Една од нашите најуспешни интернационални модели Горјана Кулишевска–Џоја веќе со години работи за многу светски брендови и дизајнери, а неодамна настана и соработката со врвниот бренд за козметика L’Oréal. Оваа козметичка компанија во соработка со модната куќа Муглер ја содаде линијата L’Oréal x Mugler, а како есклузивно лице на оваа козметичка линија е познатата Кендал Џенер, Но во новата кампања се појавува и нашата грациозна убавица Џоја.
-Кулишевска е веќе долги години под договор со Јелена Ивановиќ и нејзината модна агенција, па токму затоа по нејзиниот престој во Милано и Париз работеше на многу модни кампањи и врвни дизајнерски брендови како Alexander McQueen и MOSCHINO. Со последната козметичка кампања од светски рамки за веќе докажан светски бренд, Џоја освен по убавината и нејзините совршени пропорции ќе остане запаметена како единствената македонка која ја имала таа чест и привилегија да работи за светски бренд за козметика – изјавија од нејзината матична агенција Моделс ИН од Скопје кои веќе девет години веруваат во неа и се презадоволни од нејзините светски модни успеси.
Нема коментари