Деновиве во културниот центар „Лабораториум“ во центарот на Скопје се случи отворањето на изложбениот (и продажен) салон „Лаб дизајн маркет“, како заедница на македонски дизајнери и занаетчии. Ова не беше само еднократен настан, организаторите најавија дека маркетот ќе работи од вторник до сабота, во периодот од 12 до 18 часот.
Идејата и целта на заедницата обединета под „Лаб Дизајн маркет“ е да да им се понуди на македонските дизајнери најдобриот начин на поддршка, а тоа е продажба на нивните производи, директно во маркетот и на интернет продавницата. Овој изложбен салон нуди разни производи од полето на текстилот, накитот, модните додатоци, како и индустриски производи и мабел.
Во „Лабораториум“ во рамките на маркетот изложуваат повеќе македонски дизајнери и артисти чија авторска творба ја каратеризираат рачна изработка и фокус кон еколошките и одржливи принципи, како „Лудус“, Ена Зафировска, „Капка“, “Еклектика“, Le Brand, Ксенија Котев, Марта Пејоска, АРМА, Марија Милошевска и други.
Нема коментари