• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

„Холивуд репортер” со извонредна рецензија за „Врба“

Од stylist @StylistMKD · На декември 6, 2019

Willow (1)

Прославениот филмски магазин „Холивуд репортер“ објави извонредна рецензија за „Врба“ на Милчо Манчевски. „Холивуд репортер“ е меѓу трите најголеми светски филмски магазини, заедно со „Вараети“ и „Скрин интернешенал“, кој пак исто така имаше одлична рецензија за филмот на Манчевски.

„Фасцинантен… заслепувачки…“, вели во рецензијата Дебра Јанг, една од најреномираните американски критичарки, која е добар познавач на делото на Манчевски уште од неговиот прв филм „Пред дождот“.

Таа вели дека со „Врба“ Манчевски се враќа во својата родна Македонија.

„Три жени копнеат за мајчинство во „Врба“, филм чии сензуални слики и временски периоди кои продираат еден во друг потсетуваат на незаборавниот „Пред дождот“ на Манчевски кој во 1994 освои Златен лав во Венеција. Временската рамка скока од Средниот век до денес, но темата за мајчинството е бевременска и универзална“, вели Јанг и продолжува:

„Комплексноста на овој навидум едноставен филм е како една приказна се влева во другата, и ја осветлува на неочекувани начини. Пример за ова е како Манчевски ги споредува ритуалите, молитвите и жртвите што стерилните средновековни двојки ги изведуваат за да добијат дете со модерните практики како вештачко и ин витро оплодување: колку се слични надежта и очекувањата на идните родители; колку непредвидлив е успехот или неуспехот на лекот“, вели Јанг.

„Најфините филмови на Манчевски – а овој секако е меѓу нив – се обележани со врвна емотивна слика и уверливо командување со камерата, што често користи екстремно крупни планови за да ја одбележи телесноста во клучните емотивни моменти. Во првата епизода, кинематографијата на Тамаш Добош е со заслепувачка текстура и создава елементарен свет од житните полиња, праисториските камења и испотените, неизбришани лица. Но сите ликови се внимателно изградени и фасцинантни. Како врбата од насловот на филмот, што е асоцијација за отпорност, како и за липање, тие се соочуваат со солзлива гама на човечки катастрофи и се изборуваат. Актерите се импресивни, но никогаш не најавуваат каде тргнале, всушност, расплетот на прикаските е непредвидлив, а крајот, иако убедлив, остава многу простор за размислување“.

Јанг вели дека младата Сара Климоска и Никола Ристески се „убедливи во нивните инстиктивни, нецензорирани реакции“, а „прекрасното Хеловин лице на Ратка Радмановиќ која ја игра неумоливата вештерка е за кошмари“, додека Камка Тоциновски игра со „природност до крајни граници“.

„Оваа приказна за копнежот да се стане родител, со убавиот изглед и префинетата актерска екипа ќе ги наполни арт кината“, предвидува „Холивуд репортер“.

Линкот до рецензијата во „Холивуд репортер“: https://www.hollywoodreporter.com/review/willow-1259785

 

Hollywood ReporterWillowВрбамакедонски филмМилчо Манчевскифилмфилмска критика
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2V7A7475 филм

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

  • megalopolis филм

    Програма на јубилеи во месец октомври во Кинотека

  • ??????????????????????????? филм

    Свечено доделување на „Златниот објектив” на Столе Попов

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics