• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Серија свечени креации и бајковиден приказ на Олгица Ѓоргиева во финишот на FWSK

Од stylist @StylistMKD · На април 6, 2015

1 olgica gjorgieva

Десет ексклузивни модели на Олгица Ѓоргиева инспирирани од светот на бајките и претставени преку танцов перфоманс беа прикажани за крај на овосезонското издание на Моден викенд-Скопје, што изминативе денови се случуваше во новата катна гаража „Солунски конгрес“. Дизајнерката Ѓоргиева преку колекцијата „Одберија ја својата бајка“ за пролет-лето 2015 најави свечени фустани за принцези, Пепелашки, Снежани и Црвенкапи кои лесно може да се преведат и како матурски креации. Манекенките од агенцијата „Подиум“ два дена се подготвуваа со неколку танчери од студиото „Прима данца“ за модно-танцовата приказна што ја прикажаа на пистата со референци на неколку омилени бајки. Олгица за колекцијата избра светла палета бои, но и неколку креации во црна и интензивно црвена боја. Во нејзините модели доминираат набори, волумензни здолништа до колена и ткаенини украсени со светки и тантела.

2 olgica gjorgieva1

2a olgica gjorgieva

Големо внимание привлече аголот посветен на проектот на блогерката Јована Зука и „Фешн груп Македонија“ наречен „Џинсоманија“ и кој се состои од капсулна колекција на маички со порака. Блогерката поттикната од безвременските комбинации од фармерки и маички осмисли шест натписи кои се игра на зборови поврзани на темата џинс, како Jeans Paul Gaultier, Carpe Denim, Шармерки во фармерки, а кои се отпечатени на бели памучни маици.

3 jeansomania

Во свечено расположение на вчерашниот трет ден на FWSK беа Дејан Тодоровиќ, Hera Couture и модната куќа „Менакон“ од Косово. Тодоровиќ кој прв пат настапува на Моден викенд-Скопје ја прикажа колекцијата Happy составена од вечерни фустани од претежно светкави ткаенини, припиени кроеви и саксапилни изрези.

5 dejan todorovic

Тимот на модната куќа Hera Couture инспириран од животот на Марија Калас предлага свечени вечерни фустани и комбинезони во интензивни бои од ткаенини со ефект на прелевање на нијанси и украсени со циркони. Модната куќа „Меркакон“ претстави свечени креации кои се дел од колекцијата „Спиритуализам“.

4 hera

Во програмата на FWSK видовме и колекција која ги следи потребите на деловната жена. Домашната модна куќа „Линеа“ понуди серија на панталони, блузи и фустани во различни бои и принтови, како и модели инспирирани од Африка што може да се забележи во животински и принт инспириран од африканските племиња. Покрај модни парчиња од тркаенина, видовме и креации од свежо цвеќе преку „Пролетна магична приказна“, проект на Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе  „ФА-БУ “. Офцијалниот дел од Моден викенд-Скопје заврши вчера, но организацијата за 17 април ја најавува презентацијата на новата колекција на Mcouture by Mila Kadriu. (К.Т./ Фото: Ани и Дими)

6 linea

Колекција на „Линеа“

IMG_5479 copy

Цветови како материјал за фустани од „ФА-БУ“

 

G38A7232

Модно-танцов перформанс на Олгица Ѓоргиева

_B2C0634

Меѓународна фото изложба „Модата и културното наследство“ организирана од Британски совет во Македонија и Британскиот моден совет

hera

Hera

dejan tordorovic

Колекција Happy на Дејан Тодоровиќ

IMG_6045

FWSKЈована ЗукаДејан Тодоровичмакедонски дизајнериМенаконМоден викекд-Скопјемоден перформансМодна куќа HERAмодна ревијаОлгица Ѓоргиевапролет-лето 2015„Џинсоманија”„Линеа“„Фешн Груп Македонија“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • dolce gabbana ревии

    Луксузни креации на Долче и Габана инспирирани од познати опери

  • chanel (7) ревии

    На ревијата Chanel Métiers d’Art како во апартманот на Коко Шанел

  • 1 valentino ревии

    Valentino Daydream: Ревија на висока мода на „Валентино“ во Пекинг

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • AcquadiParma_kv_groupagenero_orizzontale_isocoated

    Signature of the Sun – Нова колекција парфеми од брендот Acqua di Parma

Модна азбука

  • КАФТАН-долга горна облека без крој

    април 28, 2016

Видео

  • Willow 2

    „Врбина зора“ нова музичка тема на Џајковски за филмот „Врба“ на Манчевски

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 4

    Магична еуфорија во Скопје Мериот хотел и Дистрикт бар и ресторан

    декември 13, 2019
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Ролка + елегантно сако

    декември 13, 2019
  • 3K1A0774

    INFINITY Bride-2020: Новата колекција на венчаници на Антонија Ристовска ја слави бесконечноста на љубовта

    декември 12, 2019
  • bb8cf81b8802c1ecf9fb27772d8798f4

    Никол Кидман, Марго Роби и Шарлиз Терон на премиерата на Bombshell

    декември 12, 2019
  • AcquadiParma_kv_groupagenero_orizzontale_isocoated

    Signature of the Sun – Нова колекција парфеми од брендот Acqua di Parma

    декември 12, 2019

Убавина

  • 2

    Нина Добрев ново заштитно лице на Dior Beauty

    декември 2, 2019
  • Objava jpg (1)

    Black Friday започна – Најдобрите попусти во Anabella парфимерии

    ноември 29, 2019
  • ????????????????????????????????????????????????

    Black Friday попустите пристигнуваат во MAC Cosmetics!

    ноември 28, 2019
  • 1. Objava

    Подготвени за Black Friday? Одбројувањето почнува сега!

    ноември 26, 2019
  • hbz-beauty-vanity-jeanne-damas-04

    Пет тајни за убавина на Французинките

    ноември 25, 2019

Живот

  • 4

    Магична еуфорија во Скопје Мериот хотел и Дистрикт бар и ресторан

    декември 13, 2019
  • ??????????????????????????????????????????

    Престижна награда за Завар дизајн German Design Award 2020 во категоријата Excellent Product Design Energy

    декември 11, 2019
  • IMG_0676

    Селен и цинк најдобри сојузници за подобрување на имунитетот

    декември 4, 2019
  • FOTO 1 (1)

    Пивара Скопје освои највисоки награди од Министерството за економија за проектите за едукација на младите и за етичко управување

    декември 3, 2019
  • 2

    Во тек е Skopje Design Week, еве што е на програмата викендов

    ноември 29, 2019

Култура

  • kreativa Dino

    Пијанистот Дино Имери најавува „Зимска бајка“ во пресрет на празниците

    декември 6, 2019
  • Willow (1)

    „Холивуд репортер” со извонредна рецензија за „Врба“

    декември 6, 2019
  • 1 (3)

    Техно кралицата Deborah De Luca во Скопје

    декември 6, 2019
  • honeyland (1)

    „Медена земја“ со две нови признанија од Њујорк

    декември 5, 2019
  • James-Bond-No-Time-to-Die-film

    Објавен трејлерот за новиот Џејмс Бонд филм

    декември 5, 2019

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит насловна страница рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics