• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
калеидоскоп, моден монитор 0

Интервју со Ann-Sofie Johansson, креативен советник во модниот бренд H&M

Од Катерина Трајановска · На август 16, 2022

Ann-Sofie Johansson, Creative Advisor H&M

Современа мода по одлични цени е главната идеја уште од самиот почеток на формирањето шведскиот моден гигант H&M Hennes & Mauritz AB (H&M) кој на 18 август ги отвора вратите на првата продавница на брендот во Северна Македонија, лоцирана во East Gate Mall во Скопје. Од мала продавница во шведскиот град Вестерас до глобален гигант со преку 5.000 продавници ширум светот, H&M веќе 75 години развива врвни модни приказни по достапни цени, дизајнерски колекции со најголемите светски креатори и стилски икони и бројни линии на облека и модни додатоци со акцент на концептот за самоодржливост, кои отсега ќе бидат понудени на пошироката македонска модна публика. Во пресрет на стартот на првата скопска продавница на H&M, Stylist.mk имаше извонредна чест да направи интервју со Ан-Софи Јохансон (Ann-Sofie Johansson), креативен советник во H&M.

Конечно му се придружуваме на модното семејство на H&M и деновиве во Скопје ќе се отвори првата продавница на овој глобален бренд. Колку време планиравте да влезете на пазарот во Северна Македонија и всушност, зошто решивте да влезете на овој пазар?

-Секаде во светот има место за нова H&M продавница! Разбирам дека чекањето изгледаше долго, но ние го имавме Скопје на ум уште одамна и сега конечно дојде денот кога можеме да ги отвориме вратите на првата продавница на H&M во вашата земја.

H&M

Како започна приказната на H&M? Брендот кој започна како мала продавница во Вастерас, Шведска, сега стана глобален моден гигант со преку 5.000 продавници ширум светот. Кажете ни нешто повеќе за тоа…

-Тоа е навистина долга приказна која не може да се раскаже во неколку реченици. Првата продавница се отвори во Вастерас во 1947 година, а потоа станавме големата глобална компанија која што сме денеска, нудејќи мода и квалитет по најдобра цена, на одржлив начин, што значи дека нудиме одлична облека за целото семејство: мажи, жени, деца и млади, со таа додадена вредност што голем дел од нашата облека е направена од материјали произведени на одржлив начин.

Можете ли да ни кажете нешто повеќе за темелите и за идентитетот на брендот? Како го дефинирате значењето на H&M во поглед на другите глобални модни брендови и на што го припишувате успехот?

-H&M се темели на нашата бизнис идеја: да понудиме современа мода по одлични цени, која се нема променето од самиот старт. Клучно за нашиот бренд се вредностите кои ги емитуваме, кои се како основа на сето она што нè води напред и кое ги насочува нашите одлуки. Да напоменам само една од вредностите на H&M: тимска работа. бидејќи во H&M ние сè правиме во тимови, што е всушност и нашата најголема моќ.

H&M (7)

Како ќе изгледа продавницата во Скопје во поглед на нејзиниот визуелен дизајн, но и како простор кој треба да комуницира со потрошувачите и да привлече повеќе љубители на модата внатре во неа?

-Немам целосни и детални информации за дизајнот на продавницата на H&M во Скопје, но како и со сите останати наши продавници во светот, таа ќе им понуди на купувачите инспиративно шопинг искуство, со многу нова и модерна облека, совети за тоа како да се стилизира сопствениот имиџ и како да се грижите за вашата облека, со цел таа да трае што подолго време.

Колку колекции годишно претставувате?

-Не ги броиме колекциите на тој начин. Покрај сезонските промени на колекциите, ние постојано нудиме нови парчиња во продавницата, но и помали специфични колекции или специјални колекции, како што се нашите Иновативни приказни, кои ги поместуваат границите на она што може да креирате со одржливи материјали или пак нашите добро познати соработки со познати дизајнери.

H&M (5)

Да, во минатото имате лансирано соработки со некои од најголемите имиња во светот на модата, како што се Версаче, Ланвин, Карл Лагерфелд, Роберто Кавали и уште многу други… Дали ќе продолжите со овие соработки и кој дизајнер би бил вашата „соработка од соништата“?

-Секогаш внимаваме што е свежо на пазарот за да можеме да ги изненадиме нашите потрошувачи со нови соработки, така што останете во тек со нас, бидејќи не се знае што може да смислиме во иднина. Почнавме да правиме и соработки со модни икони, како што беше последната со Ајрис Апфел, каде што базираме цела колекција на нечиј личен стил.

Колку луѓе работат во дизајнерскиот тим на H&M?

-Многу луѓе работат во креативните тимови во повеќе оддели во нашата компанија. Околу 500 луѓе се директно инволвирани во различни улоги, како џуниор дизајнери, графички дизајнери, продукт дизајнери и посениорски дизанјерски улоги. На тоа може да се додадат и нашите купувачи, производители на шаблони, како и луѓето кои работат со големини и фитинзи.

Модната индустрија разви репутација како еден од големите загадувачи, но H&M одлучи дека еден од своите најголемите предизвици ќе биде да цели кон самоодржливост, негување на еколошките принципи и дополнително да ја зголеми својата понуда на одржлива (циркуларна) мода. Кажете ни повеќе за вашите проекти кои се посветени на подигање на еко-свеста, водење самоодржлив животен стил и намалување на отпадот создаден во текот на производството?

-Постојат премногу иницијативи во склоп на одржливоста која ја споменавте, но би сакала посебно да ги истакнам нашите Иновативни приказни, капсула колекција на врвна мода која ги поместува границите на она што може да се направи со одржливи материјали. H&M Group постави високи цели: до 2030 година треба да користиме материјали добиени од поодржливи извори, а до 2040 година целиме да немаме воопшто штетни издувни гасови во производството.

H&M (3)

H&M ја отвора својата прва продавница во Скопје на 18 август, среде преодниот период помеѓу летните и есенските модни колекции. Па, кои колекции и за која сезона можеме да ги очекуваме во продавницата во Скопје?

-Потрошувачите треба да очекуваат продавница полна со интересна и стилска есенска мода, која ќе го надополни нивниот личен имиџ и ќе им помогне да бидат соодветно облечени како за последните летни денови, така и за потемните, поладни денови кои ги носи есента.

Кои се клучните модни трендови за есен-зима 2022/23?

-Подготвени сме да се облекуваме стилски за во канцеларија, за вечерно излегување, за есенски дружби со пријатели, па дури и за обични, секојдневни задачи кои ги вршиме. Ќе има многу специјално скроена облека, а уште еднаш мини здолништата се враќаат и се дел од повеќе различни комбинации. Тексасот останува „спасител“ на секој гардеробер, бидејќи може да се стилизира на огромен број начини. На вашата омилена комбинација, само додадете парче трикотажа и ставете ја јаготката на шлагот – паметно избрани бои кои ќе направат да блескате секојпат.

H&M (6)

Ann-Sofie JohanssonH&MАн-Софи Јохансонмоден брендпродавница
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079 моден монитор

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

  • 1 моден монитор

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics