• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Здрава исхрана во модерно време

Од stylist @StylistMKD · На ноември 20, 2019

1_Дневен настан_едукативен дел

Во очи јубилејниот 40-от роденден, светската, водечка компанија за здрава храна Herbalife Nutrition, во понеделникот 18.11.2019 година, организираше два свечени настани во хотелот Мериот.

Дневниот настан кој беше отворен за новинарите беше посветен на темите: здравиот начин на живот во денешното брзо време, како и на глобалната иницијатива Nutrition for Zero Hunger. Водител на овој едукативен настан беше почитуваната Билјана Дебарлијева, а во рамките на настанот како гости предавачи свое излагање имаа новиот директорот на Herbalife Nutrition одговорен за регионот на Југоисточна Европа, г. Горан Николиќ и др. Јонатан Јаром, спортски лекар и медицински директор на Медикс – Центарот за спортска медицина во рамките на олимпискиот комплекс во Тел Авив.

Горан Николиќ зборуваше за начелата на компанијата, како и за нејзината мисија и визија во исхраната.

2_Дневен настан_прес

Едукативен дел за време на прес конференцијата

„Следната година го славиме 40-от роденден на компанијата, како и нејзината визија за поздрав живот. Компанијата Herbalife Nutrition е присутна во преку 94 земји во светот, имаме повеќе од 8000 вработени луѓе во компанијата, со годишен обрт од приближно 5 билиони долари, покрај производите за исхрана произведуваме и суплементи за спортисти, како и производи за нега на кожа, а тоа е нешто на што навистина треба да сме горди. Исто така, имаме околу 3000 вработени научници, многу од нив се светски признати во своите области, кои ни помагаат во развојот на нашите производи и кои се грижат за тоа сѐ што ќе излезе од нашата компанија биде 100% сигурно и 100% високо квалитетно. Кога веќе сме кај квалитетот- една од најважните работи во компанијата, имаме агенда која се вика “from seed to feed”, а тоа значи дека сѐ што се сади се проверува од семе, па до крајниот производ и тоа низ сите фази на изработка, како сѐ би било складно со нашата мисија.“

3_Дневен настан_дел од присутните

Дел од присутните на дневниот настан

За недостатокот од правилна исхрана, болестите на модерното време, дебелината и проблемите што ги носи со себе, зборуваше др. Јаром.

„Дефиниција за здравје е отсутност на болести. Не е сѐ во генетиката, иако сите ние имаме тенденција да ја кривиме токму неа за нашите проблеми. Кај многу мал број луѓе, генетиката влијае на одредени проблеми, но генерално кажано нејзиното влијание е само 30 %, така 15 % влијание има социјалната средина… Еден од најголемите непријатели е прекумерната телесна тежина, половина Европа е со покачена тежина, а дури 8 % е со прекумерна тежина која се вбројува под болест… Дебелината со себе носи и „список“ на 26 болести кои можат да не убијат… Двете работи кои најмногу се поврзани со прекумерната телесна тежина се недостатокот од физичка активност и лошиот начин на исхрана, 25 % физичка активност и 75 % исхрана… Доколку секојдневно внесуваме само 70 калории повеќе од она што му е потребно на нашиот организам, за 30 години ќе накачиме 15 килограми….“

Др. Јонатан Јаром

Др. Јонатан Јаром

Покрај проблемот со зголемена телесна тежина, како и проблемите што ги носи со себе, доктор Јаром зборуваше и ја презентираше спортската линија производи Herbalife 24.

Завршен збор како гостин-предавач имаше г. Николиќ, кој што потсети на општествената одговорност на компанијата и зборуваше за глобалната кампања Nutriton for Zero Hunger.

Компанијата Herbalife Nutrition во соработка со Feed the children ја покренаа оваа глобална иницијатива, со која заложија 2 милиони долари наменети за борбата против гладот во светот, како би овозможиле достапност на добра храна, и за борбата против сѐ поголемиот пораст на телесна тежина. Иницијативата, со помош на непрофитни партнери, ќе се фокусира на обезбедување пристап до здрава храна, подобрување на едукацијата за исхрана, откривање одржливи ресурси на храна и на подигнување на свеста за глобалната криза.

„Иницијативата „Nutrition for Zero Hunger“ работи на клучни пандемични проблеми и се надеваме дека преку соработката со нашите партнери, ќе изградиме свет во кој секој ќе има пристап до квалитетна храна и исхрана.“

5_Вечерен настан_Г.Николиќ

Вечерен настан

Со помош на љубезниот персонал од хотел Мериот, како и на бендот New Indigo, после едукативниот дел следеше забавен дел и коктел од здрави напитоци и здрава храна.

На вечерниот настан насловен како Open Day со доктор Јонатан Јаром, член на советодавниот одбор на Herbalife Nutrition, кој беше во организација на независните членови на Herbalife Nutrition Северна Македонија, присуствуваа голем број учесници, меѓу кои и познати личности. Вечерната програма ја водеа шармантните Кармен Михајлоска и Бранислав Калеовски. Доктор Јонатан Јаром имаше подолго излагање за здравјето, освртувајќи се на позитивниот бенефит на производите на Herbalife Nutrition врз човечкиот организам, зборуваше и за тоа како можеме да му помогнеме на нашиот организам да се избори со стресот, падот на енергија и слични проблеми во текот на денот, како и на кој начин да си го трансформираме телото и да му помогнеме да функционира подобро. Бевме сведоци и на физичките трансформации кај дел од присутните гости кои ги користат производите на Herbalife Nutrition и ги чувме нивните позитивни искуства. Во текот на вечерта гостите уживаа во дегустацијата на добропознатите шејкови на Herbalife Nutrition, придружувана со музика во живо изведена од страна на DJ Катерина Чедомирски и Љупчо Чедомирски Sax, како и во наградната игра.

6_Вечерен настан_дегустација на шејкови

Дегустација на шејкови

За Herbalife Nutrition
Herbalife Nutrition е глобална нутриционистичка компанија чијашто цел е светот да го направи поздрав и посреќен. Компанијата е на мисија за исхрана – им го менува животот на луѓето со одлични нутриционистички производи и програми уште од 1980 г. „Заедно со нашите Herbalife Nutrition Независни дистрибутери, посветени сме да обезбедуваме решенија за неправилната исхрана и претераната дебелина, брзото стареење и огромните трошоци за јавно здравство, а истовремено им нудиме деловна можност на претприемачи од сите возрасти“. Herbalife Nutrition нуди висококвалитетни производи поткрепени со наука, од кои повеќето се произведуваат во објекти на компанијата, индивидуализирана обука со Независен Дистрибутер на Herbalife Nutrition и поддршка од заедница што ги инспирира клиентите да водат поздрав, поактивен начин.

Преку своите заложби за корпоративна општествена одговорност, Herbalife Nutrition ја подржува Herbalife Nutrition Foundation (HNF) и нејзините Casa Herbalife програми и помага на децата од ранливи категории да им се обезбеди здрава исхрана. Herbalife Nutrition се гордее што е спонзор и на повеќе од 200 врвни светски спортисти, тимови и настани во целиот свет.

4_Вечерен настан_др.Јаром

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

  • KID-EXPO--poster животен стил со...

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics