• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Модната дизајнерка Искра Џокиќ Кецап пионер во AI-мода кај нас

Од Катерина Трајановска · На јануари 30, 2023

1 iskra

Во современиот свет вештачката интелигенција (AI – Artificial Intelligence) има широка употреба, а се користи и во модата, на пример во продажбата и купувањето онлајн, преку апликации кои служат како виртуелни пребарувачи и стилски водичи, но за модни фотосесии и  фоторафии генерирани со AI. Забележуваме дека AI веќе наоѓа примена и на домашната сцена, но се чини дека модната дизајнерка Искра Џокиќ Кецап е меѓу првите, ако не и првата, која што вклучува вештачка интелигенција во креирањето облека и модни дизајни, поточно своите идеи ги претвора во дигитализирани дизајни. Таа исто така е CLO 3D дизајнер и уметник со реализирани студии на Accademia Italiana и Тоkyo University of the Arts, со талент и искуство во модната индустрија, како и во полето на костимографија. Со Искра зборувавме на тема AI-Fashion, спојот на модата и технологијата, а за почеток ја прашавме како функционира AI во модата и што е мода направена со вештачка интелигенција.

2 iskra dzokic

Искра Џокиќ Кецап

-Иднината е сега. Како што сме сведоци на моментумот кој AI го завзема во другите сфери, така пред одредено време беше активирана и Midjourney,независна истражувачка лабораторија која ја произведе истоимената вештачка интелигенција за креирање на дизајни. Midjourney од вашите идеи, фантазии, па дури и вашите сништагенерира дигитални дизајни. Дизајнот се креира на начин што треба своите идеи да ги преточите во зборови и да ѝ ги пренесете на вештачката интелигенција, каде што таа визуелно ќе ја креира вашата замисла.

7

Она со што ти се занимаваш е дизајнирање на облека со AI, како се појави овој интерес за имплментирање на вештачка интелегинција во твојот креативен свет?

-Појавата на дигитално визуелизирање на модни дизајни е нешто што, веќе поодамна во светот е актуeлно и се развива во големи размери. Следејќи ги овие трендови, кои предизвикаа голем интерес кај мене, почнав да го истражувам овој дигитален свет, преку програми како CLO 3D и природно се заинтересирав за дизајни генерирани со помош на AI, кое за мене отвори нови димензии на креирање/дизајнирање.

1 (2)

Какви визуелни решенија создаваш/ креираш со помош на вештачка интелигенција? Како изгледа процесот на создавање модни креации со помош на AI?

-Дозволувам да ме води инспирацијата, креирам често носливи дизајни и аксесоари со впечатливи детали, но и поавангардни креации кои би можеле да бидат моден тренд во иднина, затоа што сакам да работам на иновативни решенија.

1

Во моментов во тек е еден светски натпревар за AI-fashion на кој и ти се пријави…

-Во моментов е во тек конкурс на dressx.com каде што учествуваат дизајнери од целиот свет. Би сакала уште да напоменам дека искуството од учеството во конкурсот е уникатно, бидејќи покрај тоа што ги гледате своите идеи како се претвараат во дигитализирани дизајни, можете да ја видите имагинацијата на голем број дизајнери од цел свет.

3

Дали оваа техногија ќе ги замени модните дизајнери? Кои се всушност предностите и недостатоците на AI во сегментот на модата?

-Интересно прашање кое што поставува многу дилеми со кои се среќаваат и уметници од други области, каде што се појави АI. Дали машината може да го замени човекот? Мое мислење е дека колку и да успева AI да ја долови мислата на креаторот на дизајнот, не може да го направи тоа како што е замислено од самиот него, туку може да понуди свои решенија и варијации на истите. Или како што вели насловот на една книга „Do androids dream of electric sheep?“, развојот на АI е неизбежен, но добрата страна е дека ова ги отвара можностите за секој да ги испроба своите дизајнерски способности. Сепак тој дизајн кога би сакале да го преточиме во реалниот свет, потребни се претходни знаења од моден дизајн, како и дигиталните алатки за креација како што е CLO 3D.

4

Сметаш ли дека вештачката интелигенција може да најде примена во македонската мода и индустрија?

-Веќе наоѓапримена, а мислам и дека допрва ќе се развива. Доколку  има некој заинтересиран, или има потреба од применана иновативни дизајнерски решенија со помош на AI, jас сум секогаш отворена за соработка. Секој може да стапи во контакт преку мојот Инстаграм профил the_walking_dressed.

6

Работиш и со 3D технологија, која е разликата во креирање со AI и 3D?

-За да сето она искреирано со помош на AI се пренесе во реалниот свет и да се изреализира за да биде носливо, 3D алатките овозможуваат да се измоделира и визуелизира дизајнот. Оваа програма и во принцип бара познавање на материјали, шиење и конструкција на облека и е многу прецизна. Но исто така, нуди фантастични алатки за визуелизација и тука би сакала да спомнам дека сум инструктор за онлајн програмата Визуелизација во CLO,за која не е потребно претходно познавање на софтверот,и сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк: http://fashion-freelancer.mk/napredni-obuki-i-masterklasovi/. Исто така можете да изберете и од големиот избор на програми кои се нудат на истиот линк.

A

Каде можеме да ги видиме твоите AI и 3D креации?

-За креациите како и за новости, заследете ме на Инстаграм профилот: the_walking_dressed.


View this post on Instagram

A post shared by @the_walking_dressed

Колку помагаат овие технологии во изведувањето на „физички“ модни парчиња кои подоцна ќе можеме да и носиме? 

-3D софтверот помага во брзо и едноставно креирање и визуелизација на дигитални прототипи, кои се во склад со најновите стандарди за одржливост во областа на модата. Опциите се неограничени кога станува збор за модификации на еден прототип, а исто така значително го скратува потребното време за изработка за истите.

C

После дипломата на Accademia Italiana школувањето го продолжи во Токио,  како го доживеа престојот во Јапонија и колку влијаеше на твојот креативен израз и стил?

-Истражувачкиот дух ме однесе дури до Токио каде што со стипендија доделена од jапонската влада ги истражував jапонските традиционални текстилни уметности на TokyoUniversity of the Arts. Нивната посветеност во обид да го достигнат совршеното, не само што им е дел од секојдневието, туку особено се чувствува во работната средина. Додека учествував како практикант на Amazon Fashion Week Tokyo,запознав луѓе од целиот моден свет и имав можност да ги видам ревиите на проминентни jапонски модни дизајнери. Она кое го научив и доживеав таму, како и целата таа естетика доведена до совршенство, остави трага врз мојот развој како дизајнер и уметник.

5

8

D

E

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2 моден монитор

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

  • 1fwsk моден монитор

    Петтиот ден на FWSK31: Од булинг до убавина, модата како јазик на промена

  • 1 Irina Tosheva workshop моден монитор

    Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1stefanija

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

    ноември 13, 2025
  • Фестивал на чај

    Од 14 ноември „Фестивал на чај“ под слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“ во Скопје сити мол

    ноември 12, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 2

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

    ноември 6, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics