• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
Култура 0

Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

Од stylist @StylistMKD · На април 24, 2026

1 (14)

По неколкумесечни подготовки, оригиналниот македонски мјузикл „Као Какао“ конечно ги доби своите премиерни датуми. Првите изведби ќе се одржат на 2 и 3 јуни во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:30 часот.

„Као Какао“ е мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски, автор чиј звук со децении е дел од музичката меморија на публиката. Во претставата се вклучени избрани композиции, кои добиваат нов живот преку аранжмани подготвени специјално за оваа продукција.

Станува збор за мелодрамска љубовна приказна сместена во седумдесеттите години, каде што љубовта и амбицијата се судираат со ограничувањата на времето. Во обидот да успеат и да останат свои, младите ликови се соочуваат со притисоците на средината, стереотипите и сопствените стравови. Музиката на Влатко Стефановски е вградена во самата драматургија – таа не ја следи приказната, туку ја движи, ја носи емоцијата и ги отвора внатрешните светови на ликовите. Преку новите аранжмани, познатите композиции стануваат дел од сценскиот јазик, создавајќи силна врска меѓу личната приказна и духот на времето.

Продуцент на проектот е „Баги комуникации“, во копродукција со Македонскиот народен театар.

-По подолг креативен процес, доаѓаме до моментот кога проектот конечно излегува пред публиката. Премиерните датуми се важна точка, не само како старт, туку како потврда дека создадовме дело во кое вложивме многу верба, енергија и посветеност. Веруваме дека публиката ќе препознае нешто свое во оваа приказна – велат продуцентите од Баги комуникации.

Текстот го напиша Венко Андоновски, а режијата е на Дејан Пројковски, кој истакнува дека пред тимот стои предизвик да се создаде дело што ќе комуницира и локално и регионално.

-Работиме на мјузикл кој ќе има свој јазик, своја емоција и свој идентитет. Нашата амбиција е да создадеме претстава што ќе ја задржи публиката, но и ќе отвори простор за нови сценски искуства кај нас. Предизвикот е да се најде точниот баланс меѓу емоцијата и формата и да се создаде театар што е жив, непосреден и искрен, а истовремено прецизно структуриран. Премиерата е само почеток на еден подолг живот на овој проект – вели Дејан Пројковски.

Аранжманите ги потпишува Бобан Мирковски, кореографијата е на Олга Панго, а сценографијата на Валентин Светозарев. Костимографијата е на Марија Пупучевска, додека вокален ментор е Ана Костадиновска. Асистент кореограф е Ирена Лозинска, а асистент костимограф Марија Ѓоргиевска.

Во мјузиклот настапуваат: Катерина Јовановиќ, Владимир Петровиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Јордан Симонов, Рубенс Муратовски, Тања Кочовска, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Григор Јовановски, Стефан Спасов, Антонио Ташковски, Наталија Теодосиева, Денис Абдула, Јована Спасиќ, Димитар Паскоски, Илин Јовановски, Тодор Стојковски, Бранко Михајловски, Ѓорге Нешковиќ, Анастасија Трајковска, Јована Миладинова, Анастасија Митровска и Леонида Гулевска.
Продажбата на влезниците ќе започне наскоро, а поради веќе големиот интерес, овозможен е ран пристап до билети преку формата достапна на социјалните профили на мјузиклот.

Проектот „Као Какао“ е реализиран со поддршка на Триглав Осигурување Македонија, Шпаркасе банка, Тиквеш, Виталија, Божиновски – часовници и накит, како и Министерството за култура и туризам.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Госпоѓа Бовари 3 (2) Култура

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

  • 1 Култура

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

  • 1 Култура

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics