиум“), како и Марина Цигарида, задолжена за шминката, направи успешен едиторијал. Фотографиите ексклузивно ви ги претставуваме на Stylist.mk.

Nikola Petrovski fotosesija (2)

Облека: Никола Петровски; Фото: Владимир Видановски; модели: Ивана Дуковска („Метрополис“) и Вања Трампевски („Подиум“); шминка: Марина Цигарида

-Фотосесијата се случи по иницијатива на самиот Владимир Видановски, кој уште по прикажувањето на колекцијата на Битолската модна недела ми пиша дека веднаш добил идеја каква фотосесија би изработил за колекцијата. Ме праша дали сум заинтересиран, на што одговорив „зошто да не, секогаш сум за било каква креативна соработка“. Но, поради зафатеност со обврски во текот на летото, конечно успеавме да се видиме дури на почетокот на септември,  да поразговараме и да увидиме дека и двајцата имаме исто размислување околу самата фотосесија, местата на кои би се случувала и атмосферата која сакаме да ја постигнеме на фотографиите-раскажува Петровски.

Nikola Petrovski fotosesija (3)

фото: Владимир Видановски

Креаторот ги контактирал своите омилени модели во моментов, Ивана Дуковсака и Вања Трампевски, и својата блиска пријателка,  задолжена за шминката – Марина Цигарида од AVON,  за кои сметал дека успешно ќе ја доловат приказната.
-Одлучивме да фотографираме во единствениот термин во кој можевме сите да се собереме, без разлика какво ќе биде времето (и ако имавме одредени желби). Тргнавме на фотосесија по време баш какво што не сакавме, со многу силно Сонце… Но само што ги одбравме локациите времето се промени се наоблачи, се раздува па во текот на фотосесијата и неколку пати заврна и грмеше. Радоста и убавата енергија во текот на работата беше заразна,  бидејќи го имавме она што го посакувавме и верувавме дека резултатите се одлични…Така на крај мислам дека имаме квалитетни фотографии со успешно  доловена приказна за двајца млади (уметникот и неговата муза) кои се разделуваат, а сè уште се љубат, нивните внатрешни битки, страдања и болки-вели креаторот.

Nikola Petrovski fotosesija (4)

фото: Владимир Видановски

Токму љубовта е главна инспирација за оваа колекција на Петровски. Преовладуваат потемни бои и шари како од сликарски платна, а повеќето од моделите се и рачно досликани. Формите на моделите се инспирирани од 70-тите и 90-тите години од минатиот век, а материјалите се претежно природни (волна, памук, лен) или мешавина со вискоза, полиестер или ликра. Моделите се наменети за луѓе со слободен дух, храбри и сигурни во себе и своето јас. Додатна инспирација за моделите е музиката , која секогаш е  составен дел од процесот на создавање на неговите линии.

 

Nikola Petrovski fotosesija (5)

фото: Владимир Видановски

Nikola Petrovski fotosesija (6)

фото: Владимир Видановски

Nikola Petrovski fotosesija (7)

фото: Владимир Видановски

Nikola Petrovski fotosesija (8)

фото: Владимир Видановски

Nikola Petrovski fotosesija (9)

фото: Владимир Видановски

70-тите90-титеAVONљубовБитолаБитолската модна неделаВања ТрампевскиВладимир Видановскиесен-зима 2014Ивана Дуковскамакедонски дизајнериМарина ЦигаридаМоден викенд-СкопјеМодна недела во БитолаНикола Петровскиуметност„Метрополис“„Подиум“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 фото галерија

    Отворен „Лаб дизајн маркет“ во „Лабораториум“ – нов изложбен простор на македонските дизајнери и занаетчии

  • 2 фото галерија

    Носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE – модниот настан на студентите на ТМФ омаж на Пикасо и шпанската уметност

  • 1 tmf revija фото галерија

    Автентичност тема на завршната модна ревија на студентите на ТМФ

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • hm

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

    декември 4, 2025
  • mytime nikola ristanovski

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

    ноември 20, 2025
  • 1stefanija

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

    ноември 13, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics