• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
уметност 0

Горан Костовски – Ind.o.g: Изложбата „Емигрирани во слобода“ ги критикува едноумието и дискриминацијата

Од stylist @StylistMKD · На јуни 2, 2016

Photo by www.kuzevski.net

Визуелниот уметник и графички дизајнер Горан Костовски – Ind.o.g на 4 јуни (сабота) со почеток од 12 до 20 часот  кај склуптурата Јас и Ти во Дебар Маало ќе ја постави изложбата „Celebrate Life / Емигрирани во слобода“. Инспирација за изложбата на Ind.o.g, кој стои зад етикетата Celebrate Life, било сè почестото и помасовно иселување на млади интелектуалци од нашата земја.
- Последниве години сведочат како луѓето, кои имаат сопствен став и се разликуваат од околината се осудени на отфрлање– и затоа емигрираат. Изложбата ги критикува едноумието и дискриминацијата кои го запоседнуват нашето секојдневие. „Емигрирани во слобода” се птици, цртани со акрил на картонски отпадоци пронајдени на улиците низ Скопје. Секоја од нив го третира чувството на отфрленост на луѓето во својата средина и отфрлањето на истата со цел подобра иднина. Репресијата е пресликана во една поинаква варијанта, коментирајќи го и нашиот елементарен недостаток на грижа за животната средина – преку птици кои се симбол на слободата, човековите права, родовата еднаквост и надежта-вели Костовски.
На самата изложба ќе биде поставена кутија за донации и посетителите ќе можат да донираат и како благодарност да добијат дел од новата колекција на „Celebrate Life / Емигрирани во слобода“- маици, беџови и налепници . Дел од собраните средства ќе бидат донирани за одредени иницијативи за помош на бездомните животни. На самиот настан ќе можеме да уживаме во музиката на локални диџеи.
Изложбата е дел од програмата Културни приказни на Делегацијата на Европската Унија. По отворањето,од 6 до 17 јуни постановката ќе може да се погледне во просториите на ЕУ инфо центарот во Скопје. Просторот за отворање на изложбата, пак,  е обезбеден во соработка со Општината центар.

 

web_flayer (1)
Брендот Celebrate Life е основан во 2012 година како платформа за дизајнирање на unisex облека и разни дизајнерски предмети пред неколку години веројатно во најтешките мигови на нашето општество.Покрај практичниот аспект, платформата има и философија зад себе – да се избегне мрачната и неподнослива состојба во секојдневието и да се потсетат луѓето на моментите кога танцуваат и ги слават убавите нешта.
- Луѓето престанаа да се смеат. Заборавија на животот и радоста. Агресија, гнев и омраза насекаде и непрепознавање на средината ме доведе до стадиум да размислувам и најдам нов начин на изразување. Впрочем бедата кај мене се пренасочи во продуктивност. Своевиден потсетник за луѓето што повеќе да се радуваат бидејки навистина е бесцелно да се троши енергија и време на грди работи. Celebrate Life е за моментите кога танцуваме и славиме убави нешта-вели ind.o.g.
Стилски различни, но оптимистични концептот Celebrate Life имаше за цел од првата продукција на маици дел од средствата собрани од продажбата беа наменети за бездомните животни и за луѓе на кои им треба некаква помош.
Иако секоја колекција со себе носи разни позитивни промени во општеството како возењето на точак, исчезнувањето на ноќниот живот во главниот град и појавувањето на новите музички предизвици, погледнувањето длабоко во себе да се пронајдеме кои сме и што сме, човековите права и родовата еднаквост, медитациите, вегетаријанството и здравиот начин на живот, чистиот воздух и уништувањето на животната средина тие секогаш се представени на убав начин кој што има за цел да им ги доближи овие прашања на луѓето наоколу.

indog-682x1024

Горан Костовски – ind.o.g е арт директорт, дизајнер и видеоуметник роден во 1983 година во Скопје. Свое дело првпат изложил во 1998 година, а оттогаш до денес учествувал во низа самостојни и групни презентации, како и видеоперформанси. Изложувал во Скопје, Париз, Амстердам, Берлин, Цеље. Во 2010 година беше одговорен за визуелизациите на гала-отворањето на јубилејното 50 издание на фестивалот „Охридско лето”. Во 2007 година во галеријата „Точка”, во рамки на фестивалот за урбани уметности “Kонструктор”, ја имаше изложбата на графички дизајни и видеоарт насловена Human Communication. Во претходните години своите дела ги претстави и во Младинскиот културен центар, во Мала станица, а на фестивалот “Кока кола саундвејв” во 2005 година одржа перформанс со цртање во живо. Неговото творештво беше дел и од низа групни изложби во рамки на фестивали и проекти како „Родовод” (2007), „Армитраж” (2006)иNew Planet 2006.
Во неговите дела најчесто се употребувани случките кои што го опкружуваат или што некогаш се случиле и оставиле силен печат врз него: Скопската Tech House ера, Пролетта, Зајдисонцата, Вистината, Луѓето, Сонување, Вистинските пријателства, Гушкањата, Љубов, Планини, Долги возења, Авангарда, Старомодност, Уличен живот, Звуци, Иновативни ликови, Црно бели фотографии, Архитектурата, Шарени мемории, Видео, Слушање вистински приказни од луѓе, Човековите права и слободи, DIY, Цртани филмови, Животните, Јогата, Трчањето, Шетање со музика, Пишување SMS и Email, Концерти, Плоштади, Згради, Веганство, Радио, Диско, Интернет, Винил, Mp3, The Club… Вљубеник во својата работа со која што секогаш презентира препознатлив уникатен стил. Досега има соработувано со многу корпорации, музичари, dj-и каде што покрај визуелниот идентитет бил вклучен и во пр активности за одредени брендови.Ind.o.g живее и работи во Скопје.

Celebrate lifeCelebrate Life / Емигрирани во СлободаInd.o.gГоран Костовски- IndOgЕмигрирани во Слобода
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ПОЗИВ уметност

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

  • msu уметност

    „МСУ – Скопје ремек дела за сите“, единствен македонски проект избран од „Фондот за културно наследство Хедли за Југоисточна Европа“

  • Prague-1 уметност

    По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” се отвора во Прага

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics