• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Од stylist @StylistMKD · На април 3, 2024

????????????????????????

На 4 април (четврток) во 19.30 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“. Куратори се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

Изложбата е дел одбележувањето на шесетгодишнината од основањето МСУ – Скопје кое ќе продолжи во текот на целата 2024 година со повеќе значајни настани, изложби и предавања, работилници.

Поставката проследува хронологија на настаните почнувајќи од 1963 година како нулта точка, преку формирањето на институцијата во 1964 година, изградбата и отворањето на Музејот во 1970 година, па до најактуелните изложби како меѓународната изложба „Сѐ што ни е заедничко“ и самостојните изложби на светски уметници. Таа е обид, преку мапирање на бројните настани и нивниот визуелен комуникациски аспект да се даде поттик во размислувањата за важноста на МСУ-Скопје во процесот на проектирање и оформување на сликата за современоста.

На изложбата покрај прегледот на визуелниот и документарен материјал, плакати, публикации, ќе биде претставен избор од делата од колекцијата на МСУ-Скопје, меѓу кои оние на Марино Тартаља, Ханс Хартунг, Александар Калдер, Петар Лубарда, Душан Оташевиќ, Петар Хаџи Бошков, Јордан Грабул, Анета Светиева, Малгоржата Потоцка, Јован Шумковски, Христина Иваноска, Что Делат…

-Во услови кога светот се соочува со драматичен развој, во современост во која постои опасност знаењето да се отфрла за сметка на вештините, а создавањето да биде засенето од сеопшта деструкција, не смееме да заборавиме на исклучителната важност на свесноста за историјата. Тоа е и одбрана на идејата за дејствување во едно широко компаративно поле на постојано критичко преиспитување на методите и критериумите, неопходно за ориентирањето во сегашноста и проектирањето на иднината. Веројатно затоа е неизбежно да се навраќаме на најбазичните прашања, за институционалната форма и општествената улога на културата, за архивите и документите наспроти фикционализација на стварноста. Во годината кога се одбележува шеесетгодишнината од формирањето на Музејот, една од најзначајните национални институции во областа на културата и препознатлив симбол на светската солидарност, се обидуваме да ги лоцираме значајните координати на еден сон кој стана опиплива реалност на еден процес на континуирано проектирање на современоста – велат кураторите Јанчевски и Варошанец.

msu

Годинашниот јубилеј одново нѐ потсетува дека Музејот преку заложбите и напорите на иницијативниот одбор, и секако првиот директор Проф. д-р Борис Петковски (1964-1976) и Соња Абаџиева Димитрова (1977-1984) станува важен дел од локалната и глобалната културната историја, а следните генерации продолжуваат во изградбата на траен споменик на творештвото на над 1900 уметници – донатори од 70 земји од светот, кои по земјотресот од 26 јули 1963 година со своите донации на уметнички дела и со чинот на солидарноста, го почестија градот Скопје и граѓаните на целата земја.

Во текот на својата историја, стручниот тим на МСУ-Скопје, посветено работел на чување, заштитa, презентација и проучување на сите тие бројни донации на уметнички дела, на целата документација поврзана со нив, но и на историскиот контекст, создавајќи ја историографијата на современата уметност која резултира со богата и вредна библиографија.
Примарната цел на музејот, е и да поттикнува и презентира најнови современи уметнички тенденции, а притоа историјата на сите овие напори е неразделно врзана со развојот на музеологијата, графичкиот и изложбениот дизајн, или најопшто сфатени како важни сегменти во мултидимензионалната историја на визуелната култура.

За тоа, покрај исклучителното значење на уметниците и кураторите, заслужни се бројни автори кои придонеле во дефинирање на визуелниот идентитет на МСУ-Скопје како Драгутин Аврамовски-Гуте, Димитар Малиданов, Стефан Георгиевски, Јован Шумковски, Ладислав Цветковски, Михајло Мотески, Илиана Петрушевска, Неда Фирфова, Приватен Принт, Ариане Шпаниер и др.
Низ богатата изложбена историја на Музејот која опфаќа стотици самостојни и групни изложби на домашни и странски уметници, неизоставен дел се изложбите „Млада генерација“ од 1967 година кои прераснуваат во „Биеналето на Младите (1987-денес), потоа едукативната и филмската програма, богатата издавачка дејност, која опфаќа монографски публикации, како и списанието за современа уметност, култура и теорија, од првиот до најновиот број.

Изложбата ќе биде отворена до 21 мај годинава.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2indog културен водич

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics