Режисеркиот тим Radio Silence само што ја запозна Алисон Милер, знаеше дека таа е совршена за улогата на милата, штотуку венчана Саманта Мекол во нивната верзија на хорот филомот „Детето на злото“. Дваесет и осумгодишната актерка, која е родена во Рим, но порасната во Кентаки и Флорида, се проби во Холивуд со своите гостувања во сериите „Општа болница“, „ЦСИ: Њујорк“, „Очајни домаќинки“, „Бостонските адвокати“. Во серијата Terra Nova (Нова земја) продуцирана од Стивен Спилберг ја толкува улогата на Скај Тејт, но шоуто се снимаше само една сезона. Слична судбина имаа и сериите Go On со Метју Пери и Kingsheld promise со Ијан Мекшејн во кои се појави Милер. На големото платно ја толкуваше девојката на Зек Ефрон во филмот „Повторно 17“, а се појави и како Алис Меки во „Крв: Последниот вампир“.
„Детето на злото“, кој од 6 февруари (четврток) ќе се емитува во скопското кино „Синеплекс“, е современа верзија на приказната од култниот филм „Розмариното бебе“. Работено е според сценариото на Линдзи Девлин и Зои Грин, во режија на Мет Бетинели Олпин и Тајлер Џилет, а главните улоги покрај Алисон Милер ги толкуваат и Зак Гилфор и Роберт Белуши. Дејството на филмот ја следи вљубената брачна двојка Зак и Саманта Мекол која по големата венчавка во црква заминува на тропски меден месец со големи планови за иднината. Меѓутоа, плановите се комплицираат во оној момент кога на патувањето ќе се изгубат и Саманта неочекувано ќе остане бремена. Наспроти тоа, тие продолжуваат да ја слават својата љубов, бележејќи ги сите моменти со видеокамера. Набргу вознемирувачки случувања ќе почнат да укажуваат на тоа дека бебето шти го носи Саманта е олицетворение на вистинското зло.
-Кога го прочирав сценариото, неговата содржина ме прогонуваше со денови. Не можев да ги отрнам мислите од приказната- можеби нешто ми говореше за стравот да се има дете. Се наоѓам во фаза кога сите мои пријатели почнуваат да добиваат бебиња и тоа е нешто кое навистина е релевантно во мојот живот во моментов. Едноставно, не можев да престанам да мислам на тоа откако го прочитав, и почувствував дека е добар знак дека ова е добар филм-вели Алисон Милер во интервјуто обезбедено од MCF MKD.
>>Како ти помина аудицијата за филмот?
-Добро, а никогаш не сум се осетила така. Никогаш не сум се чувствувала толку добро во врска со мојата изведба на аудиција. На оваа имаше многу импровизации и сето тоа ми се чинеше многу природно. Тој стил беше многу полесен за мене.
>>Режисерите Radio Silence велат дека со својата изведба на аудицијата си поставила високи стандарди, по што сите актерки ги споредувале со тебе, велејќи „Добро, па, таа не е Алисон“. Беше ли свесна за тоа?
-Ха, ха, ха! Нема шанси. Навистина немав појма за тоа. Утрото пред да ги запознаам имав друга аудиција, по која се чувствивав навистина лошо, но откако ја поминав нивната аудиција, сè беше подобро. Прозорците ми беа спуштени, ечеше класична музика и чувствував дека тоа беше тоа, ова беше мојата најдобра изведба. Мислев дека можам да отидам на уште две аудиции после тоа!
>>Дали беше свесна кои се Radio Silence?
-Не бев. Имав чуено за V/H/S, и бев запознаена со некои од другите филмаџии поврзани со тој проект, но никогаш ги немав видено.
>>Дали ја погледна нивната работа на YouTube?
-Да, прегледав што Чед, Мет и Роб направиле пред Radio Silence, и добив впечаток дека тие, со нивните дела, се своевидни пионери на YouTube. Тоа ми даде чувство на сигурност покрај нив. Видов дека навистина се креативни, иновативни и амбициозни- ми се допадна тоа што го видов… Бев малку загрижена поради нивното не толку големо искусто, бидејќи јас не сум етаблирана актерка и сметав дека едно од најважните нешта е соработката со искусен режисер, кој си ја знае работата. Но, кога ги запознав момчињата од Radio Silence почнав да запишувам белешки, кои беа навистина остроумни и ми се чинеше дека имаат навистина јасна идеја за тоа што сакаат. Стравот брзо исчезна.
>>Во Radio Silence има четворица- тоа значи четири пати повеќе забава за актерите или четири пати повеќе забуни?
-Секогаш само една личност им даваше забелешки на актерите, друго лице на камерманот, трет надгледуваше како ќе изгледаат специјалните ефекти и четвртиот имаше повеќе улога на продуцент. Штом го сфатите тоа, ќе ви биде многу полесно. Исто така во ова има и систем на проверки и рамнотежа, па така, нема диктатура на сетот – секој има целосен влог. Тоа беше убав заеднички труд.
>>Импресивна е хемијата меѓу тебе и Зак. Дали се познававте претходно?
-Никогаш се немавме сретнато порано. Откако првпат го прочита својот дел, веднаш почувствував дека тој е вистинскиот тип за оваа улога. Неговиот стил е многу резервиран и никогаш не изгледа дека глуми. за мене беше застрашувачки кога дознав дека тој ќе ја толкува улогата на мојот сопруг и дека ќе треба да бидам една половина од уиграна брачна двојка. Имав потреба да почувствувам некаква побрзаност со него… Така почнав да ја гледам Friday Night Lights, и тоа ми помогна. Хемијата со него се разви брзо. Навистина добро се согласувавме. Уште во првата недела од снимањето излеговме на вечера и дознавме што повеќе еден за друг, за нашите животи, па тоа беше добра основа добро да се запознаеме и да се согласуваме на сет. Двајцата имавме многу заеднички нешта. Обата бевме штотукувенчани во своите реални животи, па имаше многу што да се зборува.
>>Колку фактот дека и двајцата сте тазе венчани приватно ви помогна да ги одиграте подобро младенците на филмот?
-Дефинитивно ни помогна. Ни двајцата сè уште немавме стигнато да отидеме на меден месец со нашите партнери, но свадбата и подготовките , како е да се почне живот со некој со кој ќе бидете заедно до крајот… тоа сознание многу ни помогна. Какви се првите кавги, првите издигнувања и падови, сетоа тоа го имавме искусено изминатата година, па така бевме подготвени за тој дел од улогите.
>> Вашите дијалози се чинат многу импровизирани….
-Снимивме неколку сцени според сценарио, а потоа уште неколку со наше надоплнување и видување како треба да се развива сцената. Тоа беше многу ослободувачки. Претходно немам искуено ваков вид на снимање. Имав работено само на филмови и ТВ-проекти каде што сè беше доследно на сценариото и каде што немаше отстапувања… Дури и кај комедиите, каде што би требало да има малку импровизација, не сум имала можност да додадам нешто свое, недвор од сценариото. Многу ми се допадна, посакувам секоја работа да е ваква. Не може туку така да занемариш некој добро напишан текст, но навистина е ослободувачки ако знаеш дека кога почнуваш да снимаш некоја сцена може да се случи било што. Особено кога соработуваш со некој со кој имате заедничка доверба. Тоа е одлично.
>> Нештата стануваат многу мрачни во филмот-дали беше толку страшно на снимањето?
-Воопшто не беше морничаво, напротив мене ми беше забавно. Имаше моменти кога требаше да доловам навистина мрачни емоции, но благодарение на одличната екипа и сет, многу брзо излегував од таа состојба. Постојано имав чувство дека си играме и се зезаме, дури и кога бев покриена со крв и се смрзнував. Гледајќи наназад, сега, од тоа малку ми пролазуваат морници, но кога снимавме навистина уживав.
>>Дали беше забавно од аспект на стилот на кој е снимен филмот?
-Беше навистина интересно. Ми се допадна како го имаа употребено тој стил за снимањето на Chronicle. Од друга страна, пак, го немав гледано „Паранормални активности“, кој исто така е снимен на тој реалистичен начин. Знам дека тоа е тренд во моментов и ми се допаѓа колку допринесува во природноста на филмот.
>> Кој е најпредизвикувачкиот аспект од снимањето во овој стил, од актерска гледна точка?
-Самиот факт дека сме задолжени и за делот со камерата, покрај глумењето, е предизвик. Кога друг актер снима не сакаш му го одвлечеш вниманието и да му попречиш во ловењето на кадрите. Понекогаш, кога снимавме во куќата имаше толку многу скриени камери, што не знаевме со сигурност која е вклучена, па требаше да претпоставуваме. На некој начин се чувствував како да правиме театарска претстава.
>> Дали во филмот влегоа кадри што ги снимаше ти?
-Не сум сигурна колку од снименото влезе во финалната верзија, но момчињата од Radio Silence ми кажаа дека сум имала многу стабилна рака. Немав претходна обука за снимање. Практично ме фрлија во оган.
>> Очигледно во „Детето на злото“ има доста елементи од „Розмариното бебе“. Дали беше запознаена со култниот филм и дали при твојата изведба имаше влијание од улогата на Миа Фароу?
-Да, многу добро ми е познат тој филм. Намерно не го прегледав уште еднаш пред снимањето, бидејќи не сакав да ми се врти во глава. Што се однесува на влијанието на Миа Фароу, мислам дека во нејзе има нешто толку мило и очигледно дека во тој филм таа е жртвата. Во нашиот филм, пак, никогаш не гледав на Сам како на жртва на било што.
>> На кој начин сметаш дека „Детето на злото“ скршнува од приказната на „Розмариното бебе“?
-Динамиката на двојката е навистина поинаква, а многу е различен и стилот на кој што е снимен филмот. „Розмариното бебе“ не е типичен хорор филм, повеќе е псхихолошки трилер. Мислам дека „Детето на злото“ има многу повеќе шокантни моменти, но има и повеќе хумор, исто така.
>>Откако го помина ова искуство со Radio Silence, дали пак би работела со нив?
-Апсолутно. Би сакала да соработуваме повторно. Побарајте ме!
Нема коментари