Нашата манекенка Горјана Кулишевска позната како Џоја зад себе има долгогодишна домашна и интернационална кариера. Пред две недели престојуваше во Белград каде сликаше нов едиторијл за српското издание на модниот магазин Elle. Целото снимање и фотографирање се случи во реновираниот хотел „Бристол“ во Белград, а зад објективот беше познатиот фотографски двоец Данило и Шарон.
-Грациозна и префинета нашата Џоја совршено се вклопи во гламурозниот амбиент на целата кампања. Кулишевска е веќе долги години под договор со Јелена Ивановиќ и нејзината модна агенција J’s Management. По престојот во Милано и Париз нашата манекенка работеше на многу модни кампањи и со врвни дизајнерски брендови како Alexander McQeen и MOSCHINO. Само да се подсетиме дека нашата убавица често ја бараат во соседна Србија, минатата година беше заштитно лице на брендот „Мона“, а воедно беше и во летниот број на голем едиторијал во престижното модно списание Marie Claire – ни посочија од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент.
Нема коментари