• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
музика 0

ПАВЛЕ КАМИЛОСКИ: Обожавам да интерпретирам музика која има тежина, душа и која предизвикува емоција

Од stylist @StylistMKD · На септември 12, 2019

pavle kamiloski (4)

Во пресрет на петтото јубилејно издание на „Мала Италија патува” разговараме со Павле Камилоски, изведувач, уметник и иницијатор на Мала Италија патува, за она што ќе следи вечерта на 18 септември на Плато Мајка Тереза, пред Филхармонија. Камилоски раскажува како се подготвува за концертот, што му е поттик и мотивација и кои емотивни изведби да ги очекуваме.

Оваа година се одржува 5-то јубилејно издание на „Мала Италија патува”, како течат подготовките за овој концерт, дали може да ни откриете нешто повеќе за самиот настан?

-Секоја година, обврските и посветеноста околу самата организација се повеќе се зголемуваат, бидејќи од година во година Мала Италија расте и се развива. Големи проекти, уште поголеми обврски и подготовки. Самиот факт дека концертот ќе се организира под отворено небо на платото Мајка Тереза, бара голема инволвираност од страна на технички лица, голема логистика, поставување голем број столчиња итн. И покрај двојно зголемената организација, искуството ни покажа дека, да се приреди концерт под ѕвездите и на една од поубавите локации во Скопје е незаменливо доживување со посебна магија и неодолив шарм.

pavle kamiloski (7)

Што може да очекува вашата публика од годинешното издание на „Мала Италија патува”, дали ќе има некои новитети или можеби промени во репертоарот?

-Неизмерно сум и благодарен на публиката која секоја година ме поддржува и е во се поголем број, исто така особено сум благодарен на сите спонзори и поддржувачи кои на кој било начин даваат свој инпут и придонес за Мала Италија. Токму поради нив на пат е да се случи петтата „Мала Италија патува” која ќе биде поразлична од сите останати. Оркестарот ќе биде во скратен состав кој ќе брои единаесет исклучително талентирани музичари. Овој пат ќе има доста освежување на репертоарот, и покрај италијанските канцони и француски шансони кои се изработени во нови аранжмани и прилагодени за новиот музички состав, голем дел од останатите песни ќе бидат за првпат интерпретирани, со тоа што публиката ќе има можност да ги слушне неповторливите евергрини на Frank Sinatra, Dean Martin, Nat King Cole, Tom Jones, Elvis Presley.

pavle kamiloski (2)

Како изгледаат подготовките на Павле пред настап?

Секогаш, на секоја проба ја визуализирам и замислувам публиката, публиката е мојот главен мотиватор и предизвик. Пред секој настап, без исклучок, каков и да е, каде и да е и колкав и да е, одговорноста и посветеноста е иста. Што се однесува до подготовките  практикувам секојдневни кондициски вежби, вежби на вокалот, вежби со пијано не само пред настап туку и во текот на целата година, бидејќи гласот е жив инструмент кој има потреба од дисциплина, посветеност и секојдневна работа.

pavle kamiloski (6)

Каков вид песни пее Павле и во кој вид музика најмногу се пронаоѓа?

-Обожавам да интерпретирам музика која има тежина, душа, која е темелна, која знае да предизвика емоција, тоа се сите евергрини кои веќе ги напоменав.

Имате ли омилена песна, без која не ви поминува ниеден настап?

-Сепак публиката ќе препознае која е моја омилена изведба и без која ни еден концерт не поминува…

pavle kamiloski (5)

Кога би требало да издвоите еден ваш концерт како омилен, тоа би бил…

-Не би можел да издвојам еден омилен концерт , бидејќи низ годините секој концерт ми носеше различно и посебно искуство и секоја година со различна динамика во која комплетно се предавав и целосно уживав.

Кои се вашите планови за во иднина?

-Покрај музиката која ја интерпретирам, размислувам и посакувам моја авторска песна која ќе го одбележи ова мое петгодишно музичко искуство.

pavle kamiloski (9)

евергринконцертМала Италија патувамузикаПавле Камилоски
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • pmg музика

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

  • milko музика

    Инди-рок бендот „Милко“ се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник”

  • ptd 5th anniversary музика

    „ПМГ Танц Дигитал“ одбележува 5 години постоење

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics