• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Серија свечени креации и бајковиден приказ на Олгица Ѓоргиева во финишот на FWSK

Од stylist @StylistMKD · На април 6, 2015

1 olgica gjorgieva

Десет ексклузивни модели на Олгица Ѓоргиева инспирирани од светот на бајките и претставени преку танцов перфоманс беа прикажани за крај на овосезонското издание на Моден викенд-Скопје, што изминативе денови се случуваше во новата катна гаража „Солунски конгрес“. Дизајнерката Ѓоргиева преку колекцијата „Одберија ја својата бајка“ за пролет-лето 2015 најави свечени фустани за принцези, Пепелашки, Снежани и Црвенкапи кои лесно може да се преведат и како матурски креации. Манекенките од агенцијата „Подиум“ два дена се подготвуваа со неколку танчери од студиото „Прима данца“ за модно-танцовата приказна што ја прикажаа на пистата со референци на неколку омилени бајки. Олгица за колекцијата избра светла палета бои, но и неколку креации во црна и интензивно црвена боја. Во нејзините модели доминираат набори, волумензни здолништа до колена и ткаенини украсени со светки и тантела.

2 olgica gjorgieva1

2a olgica gjorgieva

Големо внимание привлече аголот посветен на проектот на блогерката Јована Зука и „Фешн груп Македонија“ наречен „Џинсоманија“ и кој се состои од капсулна колекција на маички со порака. Блогерката поттикната од безвременските комбинации од фармерки и маички осмисли шест натписи кои се игра на зборови поврзани на темата џинс, како Jeans Paul Gaultier, Carpe Denim, Шармерки во фармерки, а кои се отпечатени на бели памучни маици.

3 jeansomania

Во свечено расположение на вчерашниот трет ден на FWSK беа Дејан Тодоровиќ, Hera Couture и модната куќа „Менакон“ од Косово. Тодоровиќ кој прв пат настапува на Моден викенд-Скопје ја прикажа колекцијата Happy составена од вечерни фустани од претежно светкави ткаенини, припиени кроеви и саксапилни изрези.

5 dejan todorovic

Тимот на модната куќа Hera Couture инспириран од животот на Марија Калас предлага свечени вечерни фустани и комбинезони во интензивни бои од ткаенини со ефект на прелевање на нијанси и украсени со циркони. Модната куќа „Меркакон“ претстави свечени креации кои се дел од колекцијата „Спиритуализам“.

4 hera

Во програмата на FWSK видовме и колекција која ги следи потребите на деловната жена. Домашната модна куќа „Линеа“ понуди серија на панталони, блузи и фустани во различни бои и принтови, како и модели инспирирани од Африка што може да се забележи во животински и принт инспириран од африканските племиња. Покрај модни парчиња од тркаенина, видовме и креации од свежо цвеќе преку „Пролетна магична приказна“, проект на Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе  „ФА-БУ “. Офцијалниот дел од Моден викенд-Скопје заврши вчера, но организацијата за 17 април ја најавува презентацијата на новата колекција на Mcouture by Mila Kadriu. (К.Т./ Фото: Ани и Дими)

6 linea

Колекција на „Линеа“

IMG_5479 copy

Цветови како материјал за фустани од „ФА-БУ“

 

G38A7232

Модно-танцов перформанс на Олгица Ѓоргиева

_B2C0634

Меѓународна фото изложба „Модата и културното наследство“ организирана од Британски совет во Македонија и Британскиот моден совет

hera

Hera

dejan tordorovic

Колекција Happy на Дејан Тодоровиќ

IMG_6045

FWSKЈована ЗукаДејан Тодоровичмакедонски дизајнериМенаконМоден викекд-Скопјемоден перформансМодна куќа HERAмодна ревијаОлгица Ѓоргиевапролет-лето 2015„Џинсоманија”„Линеа“„Фешн Груп Македонија“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics