• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

„Исцелител“ на Ставрески прогласен за најдобар меѓународен филм на фестивалот во Санта Барбара

Од stylist @StylistMKD · На февруари 11, 2018

iscelitel

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е добитник на награда за најдобар филм на престижниот филмски фестивал во Санта Барбара, Калифорнија во Соединетите aмерикански држави. Филмот се натпреваруваше во интернационалната селекција заедно со уште 11 филма меѓу кои и: номинираниот за Златна палма на Кан минатата година,францускиот „Двоен љубовник“, добитникот на специјална награда на венецискиот филмски фестивал, францускиот „Редот на нештата“ и номинираниот за најдобар филм на Карлови Вари, косовскиот „Непожелен“.

„Ви благодарам Санта Барбара за прекрасната награда. Ми претставува огромна чест што името на нашиот филм е таму заедно со наградените актери и познатите филмски автори. Но и покрај сите ваши обиди, сепак не можам да ви го кажам рецептот за исцелителниот колач“ – шеговито изјави режисерот Ѓорче Ставрески по повод доделувањето на наградата.

Фестивалот во Санта Барбара го посетуваат најголемите и најактуелни холивудски, но и светски филмски ѕвезди и автори кои добиваат признанија за својата работа. Оваа година, покрај Сем Роквел, Сирше Ронан,Марго РобииАлисон Џени, со специјални награди се закитија и Кристофер Нолан, Грета Гервиг, Гиљермо дел Торо, Џордан Пил, Пол Томас Андерсон, и други, а еден од презентерите беше ѕвездата на филмот „Викај ме по твоето име“ – Тимоти Шаламе.

Проекцијата во Санта Барбара беше воедно и американска премиера на „Исцелител“. На фестивалот имаше вкупно три проекции сите проследени со огромен интерес од публиката. Во 33 годишното постоење на фестивалот во Санта Барбара, ова е прв македонски филм, добитник на награда.

Филмот од својата премиера до сега, за само три месеци, освои три награди и учествуваше на 7 меѓународни фестивали. „Исцелител“ минатата недела ја имаше својата премиера во Кичево во домот на култура, Кочо Рацин. Филмот веќе единаесета седмица се прикажува во кината во Скопје, а досега имаше и проекции во Битола, Штип и Кочани. Во Македонија досега го погледнаа повеќе од 11,000 гледачи.

Главните улоги во филмот „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје.

Ѓорче Ставрескимакедонски филмСанта Барбарафилмфилмски фестивалФилмски фестивал во Санта Барбара„Исцелител”
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • megalopolis филм

    Програма на јубилеи во месец октомври во Кинотека

  • ??????????????????????????? филм

    Свечено доделување на „Златниот објектив” на Столе Попов

  • VREME NA BETON филм

    Премиера на документарниот филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics