• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
дизајн-декор 0

Design is FUN: Изложба на дизајнерски мебел и украси за домот во „Концепт 37“

Од stylist @StylistMKD · На ноември 14, 2014

design is fun

Младите архитектки: Елена Мартиновска, Ема Николова, Андријана Тилиќ и Марија Павловска од 20 до 27 ноември ќе ги изложат своите уникатни украси за домот и мебел во скопското арт-кафе „Концепт37“. Идејата за постановката наречена Design is FUN произлегла од долгогодишното пријателство на четирите архитектки. Другарството на овие млади креативки, кое трае уште од студентски денови, е исполнето со размена на креативни идеи кои произлегуваат од работата во различни области на архитектурата.

Design is FUN! е настан на којшто ќе се промовираат нови дизајни на мебел, уреди за осветлување, колажи и фотографии од веќе изведени ентериери на архитектките. Моделите промовирани на Design is FUN! им нудат на љубителите на дизајнот неограничени можности за игра со геометриски форми и бои. Главната цел на овој настан е да се промовира македонскиот дизајн на локално и на интернационално ниво преку интернет, а очекуваниот ефект е од колекциите да излезе сериско производство со етаблирани етикети и имиња препознатливи за авторките. Изложбата, која почнува на 20 ноември во 20 часот е продажна, а производите ќе може да се нарачуваат и по каталог. Исто така, дел од колекциите ќе може да се најдат и во македонските продавници за мебел и за осветлување, со цел освен увезените дизајнерски парчиња од странски производители да се понуди и дизајн креиран и реализиран во Македонија.

metatet

Елена Мартиновска ги претстави своите амбиентални ламби Single Couples на Неделата на дизајнот

Елена Мартиновска е основач на студиото за дизајн и за архитектура „Метатет“, коешто постои од 2012 година. При секојдневната работа од областа на архитектурата и на внатрешното уредување придава особено значење на осветлувањето.  Првата колекција дрвени амбиентални ламби Dancing lights ја има изложено во 2012 година на Неделата на дизајнот и на Бела ноќ. Новата колекција амбиентални ламби Single Couples беше најавена на овогодишната Недела на дизајнот со два модела, а колекцијата во целост првпат ќе биде изложена на Design is FUN!

Концептот е секој од десетте модели да биде делив на два дела. Сите модели се изработени од плексиглас во две контрасни бои, со нестандардни кабли, исто така, во боја, за да се симболизира спротивноста на машкиот и на женскиот пол.

ema

Ема Николова стои зад етикетата „Сино студио“

Ема Николова е основач на студиото за архитектура и за дизајн „Синo студио“. Првата самостојна изложба ја имаше на овогодишната Недела на дизајнот во Скопје со колекцијата мебел {trikoN}. Втората колекција {trikon} white беше претставена во склоп на Скопската модна недела. На Design is FUN! се претстaвува со селектирани парчиња од колекцијата {trikoN}. Мебелот е изработен од боен метал, полно дрво и фурнир. Освен дизајнирање уникатни парчиња мебел, учествуваше и во создавањето на дел од Single Couples.

andrijanatilic1

Андријана Тилиќ ќе изложи три селектирани дизајни на клуб-маси со плочи од фурнир

Андријана Тилиќ на Design is FUN! изложува три селектирани дизајни на клуб-маси со плочи од фурнир, стакло или медијапан, со специфичен дизајн на ногарки од инокс. Овие модели нудат неограничени можности на игра со бои, материјали и со модели. Освен со архитектура, професионално се занимава и со фотографирање архитектонски простори. Како професионалец во двете области, има изразен осет за контраст, сенка, форма, димензија, боја, композиција, што ѝ придава особен акцент како фотограф на ентериери.

marija garden1

Марија Павловска под брендот „Garden MP“ креира уникатни украси, подароци и честитки

Марија Павловска од 2008 година го гради препознатливиот бренд „Garden MP“, кој е еден од најуникатните креатори на украси, подароци и на честитки. Најчесто ја работи техниката квилинг, меѓутоа сака да комбинира и да истражува различни техники на изразување на дизајнот. Често декорира и простории за разни свечености. Дизајнира и изработува и разновидни елементи за сценографии за реклмни кампањи и други потреби. На Design is FUN! се претставува со две слики изработени во колаж, конкавна и конвексна.

Design is FUNАндријана Тилиќдизајн на мебелЕлена МартиновскаЕма НиколоваКонцепт 37Марија ПавловскаМетатет„Garden MP“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ??? дизајн-декор

    Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

  • Otvoren povik_Expo zone_Skopje Design Week дизајн-декор

    Орворен повик за учество во Експо зоната на Skopje Design Week

  • ???????????????? дизајн-декор

    Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март под мотото „Освежи го својот дом“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 Irina Tosheva workshop

    Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • mugler6

    Грациозната Џоја во светска кампања за L’Oréal x Mugler

    октомври 13, 2025
  • ????????????????????

    Модата како јазик на промените – Моден викенд почнува на 29 октомври

    октомври 9, 2025
  • ???????????????????????????

    Во Штип ќе се одржи модниот настан Shtip Fashion Days 2025

    октомври 7, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025

Култура

  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics