• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
хајтек 0

Терминал за брза наплата – решение за шалтерските турканици при плаќањето сметки

Од stylist @StylistMKD · На јуни 1, 2015

Platezen terminal

Компанијата PayNet за првпат на македонскиот пазар понуди најсовремен, безбеден и иновативен систем за ефикасна наплата на сметки преку платежни терминали. Тие содржат единствено решение за сите потреби за плаќање на режиски сметки, како на пример, сметки за водовод и канализација, радиодифузна такса, за мобилна и фиксна телефонија, кабловска телевизија и интернет од операторот One и од Blizoo, како и за плаќање на јавни давачки – такси, казни и даноци.

Начинот на плаќање е првенствено во готовина, но на кориниците им се нуди алтернатива, односно можност да креираат своја виртуелна сметкаили „е – паричник“ во системот на PayNet. Тие тука ќе можат да ги зачуваат своите парични средства преку терминалот, со внесување на готовина, или преку платежни картички, и слободно да вршат електронски трансакции. Наплатата се врши на едноставен начин, а просечното време на трансакција е помалку од една минута. Исто така, плаќањето сметки е овозможено и на веб страната на PayNet Македонијаи преку мобилна апликација.

Платежните терминали се достапни 24 часа и 365 дена во годината, а ќе бидат поставени на територијата на целата земја, најпрвин во централните градски подрачја, а потоа и во руралните области.

Станува збор за високо безбеден уред за самоуслужување кој функционира многу едноставно. На мониторот на платежниот терминал се врши избор на услугата за која се врши плаќањето, а потоа се внесува корисничкиот број од сметката или бројот на фактура. Во терминалот се внесува готовина, брзо се процесира наплатата, по што излегува испечатена потврда за извршено плаќање. По завршување на тансакцијата, која трае помалку од една минута, се добива конфирмација за извршеното плаќање на сметка по пат на смс порака.

Сигурносниот систем на платежниот терминал, кој е особено важен, е изработен на интерна ИТ-мрежа, со безбедносна камера со која се снимаат сите трансакции и активности, има вградени аларми, а постојат и посебни безбедносни процедури за реконструкција на трансакцијата.

- Секојдневно, голем дел од граѓаните во Македонија се оптоварени со чекање во долги редици за да платат сметки.Нашата цел е да го решиме овој проблем и да го направиме процесот на плаќање многу полесен, посигурен и да овозможува комодитет. Нашиот систем е наменет за сите граѓани – за оние кои што го преферираат користењето на готовина ги воведовме платежните терминали, а за оние кои веќе користат платежни картички и електронско банкарство за плаќање сметки го воведовме е-паричникот. Kреиравме и бесплатна мобилна апликација (за iOS и Android) и веб страна за граѓаните да имаат полесен пристап до својата сметка. PayNet постојано работи на обезбедување на нови услуги и функционалности на системот, изјави Темирмалик Шомансуров, извршен директор на PayNet, Македонија.

Платежните терминали функционираат по модел базиран на провизија, која се наплаќа од процесираната сума. Најголем дел од услугите се без провизија, односно истата се наплаќа од страна на давателите на услугите (компаниите). Но, постојат и услуги за кои се наплаќа провизија од корисниците, односно тие што го вршат плаќањето. Станува збор за јавни давачки – такси , даноци и слично, за кои генерално се наплаќа провизија и на веќе постоечките наплатни места (испостави, банки, пошта). За детални информации околу висината на провизиите на платежните терминали корисниците можат да се информираат на веб страната на PayNet Македонија.

Средствата за плаќање од платежните терминали директно се процесираат преку една од водечките банки кај нас, НЛБ Тутунска банка, а воедно и целиот проект е овозможен во соработка со оваа банка.

„НЛБ Тутунска банка, како современа банка што континуирано ги следи новите технолошки достигнувања, во рамките на проектот за плаќање сметки на платежни терминали, се јавува како банка-партнер и поддржувач на ова иновативно решение. Во PayNet препознавме технолошки напредна компанија подготвена за примена на современи самоуслужни решенија кои овозможуваат поголема достапност и поедноставен и побрз пристап. Клиентите, особено младата генерација, брзо ги прифаќа новитетите што им се нудат, поради бројните придобивки кои ги носат, односно заштедуваат време и средства, достапни се до клиентот 24 часа и седум дена во неделата. Тие се безбедни решенија што овозможуваат едноставно, прегледно и лесно користење“, изјави Игор Давчевски, Директор на сектор за платни системи во НЛБ Тутунска банкаАД Скопје.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 (4) хајтек

    Создадени првите Viber стикери со македонски знаковен јазик

  • cover-peshak2 хајтек

    Challenger – македонска мобилна апликација која те наградува додека пешачиш и трчаш

  • HUAWEI P40 lite хајтек

    Дополнете го вашиот карактер со новиот HUAWEI P40 lite

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics